• Latest

Да, има излез!

October 27, 2019
Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/Фејсбук

ЦИВИЛ прашува – Лукоил, МНР и Економија молчат

September 10, 2025
Фото: А. Петровска / ЦИВИЛ

Љубчо Георгиевски: Патриоти сме кога Албанците или Бугарите треба да стават споменик, а за спомен плоча на докажан асимилатор – српски четник – нема проблем

September 10, 2025

Првиот полицаец по стапките на првиот човек на правдата

September 10, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Институционалната криза во Косово продолжува; Сомнежи за масовна гробница во депонија кај Нови Пазар; Нетранспарентните договори на консултантските услуги во Албанија се нелегални

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Германија и Франција бараат санкции за Лукоил – што со подружниците во регионот

September 10, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Кога вистината станува релативна, пропагандата победува

September 10, 2025
Избори во Молдавија, 2021 година (фото извор: OSCE Parliamentary Assembly from Copenhagen, Denmark, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons)

Русија ги засилува напорите за дезинформации додека Трамп се откажува од отпорот

September 10, 2025
Campaign illustration, source- Ukraine solidarity campaign

Фон дер Лајен: Секое киднапирано дете од Украина мора да биде вратено

September 10, 2025
Фото: МИА архива

Над 630 српски лекари во отворено писмо до властите: Репресијата зачекори во срцето на здравствениот систем, ја урна границата на цивилизацијата кон варварство

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Да, има излез!

Сега имаме две опции кои дури може да се соединуваат во една заедничка корисна комплементарна опција. Првата е западнобалканскиот заеднички пазар на сите шест земји (пазар од 20 милиони луѓе). Второто е уште поатрактивно, ако се комбинира со првото. Тоа е предполитичката интеграција на државите од западен Балкан во Европската економска зона - ЕЕА (European Economic Area).

October 27, 2019 15:30
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МЕРСЕЛ БИЉАЛИ

Грешиме ако француското блокирање на одлуката за преговори го третираме како инстант потреба на Макрони, само за внатрешна употреба. Таквото вето веќе не спаѓа во доменот на политиката (било тоа и внатрешна), ниту на елементарната логика, тука на своевиден личен авантуризам. Ниеден параметар не го оправдува тоа, освен желбата да станете Бог, а не заслужувате да сте човек. Оттука, не треба да се залажуваме дека наредниве месеци ќе има некаков брзоплетен излез во полза на преговорите. Ветото на Макрон е прилично разочарувачка и доаѓа во тешко време, не само за Северна Македонија и Албанија, туку и за регионот како целина, вклучително и за Србија. Макрон бара прво „продлабочување“ потоа „проширување“, работа која за секого е јасно дека може да потрае многу, многу години, а црни облаци веќе кружат над Балканот. Тука и капка омраза може да отруе море од разум. Макрон скоро директно вели – без оглед на вашите скапи вложувања во кредибилитет, Франција не ве сака во Унијата! Јасно кажа – членството не треба да биде единствената опција за западниот Балкан! Појасно – здравје, освен ако сте вложиле повеќе во стомак отколку во глава.

Тука се бескорисни утешните изјави од Јункер за „големата историска грешка“ и дека тоа ќе било привремено. Или на Туск дека „се чувствува посрамен“. Или утехата на Џузепе Конте, дека пак ќе предложи преговорите за членство на овие две држави да се „рестартираат“. Во право е само Соломон Паси кој вели дека „Путин веројатно отворил флаша шампањ“ кога слушнал за одлуката. А од небото се гледа дека ако не се преземе нешто, во регионот видно ќе растат силите кои заземаат поинаков поглед за овдешните ориентации и приоритети. Од ЕУ имаме само убаво тапкање по раменици, а се помалку искреност. А кога сето тоа ќе се помеша со влијанието на криминалот во регионот, тогаш ќе добиеме хорор слика која од далечина ќе наликува на Макрон. Во Србија веќе „привремено“ ги имаме софистицираниот руски ракетен систем „С-400“ и „Панцир“, а и хеликоптерите Ми-35 и Ми-17. Јасно како ден е дека едни големи сили сакаат конфликт во регионот за да ги постигнат некои нивни важни цели, во некој постконфликтен пазар. Тоа неофицијално ни го кажа Мичел, а официјално Помпео.

Не се во право тие кои сметат дека опасност за Балканот нема. оти НАТО е многу присутна, сега и со Црна Гора и Северна Македонија. Блиското минато не учи дека доволно е во регионот да појавува некој нов Милошевиќ и сѐ да отиде по ѓаволите. А тоа при вакво европско понижување и игнорирање воопшто не е тешко. Факт е дека хибридните закани се сѐ поприсутни и тие ќе опстојат како такви, но овој пат се чини дека ако не се преземе нешто со помош на нашите пријатели, кристаломантијата не ни предвидува убава иднина.

СЕПАК, ИМА ИЗЛЕЗ

Не мислам дека е добро да продолжиме да се понижуваме молејќи за милост за старт на преговорите за полноправното членство во ЕУ. Тоа видно ќе ни ги ослаби позициите кои можеме да ги користиме за нешто многу покорисно. Ако инсистираме на тоа, веројатно за да се сочува образот на Макрон, ќе следи новата методологија за преговори која може да не оддалечи најмалку две до три години од одлуката за датумот за преговорите, плус десетина години преговори по новата методологија, а времето ќе не гази. Тука Мицкоски, наместо секоја загуба на државата да ја доживува како негов успех, треба длабоко да се извини за историските глупости на својот претходник Груевски, кој со својот фалс патриотизам и провокации кон Грција, пропушти да станеме полноправна членка во 2012 година, и тоа со референцата ПЈРМ. Тогаш имавме рамноправна позиција со Хрватска, a загубивме цели 20 златни години поради тој сегашен фејсбук-патриот!

Сега имаме две опции кои дури може да се соединуваат во една заедничка корисна комплементарна опција. Првата е западнобалканскиот заеднички пазар на сите шест земји (пазар од 20 милиони луѓе). Второто е уште поатрактивно, ако се комбинира со првото. Тоа е предполитичката интеграција на државите од западен Балкан во Европската економска зона – ЕЕА (European Economic Area). Тоа е скоро како полноправна членка во ЕУ пазарот по сите важни параметри, освен што не се учествува во органите и политичките институции на ЕУ. Таков статус сега имаат Норвешка и Исланд. Норвешка, чие население два пати со референдум го има одбиено членството вo EУ, сепак перфектно функционира во заедничкиот пазар.

Спогодбата за четирите слободи (луѓе, капитал, стоки, услуги), кој би бил склучен меѓу државите од западен Балкан, а и со ЕУ како целина, може видно да ја забрза динамиката на економскиот развој и зајакнувањето на конкурентските капацитети на овдешните компании. Би се отвориле многу нови работни места и видно би зајакнал животниот стандард. Во јавноста веќе проструи идеја за привилегирано партнерство, а германскиот експерт Гералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност, нуди малку поинаква опција која би и дала предност на економското интегрирање. Привилегираното партнерство од балканските држави би направил држави од втора категорија во клубот на ЕУ, додека членството во ЕЕА како заедничка економска зона, рамноправно би ги третирала овдешните земји како економски партнери. Државите селективно би добиле и помош од ЕУ во зависност од квалитетот на реформите што би ги правеле. Тука би се вклучиле и субвенциите, заштитата на потрошувачите, животната средина, статистиката итн.

Со тоа, овдешните реформи би добиле на динамика, без условувања и уцени, а по стабилизирањето на состојбите во самата Унија овдешните држави би можеле да ги започнат преговорите кои многу пократко би траеле, оти државите од регионот видно ќе напредувале во секоја област и тивко би се приближувале до стандардите на ЕУ. Тогаш преговорите би биле чиста формалност. Но, тука е важно првин овдешните држави да се координираат меѓу себе и да не се занесуваат дека се многу понапред со преговорите. Судејќи  по Макрон, Црногорците треба долги години да преспијат за да го сонуваат вистинскиот европски сон. Треба многу да се работи, оти кај нас операцијата делење е многу поизразена од операцијата множење.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ