• Latest

Штипскиот суд го објави соопштението за случајот со бегалецот Игор Спасов

October 30, 2019
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
Фото: Д. Мишев/ЦИВИЛ Медиа

Вајц се надева дека по локалните избори ќе се направат потребните уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот

October 21, 2025

Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

October 21, 2025
Фотографија објавена од руските власти од она што тие го тврдат како последица од нападот со дронови во Ростовската област во текот на ноќта на 21 октомври 2025 година. Фото: Јуриј Сљусар/Телеграм

Масивен украински напад со дронови врз руските Брјанска и Ростовска област

October 21, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Втор круг во 33 општини, првиот круг ќе се повтори во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

October 21, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Штипскиот суд го објави соопштението за случајот со бегалецот Игор Спасов

Во соопштението се наведува дека вчера СВР Штип го известил судот оти располагаат со потврдени информации дека осудениот Игор Спасов не се наоѓа на територијата на РСМ, па бараат Изјава, согласно чл.564 ст.1 од ЗКП, со која судот изјавува дека во случај на пронаоѓање на лицето ќе побара негова екстрадиција, а ова потребно заради распишување на меѓународна потерница по осудениот.

October 30, 2019 16:02
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Штипскиот Основен суд попладнево се огласи преку соопштение за случајот со бегалецот Игор Спасов, кој од вчера се бара со меѓународна потерница за доиздржување на казната затвор. Спасов во 2011 година беше осуден за убиството на момчето Мартин Нешковски по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори. Во соопштението се наведуваат постапките, кои судот официјално ги почнал на 24 октомври.

-Основен суд Штип ја информира јавноста дека на ден 24.10.2019 година по редовен пат, по пошта, е примено писмено известување од КПД Идризово датирано од 21.10.2019 година, со кое се известува судот дека осудениот Игор Спасов не се јавил на доиздржување на казната затвор во таа установа, а на кое нешто бил обврзан согласно решението на ОС Штип ПК-6/19 од 31.07.2019 година. Од страна на судот, по приемот на известувањето, истото е обработено и е постапено веднаш, во законски предвидениот рок, и на 25.10.2019 година во претпладневните часови до МВР СВР Штип е доставена Наредба за спроведување на осудениот Игор Спасов на доиздржување на казната затвор во КПД Идризово, со назнака „Итно!“. Во ОС Штип од страна на СВР Штип на ден 28.10.2019 година е доставено известување дека осудениот не е достапен на органите на прогонот, по што веднаш, истиот ден, од страна на судијата за извршување на санкции на ОС Штип е доставена согласност за издавање на потерница до СВР Штип, која се однесува за распишување на потерница по осудениот на територијата на Република Северна Македонија, се вели во соопштението.

Се наведува дека вчера СВР Штип го известил судот оти располагаат со потврдени информации дека осудениот Игор Спасов не се наоѓа на територијата на РСМ, па бараат Изјава, согласно чл.564 ст.1 од ЗКП, со која судот изјавува дека во случај на пронаоѓање на лицето ќе побара негова екстрадиција, а ова потребно заради распишување на меѓународна потерница по осудениот. ОС Штип веднаш, истиот ден, до СВР Штип ја достави бараната изјава, по што е распишана и меѓународна потерница по осудениот Игор Спасов.

-Појаснуваме дека одлуките донесени од страна на судот во оваа постапка се донесени по претходно прибавено мислење од страна на ОЈО, како и врз основа на соодветна медицинска документација во оригинал издадена од стручни медицински лица, искази на вешти лица од областа на медицината и известување од установата каде осудениот издржувал казна затвор дека таков вид на лекување и медицински третман не се пружа во таа установа, се вели во соопштението на Основниот суд во Штип.

Во него најостро и најкатегорично се негираат наводите за некаква забрана за давање на изјави од страна на портпаролот на судот.

-Напротив, портпаролот последните неколку дена дава редовни изјави на секое барање од претставници на медиуми, но со цел за точност и прецизност во известувањето кое е од интерес на јавноста, а поради тоа што се утврдија непрецизност и неточности во одредени известувањa, се одлучи да се издаде ова соопштение достапно за целата јавност, се подвлекува во соопштението од Основниот суд во Штип објавено  на веб страницатa.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ