• Latest
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025 10:45
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ИЗБОРИ, ТОП 5
Фото: ВИ

Фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

За време на кампањата за локалните избори 2025 во Северна Македонија се забележа висок степен на говор на омраза и прекршување на изборниот молк, особено на социјалните мрежи. Кампањите се водеа со навреди, провокации и дезинформации, што го нарушува изборниот процес и влијае врз јавниот дискурс.

Ден пред главните избори (сабота) гласаа болни и изнемоштени лица на домашна адреса, лицата во притвор или затвор, како и оние сместени во домови за стари лица. Сите гласачки кутии – вклучувајќи ги и овие – се отвораат и броењето започнува по завршување на гласањето на изборниот ден (во недела), кога гласаат сите граѓани.

Меѓутоа, Фејсбук-страницата „Гевгелија денес“ објави лажна и манипулативна содржина, односно наводни резултати од гласањето на болни и изнемоштени лица во Гевгелија:

ВМРО – 177 гласови (89%), СДСМ – 19 гласови (10%), Левица – 1 глас (0,5%) и ЗНАМ – 1 глас (0,5%).

По завршување на гласањето на болни, изнемоштени лица, лица во притвор и во домови за стари лица, резултатите не се бројат веднаш и никој не може да знае кој колку добил сè до официјалното започнување на броењето на изборниот ден. Броењето започнува дури по завршување на гласањето на изборниот ден (во недела), кога се отвораат сите гласачки кутии истовремено.

Затоа, секоја информација или бројка што се објавува пред официјалното затворање на избирачките места се смета за дезинформација!

Покрај ваквите лажни вести, на социјалните мрежи се ширеше и говор на омраза, особено по етничка линија. Еден од коментарите на мрежата Х гласел:

„Дијаспората шиптарска за Чашка. Нашите од Велес не му се оди на гласање, епа чорба Македонска општина отиде на УЧК. П*** ви матер“, напиша корисникот „Командирот“.

Во Прилеп, за време на изборниот молк, бил отворен штаб на владејачката партија, а на социјалните мрежи кружеле коментари од типот:

„Можеш слободно да кажеш дека се вмрони од ВМРО. Не те пријавува никој“, објавил корисникот „Сплинтер“.

Порталот Народен глас, пак, во текот на изборниот молк објави непотврдена информација дека МВР привело неколку лица во Прилеп поради наводен поткуп за гласови, со наслов:

„БОМБА НА МВР: Таткото на градоначалникот на Кушево Томе Христовски лишен од слобода, неговиот татко вршел поткуп во прилепската ромска населба Тризла?!“

Поради ваквите прекршувања на изборниот молк во првиот круг од локалните избори 2025, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната 15-та седница одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ 24 Вести и ТВ Вистел.

Како што појаснуваат од Агенцијата, двете телевизии на 19 октомври, за време на изборниот молк, емитуваа изјави од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој е носител на функција во орган на власта. ТВ Вистел во два наврати емитувала прес-конференција на министерот, додека ТВ 24 Вести во вестите во 10 часот објавила негова изјава.

Извештаите од надзорот над изборното медиумско претставување на ТВ 24 Вести и ТВ Вистел се достапни на следните линкови: ТВ 24 Вести е достапен на линкот и ТВ Вистел е достапен на линкот.

Локалните избори 2025 покажаа дека дезинформациите, говорот на омраза и непочитувањето на изборниот молк, особено на социјалните мрежи, остануваат сериозен предизвик за демократскиот процес и медиумската етика во земјата.

Дехран Муратов во соработка со ТИМОТ НА ЦИВИЛ ЗА МОНИТОРИНГ НА ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (ЦХТМ)

Фото: ВИ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ