• Latest

Патник од автобусот на „Дурмо турс“: Возачот неколку пати зборуваше на телефон

October 31, 2019

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Патник од автобусот на „Дурмо турс“: Возачот неколку пати зборуваше на телефон

October 31, 2019 11:55
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Автобусот по тргнувањето од Скопје неколку пати запираше да земе патници, но по наплатната рампа кај село Глумово нагло сврте кон лево и без никакви знаци на кочење удри и ги проби заштитните огради без да го промени правецот. Возачот неколку пати разговарал на телефон, но правилно го држеше воланот цело време додека автобусот ги пробива заштитните огради“, изјави еден од повредените патници, на денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16, а 37 лица беа потешко повредени.

На прашање од обвинителството Љуљзим Далипи рече дека често патувал со „Дурмо турс“ и имал добро возење се до несреќата на 13 февруари. Тој посочи дека и претходно имал патувано со обвинетиот возач на автобусот.

„Во 16 часот се качив на автобуска станица Скопје. Седнав на првиот ред од десната страна на автобусот. До мене седеше еден од сега починатите. Автобусот беше полн. Најнормално се одвиваше возењето се до наплатната рампа кај село Глумово“, рече сведокот Далипи.

За време на патувањето рече дека не приметил ништо чудно во однесувањето на возачот, но дека, како што се сеќава возачот неколку пати зборувал на телефон.

„По наплатната станица ги затворив очите да одморам. По пет минути почувствував нагло вртење и во тој момент ги отворив очите и инстинктивно се задржав и видов дека нешто не е во ред. Автобусот веќе беше свртен и накосен на лево. Почна паника и викање. Возачот, како што се сеќавам, правилно го држеше воланот и седеше исправено. Потоа автобусот удри во првата заштитна ограда, потоа во втората и продолжи на другата лента на автопатот“, изјави сведокот.

Рече дека не приметил никакво забавување или кочење на автобусот.

„Не осетив кочење. Возачот исправен правилно го држеше воланот. Видов дека со рацете цврсто го држи воланот цело време додека автобусот ги пробива заштитните огради и друго нешто не видов. Автобусот се додека не удри во третата заштитна ограда не го промени правецот. Потоа ништо не се сеќавам. Бев легнат на грб и викав за помош“, изјави патникот.

На лекување во болница, рече сведокот, поминал околу 24 дена.

„Станува збор за 12 скршени ребра, внатрешно крварење и два скршени пршлени. Најавувам оштета што ќе ја барам во граѓанска постапка“, изјави повредениот патник.

На прашање од одбраната, патникот рече дека автобусот неколку пати запирал да собере патници и не се сеќава да чул возачот да се пожали на некаков проблем.

На денешното рочиште треба да бидат сослушани уште седум оштетени сведоци.

Случајот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци обвинети се шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.


извор МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ