• Latest
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025 10:41
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: МИА Архива

Фото: МИА Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Европската унија ја разгледува можноста идните членки да се приклучат кон блокот без целосни права за одлучување, вклучително и право на вето, со цел да се забрза процесот на проширување, дознава  Политико од дипломатски извори.

Предлогот, кој е сè уште во рана фаза и бара едногласно одобрување од сите 27 земји-членки, би им овозможил на новите држави да ги користат повеќето од придобивките од членството, а целосни права да добијат подоцна, откако ЕУ ќе спроведе клучни институционални реформи, вклучително и укинување на едногласното донесување одлуки во повеќето области.

Според овој предлог, земјите-кандидатки би можеле да станат членки под пофлексибилни услови, без потреба од измени во основачките договори на ЕУ, објаснуваат извори за бриселскиот портал.

Застапниците на проширувањето, вклучувајќи ги Австрија и Шведска, сакаат да ја искористат оваа иницијатива за да ги надминат блокадите што, велат, доаѓаат од Будимпешта и неколку други главни градови кои се плашат од губење на пазари или загрозување на националната безбедност.

„Идните членки треба да се откажат од своето право на вето сè додека не се спроведат реформски промени, како што е воведувањето на квалификувано мнозинство во донесувањето одлуки. Не смееме да дозволиме поединечните земји-членки да го забават проширувањето“, рече Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг.

Претходно, правилото беше дека проширувањето не може да биде можно без сеопфатна институционална реформа.

Сепак, обидите за укинување на правото на вето за постојните членки наидоа на отпор, не само од Унгарија, туку и од Франција и Холандија.

Хофрајтер наведува дека овој пристап би ѝ овозможил на Унијата да остане функционална дури и во проширен формат.

„Разговорите со претставниците на земјите од Западен Балкан покажуваат дека тие ја гледаат оваа идеја како конструктивна и реалистична“, додаде тој.

Овој потег, како што објаснува Политико, доаѓа во време на зголемена фрустрација кај земјите-кандидатки, кои веќе спроведоа значајни внатрешни реформи, но сè уште се соочуваат со неуспеси во процесот на пристапување.

„Хрватска беше последната што се приклучи на ЕУ пред повеќе од десет години, додека Велика Британија во меѓувреме ја напушти Унијата. Затоа верувам дека е време да се оживее овој процес“, изјави претходно црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ за „Политико“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го стави проширувањето во центарот на својата агенда, најавувајќи го можниот влез на Украина и Молдавија до 2030 година, но членките на ЕУ засега одбиваат да ги забрзаат процедурите.

Претходниот обид на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, да го забрза проширувањето беше одбиен од неколку земји-членки, потсетува Политико.

В среда во Лондон ќе се одржи самит како дел од „Берлинскиот процес“, каде што лидерите на ЕУ ќе разговараат за понатамошната интеграција на регионот во ЕУ со претставници на Западен Балкан.

Според извори од ЕУ, Комисијата би можела да предложи продолжување на преговорите со кандидатите дури и без формална согласност од сите членки за секој чекор, со што би се избегнала можноста за вето, особено од Будимпешта.

Во нацрт-заклучоците за самитот на лидерите на ЕУ во Брисел во четвртокот, проширувањето дури и не беше споменато, што предизвика негодување кај земјите што го поддржуваат процесо, пишува Политико.

„Доколку ЕУ не ги забрза реформите и проширувањето, ризикува да ја изгуби својата стратешка предност во корист на трети страни кои веќе ја чекаат својата можност“, изјави Клаудија Плаколм, министерка за европски прашања на Австрија, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ