• Latest
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Вистини

June 28, 2026 13:38
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Оливер Андонов

Вистината е една, се останато се верзии! Но вистината когаш-тогаш ќе мора да ја видиме, да ја осознаеме или да ја почувствуваме. Животот во лага, а особено во самозалажување е сладок, но откако ќе излезе на виделина вистината – реалноста, тогаш настануваат трауми. Трауми кои се лични, а многу почесто и колективни. Трауми од чии последици ќе треба да се ослободуваат генерации Македонци. Оние кои ја осознаа вистината многу побргу, и решија да не ја чекаат колективната катарза, или заминаа од државата или одлучија да се борат за вистината. Впрочем таков е примерот на поддржувачите на Внатрепартиската фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ. Ние одлучивме да се бориме за вистината игнорирајќи ги верзиите на Мицкоски како искажувања и постапки на некој полусвет, полусвет најпрво во нашата партија ВМРО-ДПМНЕ а потоа со силни импликации врз целото македонско општество. Таа борба е тешка, несомнено кога инструментите на манипулации се во неговите раце, а и инструментите на моќ потпирајќи се на државните ресурси. При тоа тие инструменти се користат безмилосно токму против македонските граѓани, против оние кои доколку ја осознаат вистината (без разлика дали имаат храброст за тоа или при разни лични околности се натерани тоа да го видат), како свесни битија би требало да имаат и соодветна реакција. Секако, таа реакција во Македонија тешко оди како граѓанска активност на искажување револт против власта (тоа е тоа кога ќе не наречат „македонЧЕ“), реакцијата е на избори зад параванот, како искажување на ПРОТИВ а не како искажување на тоа што се сака, не како јасен поглед на осознавање и тенденција кон иднината, за нас онаа европската.

За разлика од нас, Бугарите имаат повеќе чувство за осознавање на вистината и креирање на иднината. Не дека се совршени, далеку од тоа, на многу начини го гледаме и нивното препелкање, и таму има различни верзии, но барем има доволно граѓанска критична маса која ќе повика на протести и тоа само на неполни два месеци од доаѓањето на Радев на власт како премиер. Доколку ги прашате кај нас во Македонија, ќе ви кажат дека Радев ќе владее уште два мандати. Тоа нашиве божем аналитичари ја пресликуваат македонската општествена состојба врз онаа во Бугарија заборавајќи дека Бугарија е земја членка на НАТО и секако на ЕУ и дека Бугарите за последните дваесет години се европеизираа. Дека новите генерации кои се родени во времето на зачленување на Бугарија во ЕУ ги интересира нормална држава а не празна реторика или име на едикој си кој е на чело на владата. Затоа не сум убеден дека Радев ќе опстои многу долго на чело на владата во Бугарија, а индикатор нема да биде протестот од 27-ми Јуни, туку резултатите од претстојните претседателски избори. Тоа ќе биде токму борба помеѓу про руските и про европските сили во Бугарија. А Радев ја покажа својата про европска тенденција низ сликите на Кирил Гундјаев и Вагит Аликперов. Подобра слика (картина што би рекол Радев) не можеше да си нацрта за пред ЕУ и НАТО. Првиот, полковник на ФСБ (од времето на КГБ) во улога на Патријарх на РПЦ и олигарх, а вториот, „успешен“ бизнисмен на ЛУК Оил кој вложил многу пари во Бугарија исто така олигарх. И тука Радев го „брани“ Православието, а во исто време и се оддолжува за вложувањата на Русите во Бугарија. Се поставува прашање дали само во Бугарија – државата, или и во некои други сегменти и кого и што всушност брани Радев.

Сето ова би било само добра забава за нас во Македонија и секако една добра поука за тоа како завршуваат про руските орши и какви се не  јавни глупости мора да прават за да ги исполнат наредбите од газдите каде што уште на времето се продале и сега нема каде. Но не е така, бидејќи и овие „нашиве“, тука во Македонија се продале, па така и тие мора да си ја одиграат својата улога во претставата за создавање неред, нестабилност и недоверба во Јужното крило на НАТО и во ЕУ. За тоа ви пишував во минатата колумна и несомнено дека во Анкара ќе биде интересно иако тепаните ќе се прават на мутави и ќе ни покажуваат убави шарени лаги на ФБ.

Сепак работата е многу видлива и жално е што македонските граѓани заслепени од пропагандата која шири омраза преку разни верзии тешко ја гледаат вистината, иако таа ни е пред очи на сите нас.

Ете, драги мои, кажете ми како е возможно, преписка помеѓу македонската амбасада и министерството за надворешни работи на Бугарија, да излезе во јавност и тоа шест месеци по реализација на активноста, а за тоа да не знае некој на висока позиција во Бугарија – најмалку во бугарското МНР. Тоа е намерно пуштена информација. Информација околу која може да распредеме многу верзии а тоа е и целта, да се тркалаат верзии за да не се види вистината. Но ајде да позборуваме за вистината. Вистината во врска со овој „безбедносен“ проблем (за Мицкоски, и наменет за создавање спинови преку Тимчо) е всушност во лицемерието. Самиот Мицкоски кажа дека неговото семејство било во посета на негови пријатели во Пампорово. Еве ја поентата! Значи Мицкоски има свој пријатели во познатиот туристички центар Пампорово. Еј, Мицкоски има свој пријатели во Бугарија, клетите Бугари му се пријатели, и тоа толку добри што кај нив може да го испрати семејството. Тоа е семејство на премиер, не на било кој и мора да биде под посебна заштита, значи не може да има не пријавено патување, а бугарската страна постапува според сите протоколи и го обезбедува семејството на Мицкоски. Но бидејќи Мицкоски има пријатели во Пампорово, па нека и баџанакот си го нарекува „пријател“, имам едно прашање: „Дали Христијан, на твоите пријатели во Пампорово (бизнис, колеги, роднини или друг вид пријатели) им објаснуваш како си цврст и стамен, ако треба и на 30 години против бугарските уцени и како до смрт ќе го браниш нашиот македонски идентитет“?

Ете тоа е поентата. Ние како општество да се скараме со сите наши познаници, пријатели, роднини, бизнис партнери, универзитетски колеги и со секого во Бугарија за да си го одбраниме македонскиот идентитет како што не учат верзиите на вистината на Мицкоски, а Мицкоски шест месеци по реализирано патување на неговото семејство во Пампорово да изигрува жртва и ни објаснува дека му е загрозено семејството. Еве Христијан, поради психолошки трауми на твоето семејство шест месеци подоцна од патувањето кај „пријателите“ во Пампорово ние како Внатрепартиска фракција во ВМРО-ДПМНЕ предлагаме да направиме фонд за финансиска помош за да може да ги подмириме и исплатиме лекувањата од психолошките трауми, исто како што ти сакаше да ги исплатиш траумите на родителите на 63-те деца загинати во Кочани.  Не така товариш Мицкоски, не пиеме нафта, колку и да се обидуваш да ни ја претставиш како вкусна и полезна онаа од ЛУК Оил секако (тешка оваа руската нафта). Објасни ни ти како стамен Македонец, бранител на македонскиот идентитет, борец против бугаризација, зошто го изложи твоето семејство на интензивна бугаризација во Пампорово и кај кого, и дали можеби и таа бугаризација не им предизвика психички трауми? Едноставно, објасни ја твојата дволичност и не раскажувај сказни за безбедносна загрозеност, за чувствителни информации и други глупости, бидејќи патувањето завршило пред повеќе од шест месеци, и нека не те лажат дека во НАТО тоа ќе се разгледува како безбедносно прашање. Впрочем и ти и тие што читаат наместо тебе па ти раскажуваат, бидејќи ти ништо не читаш, слабо читаат и разбираат што сум ви напишал. Туку, прашај се ти, онака народски: „Кој тоа те дупи“? Или сите да се прашаме: „Кој му го смести на зајакот Роџер по којзнае кој пат“?

Каков безобразлук, дволичност, глумење жртва, вклучување во својата одбрана на сопственото семејство и не знам уште колку гнасотии направи Мицкоски за да се оправда пред македонските граѓани и извади од ситуацијата во која е фатен што би се рекло „со симнати гаќи“. Дури цела кампања направи за да го прозиваат оној Венко од СДС дека не реагирал на некаков си дипломатски скандал. Тој, Венко, јаден не може да реагира во својата партија, не може соодветно да реагира на мафијашките коментари на Мицкоски за затвори и слично, искажани од собраниска говорница, па важно било дали ќе го брани Мицкоски. Ами доволно те брани со не постапување и со тоа што политички не те акна од земја за твоите мафијашки изјави. Само на ликови без совест може да им падне на памет да си го замешаат семејството во нивните политикантски го….и. Исто како Вучиќ кој сопствената мајка ја вклучи во негова одбрана во врска со обвинението за сараевското сафари 1992 година. Еден глупав и блед обид за предизвикување сожалување кај македонските граѓани, кај оние исти граѓани кон кој немаше никаква емпатија нудејќи пари за животите на жртвите од Кочани, пари наместо правда која никогаш нема да ја видиме, а за одговорност и да не зборуваме.

Очигледно некој намерно не сака да не разбуди нас Македонците од длабок сон и да ја видиме вистината. А потоа и да тргнеме кон вистинската цел – ЕУ.

Будењето треба да биде токму во однос на улогата и активностите на Русија тука во Македонија, но и во Бугарија. Да ни биде јасно како преку разни верзии се создава конфликтност а актерите за создавањето на конфликтноста се всушност играчи на иста страна и за иста копејка. Тоа се гледа и во однос на поддршката кон Украина која и кај нас и кај Радев е идентична.

Многу е едноставно. Додека Радев ја блокира ЕУ во однос на полковник Гундјаев заштитувајќи му ги парите во европските банки (оние банките на натемаго како што ја Гундјаев нарекува ЕУ), нашиот Стефан оди на приеми кај Зиков а потоа само два дена подоцна повторно го прима Зиков кај него во Архиепископија. Зад параванот се тркала нешто, односно некаква операција на руските служби и тоа преку Црквата. Нели Петар кај нас беше обележан како про руски настроен, дури и информации се пишуваа за него до нашите и така неспособни служби, за да има кој да се обвинува и околу кого да се плетат приказни. Да се дефокусира, како и во случајот со „дипломатскиот скандал“ во врска со семејството на Мицкоски. Нели Григориј е исто про руски човек? Ами овие двајцата, посебно Петар кој е задолжен за меѓународни односи на МПЦ-ОА, не се видоа со Зиков два пати во два дена и не учествуваа во активности на Рускиот дом од Белград спроведени како културен настан во Скопје. Овие двајца, Петар и Григориј, се под напад очигледно бидејќи ја држат Македонската страна во МПЦ-ОА, а не про руската замаскирана со Српската. Првиот, се бори за почитување на Уставот на МПЦ-ОА и постапување по предлози и спроведување на донесени одлуки на Синодот кој токму Стефан не ги спроведува и тоа со години, а вториот одамна укажуваше на непочитување на Уставот на МПЦ-ОА и со децении не одржување на Црковно-Народен Собор кој според Уставот треба да се одржи еднаш годишно, како и за не одржување на Архиепископски-Управен Одбор, со што очигледно нема отчет за работењето во МПЦ-ОА. Всушност и двајцата се борат за владеење на Канонските и Уставните одредби во МПЦ-ОА со што би се воспоставил поредок а не анархија. Уште и Григориј оди на сослужување со владици од Бугарија, какво национално предавство – мора да биде дисциплиниран, да не штети на активностите на братска Русија според која со Бугарите (па нека се и Православни клирици) мора да бидеме најголемите врагови. Првиот, Петар, иако најстар Владика беше сменет од работниот Синод и не му се прифати ниту еден од предлозите за воведување на ред во работата на МПЦ-ОА, а вториот, Григориј,  во знак на револт од тоа што го гледа ги напушта седниците на Синодот или воопшто не оди на истите. Целта е МПЦ-ОА да нема реорганизација на општествената и црковната активност, да не биде субјект со тежина во македонското општество и да не води про македонска црковна политика, односно да ги решава сопствените отворени прашања со другите цркви. МПЦ-ОА треба да остане во полу свет како и целото македонско општество и да служи за поткусурување во политичко-црковни и разни други игри на Русија на Балканот. Затоа впрочем и државата Македонија се употребува како прокси држава, кога треба да се кара со некого (сега со Бугарија) да се кара, а кога треба да се мири и да заборави – да се мири и да заборави (како со Србија).

Нашите Македонски интереси во овој контекст не постојат. Да постоеја, досега Мицкоски ќе го разрешеше Стоиљковиќ од позицијата потпретседател на владата и министер за односи помеѓу заедниците. Ќе ја разрешеше Грчева од позицијата советник за образование на премиерот и ќе го повикаше Стефана на кафе муабет за да го праша за здравје јуначко, бидејќи Црквата е одвоена од државата, ќе позборуваа за некои прашања поврзани со финансирањето итн.

Но, Мицкоски како и вообичаено темелно си ја спроведува задачата од неговите газди, да ни ги пласира верзиите, а ние треба да не бидеме мутави и да се сетиме дека активностите на Радев во врска со полковник Гундјаев и со ЛУК Оил се поврзани со руските активности во регионот. Патем, да ве потсетам дека претставникот на ЛУК Оил во Македонија Андреј Куку, е присутен на сите настани на руската амбасада во Македонија и не се сомневам дека и финансиски ги спонзорира (од наши пари). Па сега драги мој, на вас е да направите едноставна споредба на „случајностите“ не на тоа што ви го пласираат за да ја подигнат тензијата помеѓу Македонија и Бугарија. И од двете страни, одамна ви кажав, оперираат неколку десетина ликови (за жал на високи државни позиции – бидејќи вие ги „избравте“) под раководство на руските служби кои имаат задача да ја создаваат и поттикнуваат конфликтноста. Одамна ви напишав во една колумна дека Јотова (Радев) се во улога на бензинска станица на Газпром или ЛУК Оил – сеедно, и секогаш кога е потребно му даваат гориво на Мицкоски за движење на конфликтот. Тоа и Тимчо ќе ви го каже, само во испревртена слика за да ја замачка работата и уште повеќе да не ви биде јасно, посебно кога ќе одговара на нарачани новинарски прашања на глупава и безпредметна прес конференција – пак Тимчо статива.

Жалам за тоа што нашата ВМРО-ДПМНЕ поради овие лица под маски ќе мора да ја плати сметката, но уште повеќе жалам што сметката ја плаќа и ќе ја плати македонскиот народ, македонските граѓани и државата Македонија.

Во меѓувреме додека на разни настани (пред се промотивни и со ПР намена, без суштинска и реална основа и резултат), Мицкоски ни зборува за ЕУ, за дигитализација, за дигитални фабрики, за тоа дека се испечатиле учебници за 5-то и 6-то одделение, оној министерот без ресор, започнува разговори со Кинезите. Разговори за мир, дијалог и единство, ние и Кинезите милијарда и двесте и два милиони – единство, единствена или така некако беше. Откако ги реши ДЗС и ЦУК и го реформираше подсекторот за заштита и спасување како дел од безбедносно-одбранбениот сектор во Македонија, ликот Димовски се пушти во дијалог со Кинезите за единство и мир. Да бидеме јасни уште од сега, на почетокот на оваа нова играчка која на крај ќе биде плачка. Во недостиг на пари – кредити за купување на социјален мир, а со слаб резултат на ФБ, ПР-от и несигурност во резултатите од конфликтноста со Бугарија заради одвлекување на внимание кај македонските граѓани од суштинските и секојдневни проблеми, ова е воведна сцена за играње по моделот на Вучиќ. Кога за два месеци ќе заборавите на неважниот Димовски, ќе ви се појави Мицкоски или сега можеби Николоски и ќе добиеме некој голем финансиски договор со Кина, во однос на некој инфраструктурен објект, но заштитен како државна тајна. Веќе видено и почувствувано во Србија, но така е тоа, ПР-от не дава конкретни резултати, а не пак пари, па нека Мицкоски се слика и по десет пати дневно дека нешто работи. Не дава пари ниту омразата и конфликтите со Бугарија како резултат на руските активности во регионот. Ова го знае Мицкоски и затоа бара „алтернативни“ финансиски патишта, како што сега се сети дека треба да ги вклучи претставниците на турското малцинство во владата, доколку воопшто има реконструкција. Очигледно дека приватната посета кај Ердоган има влијание врз Мицкоски иако влијание требаше уште пред две години да има чувството за демократија и инклузивност на сите граѓани на Македонија, но тоа кај Мицкоски не постои во рамките на нашата партија, а не пак во однос на државата.

Мицкоски, пари има, и тоа легални, чисти пари, но тие се во фондовите и проектите на ЕУ. А за да дојдеш до нив со полн капацитет, треба да се демократизираш, да почитуваш човекови права, да примениш реална инклузивност на граѓаните, да се реформираат многу области од општеството за што е одговорна твојата влада, да не лепиш со рачињата, да ја исполниш веќе прифатената преговарачка рамка за членство во ЕУ и да не создаваш тензии во општеството. Но тешко тоа, затоа што тоа ќе значи и автоматски твое и на твојата клиентела паѓање од власт, бидејќи во такви услови македонските граѓани ќе ја осознаат вистината и ќе им станат јасни твоите верзии. Но и газдите ти ќе ти скројат капа, па кога ќе видиш – удолу длабоко, угоре високо.

Сепак, драги мој ќе дојдеме до вистината. Како велеше еден поранешен премиер кого на социјални мрежи го повикувате да се врати (а тоа многу го нервира Мицкоски): „Вистината е како шило …“ Е ама шилото кога ќе излезе ќе надене некого, а тоа секогаш е оној кој ги поттикнува верзиите.

 


Проф. д-р Оливер Андонов е професор на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје | Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ