• Latest

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026 10:00
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА, ИСТОРИЈА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На 28 јуни Украина го одбележува Денот на Уставот.

Оваа година овој датум има особено значење, бидејќи се навршуваат триесет години од донесувањето на Уставот на независна Украина. За Украинците тоа не е само значајна историска годишнина. Тоа е можност да се согледа патот што го помина нашата држава – од обновувањето на Независноста до изградбата на современа демократска држава, како и да се размисли за значењето што Уставот го има денес – во услови на руската војна, борбата за слобода и европската иднина.

Уставот на Украина беше донесен на 28 јуни 1996 година. На неговото донесување му претходеше долг уставен процес, кој започна по усвојувањето на Декларацијата за државен суверенитет на Украина во 1990 година и прогласувањето на Независноста во 1991 година.

Уставот на Украина ги утврди суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, ги дефинираше правата и слободите на човекот и граѓанинот и прогласи дека човекот, неговиот живот и здравје, честа, достоинството и безбедноста се највисока општествена вредност. Една од неговите темелни одредби е определбата дека носител на суверенитетот и единствен извор на власта во Украина е народот.

Уставот од 1996 година стана логично продолжение на украинската традиција на државотворност, која се создаваше со векови – почнувајќи од Уставот на Пилип Орлик од 1710 година, а подоцна и преку уставните проекти на Украинската Народна Република и другите документи што ја придружуваа борбата на Украинците за сопствена државност. За Украина, Уставот не е само правен документ, туку и одраз на долгогодишниот стремеж на украинскиот народ да живее во сопствена независна држава, заснована врз владеењето на правото, претставничката демократија и почитувањето на човековото достоинство.

Во текот на триесет години Уставот повеќепати беше ставен на сериозни испити. Тој ги преживеа политичките кризи, промените на власта, обемните реформи и уставните измени. Украинското општество повеќепати покажа дека развојот на државата треба да се одвива не преку откажување од демократските принципи, туку преку нивно унапредување. Токму затоа уставниот процес во Украина се развиваше заедно со државата и општеството.

Денес значењето на Уставот доби нова димензија. Веќе 12 години Украина ѝ се спротивставува на руската агресија, а петта година ѝ се спротивставува на целосната војна што ја води рф. Во овие услови, уставните одредби за суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, човековите права, демократијата и народниот суверенитет престанаа да бидат само правни норми. Тие станаа принципи што Украинците секојдневно ги бранат – на бојното поле.

Руската агресија претставува обид на Украина да ѝ се одземе правото самостојно да ја определува својата иднина. Таа е насочена не само против украинската територија, туку и против самото право на украинскиот народ слободно да го избира својот политички курс, да ги развива демократските институции и да биде дел од европската заедница. Токму затоа денес одбраната на Уставот значи одбрана на државниот суверенитет, демократскиот поредок и правото на граѓаните да живеат во независна европска држава.

За време на руската воена агресија, Украина продолжува да ги зајакнува демократските институции, да ја реформира државната управа, да ја обезбедува независноста на судскиот систем, да ја развива локалната самоуправа и да го усогласува законодавството со стандардите на Европската Унија. Уставот останува темел на сите овие процеси. Тој обезбедува правен континуитет на државата дури и во најтешките услови и го определува стратешкиот правец на нејзиниот развој.

За меѓународната заедница, Денот на Уставот на Украина е можност подобро да се разбере за што денес се бори украинскиот народ. Тоа не е борба само за обновување на меѓународно признатите граници или за обезбедување на сопствената безбедност. Тоа е борба за правото државата да остане демократска, за владеењето на правото, за почитувањето на човековото достоинство и слободата на избор. Токму овие принципи ја претставуваат основата на современа Европа, и токму тие се вградени во Уставот на Украина.

Денес, во услови на најсериозниот предизвик во целата понова историја на Украина, Уставот останува патоказ за украинското општество. Тој потсетува дека силата на државата не се мери само со нејзината способност да ги брани своите граници, туку и со нејзината посветеност на принципите на слободата, демократијата, човековото достоинство и владеењето на правото. Токму овие вредности Украина продолжува да ги брани денес – и за себе, и за цела демократска Европа.

Амбасада на Украина во Република Северна Македонија

 

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ