• Latest

Инспекцискиот совет расправа за незапишаните невакцинирани првачиња

October 31, 2019

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Инспекцискиот совет расправа за незапишаните невакцинирани првачиња

October 31, 2019 12:50
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Инспекцискиот совет денеска на 140. јавна седница ги разгледува претставките од родителите на деца кои оваа година не биле запишани како првачиња. Претставките се однесуваат на работата на просветните инспектори.

Од Инспекцискиот совет информираат дека  немаат надлежност да го ценат спроведувањето на Законот за основно образование или да го толкуваат и побарале од Министерството за образование и наука да се произнесат за тоа дали некој од инспекторите погрешил. Велат дека досега се уште немаат добиено одговор, а тој став од МОН им е неопходен, јавува МИА.

Претседателот на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска пред почетокот на седницата изјави дека досега до нив се пристигнати три претставки од родители на деца кои оваа година не биле запишани како првачиња.

„Претставките се однесуваат на работата на просветните инспектори, кои постапувале по тие претставки, а родителите се незадовилни од нивното постапување. Овие претставки даваат наводи дека во минатото одредени просветни инспектори постапувајќи по претставките за незапишани првачиња, се воделе по начелото за забрана на дискриминација на децата. Додека во изминативе неколку месеци се воделе согласно одредбите на законот кои ја уредуваат вакцинацијата, односно потврдата за примени вакцини како потребна за извршен упис во основно училиште“, рече Филиповска Грашкоска.

 

Таа појасни дека од причина што овие две работи се опфатени со Законот за основно образование, а ние, како што рече, како Совет немаме надлежност да го цениме спроведувањето на законот или да го толкуваме, побаравме како крајна инстанца од Министерството за образование и наука да се произнесе во однос на овие две прашања, односно дали некој од инспекторите погрешил и кој погрешил. Досега се се уште немаат добиено одговор, а тој став од МОН им е неопходен.

„Законот за инспекциски надзор предвидува една единствена мерка за инспекторите доколку се утврди дисциплинска одговорност, а тоа е да им се одземе лиценца, односно да останат без работа. За да бидеме целосно информирани и да ги запазиме апсолутно сите законски обврски, потребен ни е одговорот од МОН и се надеваме дека набрзо ќе го добиеме“, изјави Филиповска Грашкоска.

Гордана Гоџо од Здружението од „Нас за нас“ од Скопје информира дека некои претставки се поднесени од јули годинава, а дури денеска ќе се расправа на седница на Инспекцискиот совет.

„Инспекцискиот совет може да ја одземе лиценцата на инспекторот од Државен просветен инспекторат (ДПИ) доколку заклучат дека не постапил согласно правилата и законите. За жал не постојат други мерки како намалување на плата, опмена, туку веднаш е суспензија на лиценцата“, рече Гоџо. Досега има поднесено над 60 претставки од родители до ДПИ. Смета дека се работи за дискриминација при упис.

Одговарајќи на новинарско прашање, таа рече дека епидемија имало и ќе има и да сме 100 отсто вакцинирани. – Никогаш не се преземени вакви присилни мерки. Колку повеќе не присилувате, толку повеќе се сомневаме, рече Гоџо.

Тања Перкова од Велес, мајка на шестгодишно дете кое воопшто не е вакцинирано и не беше примено на настава во ОУ „Блаже Конески“, изјави дека тие се еден од ретките случаи каде директорот, како што рече, одлучи со полиција да не исфрли од училиштето. Посочи дека согласно законот не добиле известување во јуни, туку го добиле дури на втори септември годинава.

„Сметам дека вакцинацијата треба да биде право на избор, а не да биде присилна вакцинација која условува и посебно го крати образованието на моето дете“, рече Перкова. Додаде дека нејзиното дете сега седи дома, не оди на настава и се работи за набруталната дискриминација во државата.

Според Здружението од „Нас за нас“, во моментов во земјава има деца кои одат на настава, а некои деца на почетокот оделе на училиште, а потоа им било кажано дека не може да доаѓаат повеќе.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    175 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ