Претседателот на ВМРО-ДМНЕ, Христијан Мицкоски, испрати јавен повик до албанските политички партии за предизборна коалиција.
Тој во интервју за ТВ ШЕЊА ги повикува партиите на Албанците да седнат и да ги разгледаат заедничките точки за предизборна коалиција, истакнувајќи дека нема проблем со ниту една партија.
Ваквата изјава на Мицкоски е прва од сите досегашни претседатели на ВМРО-ДПМНЕ и прва од ваков вид по неколкуте критики што тој во минатото ги упатил кон СДСМ за коалиции на локалните и претседателските избори.