• Latest

Забрчанец аргументирано против Котевски во дебата на ТВ21

November 1, 2019
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Забрчанец аргументирано против Котевски во дебата на ТВ21

November 1, 2019 09:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Коста Петров, потпретседател на СДСМ, Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ, Иво Котевски, поранешен портпарол на МВР и директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Забрчанец, советник за односи со јавност на Премиерот Зоран Заев, учествуваа на вечерашната емисија #ClickPlus, на тема лажни вести.

„Еве неколку факти, бидејќи вели дека, кога ќе сме отворале уста, лага сме кажувале. Факт е дека ова Влада ја врати евтината тарифа на струјата со што овозможи повеќе граѓани да ја користат струјата и за греење, наместо да користат гориво што загадува. Цената на струјата овие две и пол години е стабилизирана за разлика од вртоглавиот раст на цената на струјата во нивното време. Факт е дека: Оваа Влада го намали ДДВ-то за парно од 18 % на 5 %, со цел што повеќе граѓани да се греат на парно, наместо на гориво што загадува. Факт е дека: Исклучените од парно што вие ги принудувавте да плаќаат иако не го користеа, нема веќе да плаќаат парно. И факт е дека: Оваа Влада обезбеди 10 милиони евра за 10 илјади Инвертер клими за граѓаните да можат да се греат на гориво што не загадува. Факт е и дека вие не направивте ништо во вашите 10 и кусур години владеење на тема чист воздух. Напротив, направивте сѐ за да овозможите атмосфера што загадува. Денес ние го чистиме воздухот што вие го загадивте“ – рече Забрчанец и го предизвика Котевски да каже една мерка што ја спроведе ВМРО-ДПМНЕ против загадениот воздух.. „кажете една мерка, јас наброив неколку конкретни“. Немаше одговор.

Котевски се обиде да го возврати ударот на темата датум за преговори: „Цела Европа тврдеше дека Македонија ќе добие датум за преговори…“ – се обиде Котевски да провоцира.

На тоа Забрчанец му одговори дека „Европа направи историска грешка и тоа го потврдуваат сите европски лидери. Само вие не се согласувате со таа констатација. Котевски и Мицковски сте единствените што се радуваат за тоа што нашава земја не добила датум…“

Дебатата на моменти беше особено жестока. Котевски ја употреби вообичаената реторика, но не успеа да понуди контра аргументи за одбрана на неговата партија. „Знаете ли што значи да го лажете населението? Ова значи ширење паника кај населението, дека во земјава ќе се населат 150.000 емигранти. На прес конференција го лажевте населението!“ – го потсети Забрчанец во својата канонада од непобитни аргументи за тоа каква партија е ВМРО-ДПМНЕ, чиј директор на Центарот за комуникации е Котевски.

„Вашиот претседател на општинска организација Карпош, Јаневски изјавил дека химната е отстранета од образовните програми во 6-то. одделение, химната немало да се учи и удривте со дрва и камења по Владата, бидејќи ја отстранила химната од образовните програми во 6-то одделение. Химна не ни се учи во 6-то, се учи во 1-во и во 5-то одделение“ – беше уште еден пример што го посочи Забрчанец.

„Демантирана вест – како експресно се шири преку сите нивни канали и станува дезинформација? И тука сакам на теоретско ниво (чисто заради гледачите да направам разлика меѓу лажна вест и дезинформација). Лажна вест е одредена невистина, меѓутоа кога таа невистина ќе ја земе подрумската машинерија на ВМРО-ДПМНЕ и ќе почне да ја шири по своите портали, Фејсбук профили, таа лажна вест намерно, тенденциозно, со цел да создава паника и несигурност кај населението, допира до многу граѓани, тогаш станува дезинформација“ – објасни Забрчанец и даде уште еден пример за тоа како дејствуваат лажните вести.

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/510707783105896/

повеќе ТУКА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ