• Latest

Пендаровски: Не ни паѓа на памет да се задоволиме со членството во некаква европска економска зона

November 1, 2019

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
Фото: Д. Мишев/ЦИВИЛ Медиа

Вајц се надева дека по локалните избори ќе се направат потребните уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот

October 21, 2025

Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

October 21, 2025
Фотографија објавена од руските власти од она што тие го тврдат како последица од нападот со дронови во Ростовската област во текот на ноќта на 21 октомври 2025 година. Фото: Јуриј Сљусар/Телеграм

Масивен украински напад со дронови врз руските Брјанска и Ростовска област

October 21, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Втор круг во 33 општини, првиот круг ќе се повтори во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

October 21, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски: Не ни паѓа на памет да се задоволиме со членството во некаква европска економска зона

November 1, 2019 15:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Последиците по Северна Македонија од одлуката на Самитот на ЕУ за неотпочнување на преговорите за членство, предлогот за одржување Самит на земјите од Западен Балкан и ЕУ, членството на земјава во НАТО, односите со Србија и неговото мислење за промена на границите на Балканот, беа темите на кои се осврна претседателот Стево Пендаровски во интервју за РТС, во пресрет на неговата посета на Белград на 22 ноември на официјална покана на шефот на српската држава, Александар Вучиќ.

Пендаровски констатира дека постои долга историја на разочарување од ЕУ, од Лисабонската декларација во 1992 година, грчката блокада за НАТО во Букурешт во 2008 година, па се до денес со ставот на Франција.

– (Францускиот) претседател (Емануел) Макрон спомена неколку категории освен проширувањето. Тој целиот регион двапати го именуваше како соседи. Ние не сме соседи на ЕУ, соседи се земјите од Источното партнерство, Молдавија и државите од Централна Азија и Северна Африка. Ние преговараме за да станеме членки. Конечно, на еден од своите состаноци во Брисел, на нашата делегација неофицијално и беше кажано дека во високи европски кругови се размислува за алтернатива за членство која се вика европска економска зона. Тоа е форма на поширок европски пазар, но не и да сте член во политичките институции, изјави Пендаровски.

Шефот на државата додаде дека идејата за одржување Самит на земјите од Западен Балкан и ЕУ е со цел да се отфрлат алтернативите на евроинтеграциите, сакаме „да кажеме дека не сме задоволни со ова, бидејќи се однесува на оние кои веќе преговараат“.

– Мислам дека сите што сме погодени со ова треба да потпишеме декларацијата, дека после толку години не ни паѓа на памет да се задоволиме со членството во некаква европска економска зона, дециден е Пендаровски.

Одговарајќи на прашањето за поврзаноста на примената на Преспанскиот договор со почетокот на преговорите за членство со ЕУ, Пендаровски вели дека во спогодбата со Грција се наведува дека „ќе одиме од поглавје до поглавје, на пример екологија, човекови права“. – Па така, коресподенцијата во оваа област, не во целина, со Брисел мора да биде со новото име, што се нарекува секторска примена, истакнува Пендаровски.

– Знам дека некои националисти велат оти ова не е валидно, бидејќи немаме датум, да се вратиме наназад. На страна што за ова е потребна уставна промена и две третини во Собранието, но националистите забораваат дека затоа што го сменивме нашето име, брзо ќе станеме членка на НАТО. Не го сменивме џабе, изјави Пендаровски.

На прашањето на РТС за односите со Србија „од обвинувањата за шпионажа, па до соработката и заедничкиот граничен премин и плановите за „мини Шенген“, Пендаровски вели дека на билатералните односи влијаела нашата внатрешна криза.

– Како што се одвиваше нашата внатрешна криза, така трпеа и односите со соседите, Србија беше една од нив. За жал, ова кулминираше на 27 април со упадот во Собранието, а дали имаше соодветни реакции, можеме да дебатираме. Особено сум задоволен што премиерот (Зоран) Заев во изминатата година или две се обиде да се отвори кон Белград и другите градови, што вроди со плод. Комуникацијата со српската Влада и со претседателот е одлична, со одделни изјави за кои дополнително можеби ќе треба објаснување, но премиерот Заев има добри намери, нагласи Пендаровски.

Тој натаму нагласува дека српскиот претседател Вучиќ ми направил чест кога дојде на неговата инаугурација. – Имавме билатерална средба, интересна, конструктивна. Очекувам дека ќе продолжиме да разговараме во тој дух кога ќе се сретнеме во Белград, истакна шефот на државата.

Пендаровски на крајот од интервјуто се осврна и на решавањето на косовското прашање, при што го нагласи неговото противење на идејата за промена на границите.

– Постои една моја изјава, која наиде на негативни реакции од српската Влада, но тоа е легитимно, немам проблем со тоа. Јас водам сметка за мојата земја. Најважно е државата да остане во границите во кои што е. Мојот став е дека нема договор без меѓународната заедница, иако волјата на Белград и на Приштина е суштинска. Мислам дека косовското прашање не треба да се затвори, а да се отворат уште две-три други во регионот, да нема домино ефект. Дури и кога се менуваат границите, меѓународниот фактор мора да гарантира дека решението меѓу Белград и Приштина ќе се однесува само на Белград и Приштина. Иако јас мислам дека ќе биде катастрофа ако границите започнат да се менуваат низ поранешна Југославија или Југоисточна Европа, мислам дека е тоа е анахроно решение. Но, дајте гаранции дека нема да не погоди и дека нема да биде засегнат нашиот територијален интегритет, изјави претседателот Пендаровски во интервјуто за РТС.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ