• Latest

Заев: Се санира колекторскиот систем во Охридско-струшкиот регион, знаеме да се грижиме за нашите скапоцености

November 9, 2019
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Се санира колекторскиот систем во Охридско-струшкиот регион, знаеме да се грижиме за нашите скапоцености

November 9, 2019 11:20
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

После неполна година подготовки и барање најдобри решенија и финансиски средства за реализација, почнаа работите на санација на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион за прочистување од наслагите и корењата од дрвјата и рехабилитација на цевководот на колекторот. Ова го истакна премиерот Зоран Заев кој беше на увид на состојбата на колекторскиот систем.

Тој соопшти дека дополнително ќе се поправат или ќе бидат заменети сите редуктори на сите 18 препумпни станици, ќе се санира целиот систем за прочистување на отпадните води во пречистителната станица и ќе се изврши комплетно чистење на атмосферската и канализационата мрежа во должина од околу 300 километри во Охрид и Струга.

-За оваа намена , како што рече, се обезбедени 4,2 милиони евра од Буџетот на граѓаните на нашата земја.

Во соопштението се наведува дека решавањето на сложениот и сериозен проблем затекнат со колекторскиот систем за прочистување на отпадните води во охридско-струшкиот регион беше еден од приоритетите на Владата на кој беше посветено посебно внимание уште на стартот на мандатот.

-Лошата изведба во некои делови, како и негрижата и неодржувањето на сите сегменти на колекторскиот систем за прочистување на отпадните води создадоа сериозна еколошка опасност за Охридското Езеро и за приодните убавини и реткости во неговото опкружување, стои во соопштението.

 

Се додава  дека од стручната анализа на една јапонска компанија во 2014 година, направена со роботизирана технологија, констатирано е дека на неколку места колекторот речиси и да не постои заради лошата изведба и неодржувањето на бетонскиот цевковод. Во поголем дел колекторот е запушен или слабо пропустлив поради насобрани наслаги од отпад и поради корења на дрвја, исто како и атмосферската и канализациската мрежа. Од 18 препумпни станици само една или две работат повремено, а самата пречистителна станица е речиси без функција бидејќи не се сервисирале и не се заменувале дотрајаните делови.

 

-Сознанијата за последиците од оваа состојба биле познати со години наназад и ништо не било преземено. Посебното значење за охридско-струшкиот регион како светското природно и културно наследство, заслужува посебни мерки на заштита. Затоа беше создадено посебно, издвоено Јавно претпријатие колекторски систем кое ќе ги реши со години натрупаните проблеми. Помогнавме да се порамнат долговите на ЈП „Проаква“, како и долговите на општините кон ова претпријатие за да добиеме чист старт за новото ЈП Колекторски систем, рече премиерот Заев и додаде дека Охридското Езеро како заштитено подрачје опфатено на УНЕСКО е наша гордост, но и грижа на сите нас, и затоа следува комплетна санација на колекторскиот систем за да покажеме дека знаеме и дека се грижиме за нашите скапоцености, и тоа оваа Влада ќе го докаже.

Дејан Николовски, советник во Канцеларијата на премиерот посочи дека наместо да работат, компаниите во чија надлежност било и одржувањето и функционирањето на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион само го трупале долгот што достигнал 1,2 милијарди денари, не ги наплаќале долговите што достигнале висина од 850 милиони денари и ги пренаменувале парите на други дејности само не во функција на редовно и одржливо работење на системот што ги чисти отпадните води што завршуваат во езерото и во реката Црн Дрим.

-Најлоша констатација е дека се немало сенс да се санира катастрофалната состојба со колекторскиот систем, да се издвојат 4,23 милиони потребни за да се решат овие проблеми. Користени се за разни намени, за фасади и споменици, но не и за решавање на овој проблем, кој бил закана на природното богатство што го имаме и што е под заштита на УНЕСКО. Новиот менаџмент на ЈП Колекторски системи ќе продолжи да работи на решавање на состојбата и на одржување на системот за никогаш да не се повтори оваа ситуација, рече Николовски.

Директорот на ЈП Колекторски систем Владимир Алексијоски истакна дека  благодарение на Владата на РСМ, која ги поддржа сите иницијативи на ЈП Колекторски систем од основањето на почетокот на оваа година, за една година овозможи да се започне со санација на колекторскиот систем за прочистување на отпадните води и фекалните води во Охрид и Струга.

-Наредната туристичка сезона ќе отпочне без тековните проблеми со кои се соочивме. Со средствата издвоени од Владата на Северна Македонија ја започнавме постапката за санација на колекторскиот систем. Сите точки каде што имавме целосно запушување на цевководот ќе бидат пробиени и ставени во функција. Со технологијата „цевка во цевка“ ќе се подобри протокот на фекалните води, ќе се изврши санација на редукторите на препумпните станици, за да се обезбеди целосно пренесување на фекалиите до пречистителната станица која повеќе од една година воопшто не функционираше“, информираше директорот на ЈП Колекторски системи Владимир Алексијоски.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ