• Latest

Преку зајакната регионална соработка до повисок стандард, членството во ЕУ останува императив за Западен Балкан

November 11, 2019
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Преку зајакната регионална соработка до повисок стандард, членството во ЕУ останува императив за Западен Балкан

November 11, 2019 10:18
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата за регионална соработка што ја прмовираа лидерите на Македонија, Србија и на Албанија оценета како „мал шенген“ не значи отстапување од европските интеграции, туку заложби за заеднички ангажман за олеснување на сите гранични процедури, со цел овозможување олеснет проток на капитал, стоки, услуги и движење на луѓе. Лидерите на државите од Западен Балкан со оценка дека регионот треба да го овозможи тоа не само заради исполнување на европските критериуми во рамки на евроинтеграцијата, туку повеќе заради подобрување на трговската, стоковата, размената на бизнис-идеи, слободата на движења на луѓе и работна сила, сето во насока на креирање услови за подобрување на стандардот на граѓаните кои живеат во овој дел на Европа.

Одредбите што ги предвидува иницијативата се истите оние за кои е дискутирано на средбите на челниците од регионот со европските лидери, како реформи во транспортот, царините, безбедносните структури, а за кои постои согласност дека позитивно ќе се одразат врз бизнис-климата во Западен Балкан.

Премиерите на Македонија и на Албанија Зоран Заев и Еди Рама, заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ во Охрид истакнаа дека Иницијативата не е ништо туку искористување на заедничките потенцијали за остварување подобри стандарди за сите граѓани од регионот.

После средбата во Охрид беа појаснети дел од одредбите содржани во Акцискиот план за создавање на, како што го нарече Зоран Заев т.н. „нов Западен Балкан од 21 век“, планот што предвидува 24/7 работа на сите служби на граничните премини, премин на луѓе со лични карти преку границите од целиот регион, брз премин на камионите со стоки низ административните процедури, признавање на дипломите, слободен пазар на трудот во регионот…

-Тоа се нови перспективи за регионот, верувам дека сите лидери од Западен Балкан ќе ја прифатат иницијативата, се она што го правиме самоиницијативно за подобрување на перспективите на овој дел од Европа, рече Заев.

Претседателот на Србија Вучиќ со пример појасни дека само воведувањето дежурни фитосанитарни и ветеринарни служби на неколку гранични премини на земјите од регионот ќе им заштедат 229 милиони евра. Според Вучиќ, производителите од Албанија сега многу полесно својата стока ќе можат да ја извезуваат во Србија, со признавање на квалификациите и дипломите луѓето од Србија да се вработуваат во Македонија…

Намерата е, рече Вучиќ, доколку влезете на аеродромот во Белград, да не ви требаат посебни документи за влез во Албанија, никој да не ве прашува за документи, да има што е можно помала документација и што е можно помалку гранични проблеми. Кога ќе слетате во Скопје, ние повеќе нема да ве прашуваме како стигнавте таму, можете да одите во Белград или Тирана, тоа е еден вид „мини Шенген“. Тој најави дека трите држави ќе можат заедно да креираат туристички рути, дека може да се посетат Белград, Копаоник, Златибор и Охрид или Драч, наеднаш и без дополнителни барања за визи и дозволи што ќе придонесе за поголем број туристи на регионот.

-Мислам дека ова се огромни, крупни промени… Горд сум на овој договор, тој е иднината, тоа не е создавање некаква нова Југославија туку подобар живот за сите наши граѓани, претварање на регионот во амбиент на нормалност, а не на судири и омраза, рече Вучиќ.

Албанскиот премиер Еди Рама исто така ги нагласи позитивните одредби содржани во Документот од Нови Сад, на иницијативата за подобро поврзување на Западен Балкан.

-Она што е важно е што оваа иницијатива доаѓа како внатрешна желба на државите од регионот, а не како резултат на патронизам од европските центри. Нема тука никакви обиди за создавање некаква Голема Албанија ниту за некаква нова Југославија, туку остварување на заложбите за овозможување на четирите столбови на слободата. слободно движење на граѓаните, признавање на дипломите, отстранување на секојдневните препреки кои го чинат регионот милиони евра, рече Рама.

На првиот состанок одржан на 10 октомври во Нови Сад Заев, Вучиќ и Рама потпишаа Декларација со намери за воспоставување Иницијатива за регионална соработка, како начин за создавање предуслови за
остварување на четири взамено прифатливи слободи на движење на луѓе, стоки, услуги и капитал. Следната средба за „мал шенген“ е предвидено да се одржи идниот месец во Драч.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ