• Latest

МФ објави анализа за прогресивниот данок: Приходите пониски за 51,2 отсто

November 11, 2019
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МФ објави анализа за прогресивниот данок: Приходите пониски за 51,2 отсто

Според анализата објавена на веб-страницата на Министерството, износот на остварени приходи само од прогресивната и повисока стапка на личен доход, со анулиран ефект од пораст на плати и вработувања, за првите шест месеци од 2019 година е 12,7 милиони евра. Потенцијалниот приход, доколку субјектите не го променeле своето однесување, ќе бил 19,2 милиона евра.

November 11, 2019 14:58
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Приходите кои можеле да се приберат од прогресивното оданочување и повисоката стапка на личен доход се помали за 51,2 отсто во однос на потенцијалот, покажува анализата на Министерството за финансии (МФ) насловена „Како до сеопфатен, фер и ефикасен данок вo Република Северна Македонија“.

Според анализата објавена на веб-страницата на Министерството, износот на остварени приходи само од прогресивната и повисока стапка на личен доход, со анулиран ефект од пораст на плати и вработувања, за првите шест месеци од 2019 година е 12,7 милиони евра. Потенцијалниот приход, доколку субјектите не го променeле своето однесување, ќе бил 19,2 милиона евра.

-Оттука, вкупно изгубените приходи што можеле да се приберат, а не се прибрале, се оценети на 6,5 милиони евра што претставува 51,2 отсто од прибраните приходи од прогресивниот и повисок данок на доход. Тоа се средства кои Буџетот можел да ги има, но не ги добил поради промената во однесувањето на даночните обврзници, пишува во анализата.

Потенцијалните објаснувања за промената на однесувањето на обврзниците се дека мерката била воведена во специфичен политички и општествено-економски контекст. Исто така, обврзниците имале чувство дека не биле консултирани, како и дека не добиваат повеќе и подобри услуги, а плаќаат повеќе.

-Високиот удел на сивата економија, односно меѓу 30-40 проценти, е уште едно од објаснувањата за промена на однесувањето на обврзниците. Гледајќи дека има висок степен на неформална економија обврзниците имаат став „Зошто јас да плаќам повеќе, ако тој не плаќа воопшто?“, се вели во анализата.

Анализата посочува дека покрај дизајнот на самото решение на даночната реформа, подеднакво важен е и начинот и тајмингот на спроведување.

Понатаму во анализата се наведува дека Република Северна Македонија спаѓа во земјите кои имаат умерено ниво на доходна нееднаквост, мерена според коефициентот Џини, што значи дека постои нееднаквоста, но таа е умерена. За да може да се влијае на понатамошно намалување на нееднаквоста со даночна политика, пред сѐ, треба да се решат поголемите проблеми како намалување на даночната евазија и зајакнување на транспарентна и ефективна алокација на буџетските средства. Имено, за да се воведе прогресивното оданочување како коректор за нееднаковста неопходно е да се создадат клучните предуслови.

Министерството за финансии останува на ставот дека прогресивен данок на личен доход може да даде добри општествено-економски ефекти и поправедно и поразвиено општество, доколку има оптимален дизајн, во чиј центар е домаќинството. Доколку е донесен во консултативен процес со сите засегнати страни и врз основа на објективни анализи и истражувања. Доколку се зајакнати се механизмите за елиминирање на сивата економија, во рамки на холистички пристап согласно со Стратегијата за формализирање на неформалната економија 2018-2022 и нејзино унапредување. Исто така, се наведува дека треба да се подигне довербата во институциите, како и да се воспостават ефикасни и ефективни процеси со искористување на потенцијалот од технологијата, со цел намалување на административниот товар.

Анализата можете да се прочита на https://finance.gov.mk/mk/node/8323. 

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ