• Latest

Новите предлог измени на Законот за јавни собири го ограничуваат правото на протест

November 12, 2019

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Новите предлог измени на Законот за јавни собири го ограничуваат правото на протест

November 12, 2019 10:24
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието на Република Северна Македонија е пристигнат предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните собири.

Измените подразбираат ограничување на правото на протест во неколку сегменти. Имено, новите предлог измени предвидуваат зголемување на потребната бројка на присутни од 20 на 50 граѓани.

Исто така се воведува и дополнителна регулатива според која Јавен собир не може да се одржува:

  • на други места од витално значење за непречено одвивање на сообраќајот (тунели, премини на пат преку железничка пруга, мостови, надвозници, подвозници, гранични премини, пристап до гранични премини и крстосници);

  • во седиштата на органите на државната власт и просторот околу нив, како и резиденцијалните и репрезентативните објекти и околниот простор што им припаѓа на органите на државната власт на Република Северна Македонија;

  • во седиштата на странски дипломатско-конзуларни преставништва и нивни резиденции и

  • во објекти и простори кои се од посебно значење и интерес за безбедноста на Република Северна Македонија.

Се ограничува и времето на одржување на јавните собири – од 6 часот наутро до 23 часот навечер.

Во претходниот пречистен текст Закон за јавни собири истиот  Член 2-а гласи:

Јавен собир заради мирно изразување на мислење или протест може да се одржува на секое место кое е соодветно за таа намена, освен:

  • до здравствени установи, на начин кој го оневозможува пристапот на возила на брза помош и го нарушува мирот на болните,

  • до детски градинки и училишта додека децата престојуваат во нив и

  • на автопатишта и магистрални патишта, на начин со кој се загрозува патниот сообраќај

Новите предлог измени се косат и со членот 21 од Уставот на Република Северна Македонија кој гласи:

Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба.

М. Ивановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ