• Latest

Пендаровски за париски „Ла Кроа“: Цели 14 години сме во чекалната на ЕУ

November 15, 2019
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски за париски „Ла Кроа“: Цели 14 години сме во чекалната на ЕУ

November 15, 2019 12:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Само перспективата за интеграција во Европската унија ќе го спречат враќањето на авторитарните режими на Балканот, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за парискиот весник „Ла Кроа“, пренесува МИА.

Како што јави дописникот на МИА, на прашањето во врска со одлагањето на стартот на преговорите за членство на земјата во Европската унија, поради противењето на Франција“, претседател вели дека случајот со Северна Македонија е многу јасен, бидејќи покрај Турција „ние сме најстарата земја кандидатка“.

„Поминаа 14 години како што сме во чекалната на Европската Унија. И во последните десет години, Европската комисија сериозно препорачува започнување на преговори за членство со нашата земја, бидејќи таа ги исполнува сите предуслови. Освен што прво моравме да го решиме историскиот спор околу името на нашата земја за надминување на ветото на Грција. Тоа успеавме да го сториме со Договорот од Преспа од јуни 2018 година. И ЕУ повторно ни рече „не“? Ништо не ја оправдува оваа одлука, која е истовремена многу непријатна и многу шокантна. Таа исто така беше многу критикувана“, нагласува Пендаровски.

На прашањето на „Ла Кроа“ како реагирале Македонците на ваквата одлука на лидерите на ЕУ, Пендаровски одговара дека „евидентно реакцијата беше многу негативна“.

Многумина сметаат дека Брисел се подбива со малите земји на Балканот, со тоа што испрати „не“ како награда, откако ја направивме оваа многу тешка одлука за промена на името на нашата земја… Во тоа време, помалку од половина од Македонците ја прифатија оваа промена, додава шефот на државата.

Сепак, она што е многу охрабрувачко, според Пендаровски, е тоа што 85 отсто од жителите на земјата остануваат определени за членството во ЕУ.

„Но, колку долго ќе трае овој ентузијазам ако ЕУ опстојува во нејзиното одложување? Тоа е судбината на малите земји, можеме само да ги молиме големите сили да не не заборават“, додава претседателот.

Тој во интервјуто открива и детали од разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон, кој му рекол дека прво сака ЕУ да се реформира, пред да прими нови членки.

„Ние не бараме сега да станеме членки, само бараме да ги почнеме преговорите. Знаеме дека овој процес ќе трае многу години. Ништо не спречува паралелно да се спроведат двата пристапи и реформата и проширувањето“, додава Пендаровски.

Тој посочува дека Макрон ми порачал дека се надева оти реформата на методологијата на пристапните преговори ќе биде усвоена од страна на членките на ЕУ следната пролет.

„Тоа значи дека новата одлука за Северна Македонија би можела да биде донесена во првата половина на 2020 година, за време на претседавањето на Хрватска со ЕУ“, вели претседателот Пендаровски.

Запрашан директно дали Макрон јасно се обврзал да каже „да“ за почеток на преговорите, Пендаровски одговара: „Не, но сакаме да веруваме дека тој ќе рече да“.

„Тој прифати многу од моите аргументи и призна дека Северна Македонија ги исполнува сите критериуми за започнување преговори, за разлика од Албанија, за која вели дека има сомнежи“, вели Пендаровски, додавајќи дека Макрон за време на неговата посета на земјава планирана за првите месеци од 2020 година, ќе сака да го објасни својот став пред властите и граѓаните на земјава.

За тоа дали ЕУ со ваквиот свој став ја отвора вратата на Балканот за другите сили, како Русија, Турција и Кина, претседателот на Северна Македонија оценува дека „природата не сака празнина“. – Доколку ЕУ е отсутна од регионот, сигурно е дека другите земји ќе ги направат своите интереси полесно достапни. Ова не е наша желба. Јас имам 56 години. Половина од мојот живот живеев во поранешна Југославија. Потоа имавме повторно авторитарна власт под десетгодишното владеење на Груевски (2006-2016). Сакаме да научиме од европските демократии како да се организираме да имаме стабилни политички институции, независно правосудство и слободен печат, вели Пендаровски.

„Ако немаме европска перспектива, ако нашата иднина зависи од нашите национални политичари, ние ќе продолжиме да ги доживуваме овие циклуси на враќање назад и ќе изгубиме стотина години. И нашите млади, особено најдобрите, ќе продолжат да си заминуваат. Се проценува дека околу 500.000 луѓе ја напуштиле земјата за околу 20 години“, додава Пендаровски.

Запрашан за целта на состанокот организиран од нашата земја, со Србија и Албанија, на 10 ноември, Пендаровски одговори дека овие земји „сакаат да создадат еден вид „Мал Шенген“ на Балканот со укинување на царинските бариери и слободно движење на стоки и луѓе.

„Намерата не е тоа да биде алтернатива на членството во ЕУ“, нагласува Пендаровски.

Тој потенцира дека последниве месеци загриженост предизвикала идејата за решавање на спорот меѓу Косово и Србија преку промена на границите.

„Со менување на границите на Балканот се презема огромен ризик од домино ефект во Босна и Херцеговина и Северна Македонија. Нестабилноста ги уништува сите напори преземени уште пред триесет години на Балканот“, предупредува претседателот Пендаровски во интервјуто за париски „Ла Кроа“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ