• Latest

Преку 200 поплаки за повреда на правата на детето

November 18, 2019

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Преку 200 поплаки за повреда на правата на детето

Најголемиот дел од поплаките, како што посочува, се однесуваат на згрижување на децата од предучилишна возраст – градинки, што особено се актуелизира по прогласување на епидемијата на мали сипаници и одлуката во градинка да не се примаат невакцинирани деца, како и претставки за неможност за упис на деца во прво одделение.

November 18, 2019 10:31
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Значително е зголемен бројот на поплаки за повреда на правата на детето. До Канцеларијата на Народниот правобранител досега се пристигнати над 200 поплаки, најмногу за згрижување на децата, за семејните права, личните контакти со родител, роднина, правото на издршка, старателство. Народниот правобранител постојано укажува и бара од сите инволвирани во процесот на грижа за децата да преземат поголема одговорност, но позначителни промени засега нема.

– Сметам за потребно да потенцирам дека оваа година имаме значително зголемување на бројот на поплаки за повреда на правата на детето, која бројка иако сè уште не е завршена годината веќе надминува 200, вели за МИА заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа.

Најголемиот дел од поплаките, како што посочува, се однесуваат на згрижување на децата од предучилишна возраст – градинки, што особено се актуелизира по прогласување на епидемијата на мали сипаници и одлуката во градинка да не се примаат невакцинирани деца, како и претставки за неможност за упис на деца во прво одделение.

-Ние како институција максимално се заложивме за решавање на овој проблем со оглед на тоа дека станува збор за судир на две права – правото на здравствена заштита од една страна и правото на образование од друга страна. Побаравме од Владата со посебна информација овој проблем да се реши во најдобар интерес на детето, имајќи предвид што укажува Конвенцијата за правата на детето, вели Бајрамовска – Мустафа.

Kога станува збор за детските права, како што посочува, и натаму е голем број на поплаките кои се однесуваат семејните права, поточно личните контакти со родител, роднина, правото на издршка, старателство нешто што со години наназад се провлекува, како и правата на децата сместени во установи, односно згрижувачки семејства.

На прашањето колку во нашата држава се почитуваат препораките на Народниот правобранител за правата на детето, Бајрамовска – Мустафа одговара дека ако како институција со години укажуваат дека има проблеми во одредени области, односно кога тоа го повторуваат, тогаш не може да се зборува за некакви позначителни промени по нивните препораки.

-Кога го велам ова, мислам на детските права поточно пристапот до нив, на едно пошироко ниво, затоа што да бидам искрена индивидуално (кога постапуваме по конкретни предмети) успеваме да помогнеме односно да го убедиме органот да постапи поинаку затоа што имаме утврдено повреда на детските права, истакнува таа.

Во насока на подобрување на постапувањето по општите препораки, како што истакнува, се и измените на Законот за народен правобранител, со кои Собранието, по разгледувањето на Годишниот извештај на Народниот правобранител утврдува мерки и ја задолжува Владата да постапи по истите, и на секои шест месеци да извести за постапеното.

-Ние со големо внимание го следиме ваквото постапување, од причина што сепак се работи за ранлива категорија деца чии права сме обврзани како општество да ги обезбедиме, додава Бајрамовска Мустафа.

Им порачува на лицата кои работат со децата, како и на родителите, посебно во процесот на воспитување на децата, прво да ги сакаат и да ги почитуваат, да им посветат поголемо внимание, да им ги тргнат таблетите и мобилните телефони, да разговараат со нив за секој проблем што ги мачи, да ги советуваат, да ги подучуваат, да ги воспитуваат доколку, како што вели, сакаат да изградат вистински личности.

-Со децата треба многу да се работи и тоа како дома, така и на училиште. Последниве години имаме тренд на пораст на булингот меѓу децата, тоа е загрижувачко. Навредите по разни основи, физичките пресметки, психичкото насилство, се се поприсутни во училиштата и тоа треба да биде аларм за итно дејствување на сите релевантни фактори во државата. Превенцијата е многу важна во овој сегмент, па затоа и во училиштата – наставниците но и дома родителите треба постојано да работата на сузбивање на оваа појава, но и охрабрување на децата за што поголемо запознавање со детските права и пријавување на секаква повреда, вели Бајрамовска Мустафа.

Како институција која ги штити правата на децата, како што посочува, одлучиле годинава на малку поинаков начин да ги одбележат 20 Ноември – Светскиот ден на детето и 30-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето.

-Така во среда на 20 Ноември во Домот на АРМ во Скопје под мотото „Сите Сме = Во Правата“, ученици од повеќе основни и средни училишта од земјата, како и од градинките сами преку песна, игра, рецитали и сликање (ликовна креативна работилница) ќе покажат што знаат во поглед на нивните права, како размислуваат за нив, поточно колку се свесни за нивните права, но и за нивните обврски. Што значи дека овој пат ние возрасните ќе бидеме публика, бидејќи ова сепак е нивни ден, истакнува таа.

Додава дека процениле оти на овој начин многу повеќе ќе се мотивираат децата да се заинтересираат за нивните права и обврски и дека тие поубаво можат да ја пренесат пораката што навистина сакаат, односно како тие ги разбираат работите кои се однесуваат на нив.

-Во оваа насока е и предавањето на барање од Децата за правата на децата што на некој начин е детска декларација, до Парламентот, место каде се носат законските прописи, односно местото каде треба да се дискутира како на поефикасен начин да им се овозможат законски предуслови за заштита на нивните права, вели Бајрамовска Мустафа.

извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ