• Latest

Со доплнителните средства од ребалансот двојно зголемен бројот на поддржани компании на повикот објавен во мај

November 22, 2019

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

Со доплнителните средства од ребалансот двојно зголемен бројот на поддржани компании на повикот објавен во мај

November 22, 2019 14:09
in ВЕСТИ, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Јован Деспотовски очекува до крајот на процесот на првиот и вториот бран 75 до 80 компании да стигнат до средства за обезбедување  инвестиции на повикот за Комерцијализација на иновации што беше објавен на 15 мај, кој првпат заеднички го финансираат Владата  и Светска банка, и да им бидат исплатени средства.

На повикот, како што посочи, аплицираа 487 компании кои побараа 70 милиони евра, а во последната фаза на разгледување стигнаа 366 од нив, од кои дел добија препорака да реаплицираат на повикот за Технолошки развој, односно за обезбедување опрема, согласно природата на инвестицијата што ја планираат. За тоа, потенцира, им се овозможува аплицирање по скратена постапка што значи помалку трошоци за нив и за Фондот, пренесува МИА.

-Во изминатите две години имаме околу 1.000 домашни компании кои аплицирале на повиците на Фондот што говори за потребата за средства, но и за довербата која ја имаат во работењето и процедурите на ФИТР. Давањето можност на компаниите кои учествувале на овој повик и стигнале до последната фаза на разгледување да аплицираат по скратена постапка подразбира дека веќе наредната недела ќе објавиме нов повик по скратена постапка. Очекувам до крајот на годината 50 компании да добијат финансиски средства на тој повик, рече Деспотовски на денешната прес-конференција.

Нагласи дека до крајот на годинава ќе биде објавен повик по редовна постапка за технолошки развој за сите кои не аплицирале до сега, како и повик за стартап и спиноф компании заради огромниот интерес кај младата популација поради што Владата на барање на Фондот дала можност да се објави до крајот на годинава. Повикот за инструментот „Ко-финансирани грантови за технолошки развој “ ќе биде со вкупен буџет од шест милиони евра, а за новоосновани трговски друштва 1,5 милиони евра.

-Повикот ќе биде објавен, но нема да се носат одлуки во изборниот процес. Одлуките во рамки на тој повик ќе треба да почекаат завршување на процесот на изборите, но ќе биде објавен и компаниите ќе имаат можност да си ги подготват своите апликации и да ги достават до Фондот, рече Деспотовски.

Со зголемувањето на буџетот за ко-финансирање со ребалансот на Буџетот и одобрување на дополнителни 7,5 милиони евра на првичните пет милиони, како што кажа, бројката од 30 првично одобрени проекти во првиот бран од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции (КОИ), во моментов ја достигна бројката од 62 компании, односно 90 отсто од искористеност на предвидениот буџет во вториот бран.

-Во тек е разгледување и на аргументите што дел од компаниите ги доставија до Комитетот, а се однесуваат на добиените забелешки и коментари кон проектните апликации. Со завршување на овој процес, се очекува уште 10 – 15 компании, исто така да добијат можност за ко-финансирање на проектните апликации, со што буџетот на јавниот повик ќе се искористи 100 отсто, посочи Деспотовски.

Компаниите кои добија позитивен одговор од КОИ во првиот и вториот бран, преку реализирање на проектите предвидуваат инвестиции од вкупно 16,88 милиони евра од кои сопствено учество од вкупно 5,646 милиони евра. На поддржаните проекти ќе бидат ангажирани вкупно 769 лица од кои 360 нововработени со просечна плата од 698,60 евра по вработен.

Во вториот бран 75 отсто од компаниите се нови корисници, додека 16 проценти се компании кои биле одбиени на претходни повици на ФИТР, а сега повторно аплицирале со подобрени проекти, а девет отсто се компании кои веќе добиле средства од Фондот на некој од претходните повици. Од поддржаните проекти најголемиот дел доаѓа од ИТ секторот, образование, електроника и електротехника, технолошка индустрија, текстилна и кожна индустрија, машинство, земјоделство, енергија и извори на енергија, здравство, градежништво и екологија. Од 62-та апликанти 44 се компании од Скопје, по три од Штип, Гевгелија, Битола и Охрид, две од Кочани и по една од Валандово, Прилеп, Тетово,  Неготино и Кавадарци.

Во 38 отсто од компаниите апликанти, односно во 24, сопственици се жени. Од компаниите 13 отсто се со старост од една година, а 87 отсто над една година.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ