• Latest

Дендиас: Грција e силен поддржувач на европерспективата на Северна Македонија

November 25, 2019
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дендиас: Грција e силен поддржувач на европерспективата на Северна Македонија

November 25, 2019 13:41
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Силна поддршка за европската перспектива на Северна Македонија, изрази грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас во ексклузивна изјава за МИА во пресрет на неговата утрешна прва посета на Скопје.

Тој открива дека Грција работи на преземање конкретни иницијативи, со цел ЕУ да даде зелено светло за нашата земја. Шефот на грчката дипломатија ја изразува и силната поддршка на Грција за европската перспектива, не само на Северна Македонија, така и на целиот Западен Балкан, политика која, како што вели, преку Солунската агенда, Атина ја вовела во приоритетите на Европската унија.

– Нашата поддршка за почеток на пристапни преговори на Северна Македонија со Унијата е дадена. Работиме на тоа и преземаме конкретни иницијативи, во консултација со сите наши партнери во ЕУ, со цел што е можно поскоро, во таа насока, да се донесе позитивна одлука во Унијата. Секако, она што се подразбира е дека од страна на Република Северна Македонија, не треба да се намали интензитетот на напорите за усогласување со европските стандарди. Исто како што се подразбира и дека од страна на Грција, ќе има силен поддржувач во овој нејзин обид, порачува Дендиас.

За утрешната посета на Скопје тој вели дека доаѓа во „земја сосед и набргу сојузник на Грција во НАТО“ и во земја која очекува „да биде и партнер на Грција во Европската унија во не толку далечната иднина“.

– Се надевам на конструктивни средби за време на мојата посета, што ќе донесат резултати во корист на двете соседни држави, резултати видливи и за нашите граѓани. Со мојот колега, министерот за надворешни работи, со господинот Димитров веќе се сретнавме неколку пати во изминатиот период и имаме искрен однос, однос на заемно почитување, на природност и искреност и на меѓусебно разбирање. Нашите билатерални односи се исклучиво важни и за двете наши земји. Работиме за нивно суштинско зајакнување и продлабочување во поширокиот спектар на области, вели Дендиас за МИА.

Во однос на Договорот од Преспа, шефот на грчката дипломатија порачува дека тој е обврзувачки и за двете земји и додава дека неговото целосно спроведување значи и дополнителен поттик за поголем развој и просперитет на двата народи.

– Неговото почитување е предуслов за непречен европски тек на Северна Македонија и затоа треба целосно и доследно да се спроведе. Целосното спроведување значи напуштање на провокациите од минатото, значи консолидација на добрососедските односи и заемно почитување. Значи дополнителен поттик за поголем развој и просперитет на нашите народи, истакнува Дендиас.

Шефот на грчката дипломатија, заедно со заменикот министер за надворешни работи надлежен за економска дипломатија и екстровертност, Костас Франкојанис, утре ќе бидат во еднодневна посета на Скопје.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ