• Latest
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025 20:21
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, СВЕТ
Фото: миа.мк

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Светот не успеа да го задржи затоплувањето во рамките на критичната граница од 1,5 степени Целзиусови поставена со Парискиот договор од 2015 година, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, нарекувајќи го тоа „морален неуспех“ и „смртоносна небрежност“.

Гутереш рече дека е „неизбежно“ прагот од 1,5 степени да биде надминат до почетокот на 2030-тите поради континуираната зависност на човештвото од фосилните горива.

– Секој дел од степен повеќе значи повеќе глад, повеќе раселување, повеќе економски тешкотии и повеќе изгубени животи и екосистеми“ рече тој во Белем, Бразил, град во Амазонската прашума кој е домаќин на Конференцијата на ОН за климатски промени (КОП30).

Тој побара од владите да го забрзаат преминот кон обновлива енергија и да го запрат одобрувањето на „нови термоцентрали на јаглен и нови истражувања или проширувања на нафта и гас“.

Исто така ги повика владите да го испочитуваат ветувањето за запирање на глобалното уништување на шумите до 2030 година, опишувајќи го сегашниот одговор на климатската криза како „далеку под потребното ниво“.

Гутереш рече дека според сегашните политики светот се движи кон затоплување од 2,8 степени до крајот на овој век. Сепак, тој инсистираше дека целта од Парискиот договор останува достижна ако земјите дејствуваат одлучно.

– Да бидеме јасни: Границата од 1,5 степени е црвена линија за човештвото, рече тој. Но, додаде дека нејзиното надминување би можело да биде „привремен вишок“ кој потоа може повторно да се намали.

– Ако делуваме сега, со голема брзина и на голем обем, можеме да го направиме надминувањето што е можно помало, пократко и побезбедно – и да ја вратиме температурата под 1,5 степени пред крајот на векот, истакна Гутереш.

Тој остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен, велејќи дека милијарди се трошат „за лобирање, мамење на јавноста и попречување на напредокот“.

Гутереш зборуваше додека светските лидери денеска и утре пристигнуваат на самитот во Белем. По нивното заминување, преговорите за КОП30 официјално ќе почнат в понеделник.

Меѓу присутните се европски лидери, вклучувајќи го германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер. На настанот ќе присуствуваат и високи претставници од Европската унија и Обединетите нации.

Претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва, изјави дека се надева оти двонеделниот настан ќе донесе конкретни резултати. Се очекуваат повеќе од 70.000 учесници од околу 200 земји.

Политичката позадина е предизвикувачка: војни, економска неизвесност и фискални притисоци ја засенуваат климатската агенда, додека Соединетите Американски Држави под Доналд Трамп продолжуваат да ја прошируваат својата политика за фосилни горива. Вашингтон нема да испрати висока делегација на КОП30, пренесе ДПА.

Лидерите денеска треба да го објават создавањето на мултимилијарден фонд за заштита на тропските шуми – „зелените бели дробови“ на планетата – и да објават заеднички повик за поцврсто глобално управување со шумските пожари.

Самитот, исто така, ќе ја промовира иницијативата на Бразил за одржливи горива, која има цел да го зголеми производството и употребата четирикратно до 2035 година, и ќе претстави декларација што ги поврзува напорите за борба против гладот и сиромаштијата со заштитата на климата.

Според WWF, речиси 7 милиони хектари примарна шума биле изгубени само во 2024 година, и покрај ветувањето од 2019 година на 140 земји да го запрат уништувањето на шумите до крајот на оваа деценија.

Десет години по Парискиот договор, бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва ја повика меѓународната заедница да не ги напушта климатските цели, предупредувајќи на сериозни човечки и материјални загуби ако глобалното затоплување не се ограничи.

– КОП30 ќе биде конференцијата на вистината, им рече Лула на лидерите собрани во Белем. Тој истакна дека ова е првпат еден КОП самит да се одржува во Амазон „најголемиот симбол на еколошката кауза“, дом на илјадници видови растенија и животни.

Лула повика на поголема „храброст и решителност“ во справувањето со глобалното затоплување. „Време е да ги сфатиме сериозно предупредувањата на науката“, рече тој, додавајќи дека климатската криза може да се реши само преку глобална правда.

– Климатската правда е сојузник во борбата против гладот и сиромаштијата, рече левичарскиот политичар.

Тоа што КОП30 се одржува во Амазон, додаде Лула, го нагласува напорот на Бразил да го балансира економскиот развој со заштитата на животната средина. „Народот на Амазон сега со право прашува што прави остатокот од светот за да го спречи колапсот на нивниот дом“, рече тој, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ