Во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС), координатор на Тинк Нет Мрежата на Југоисточна Европа (SEE Think Net), денеска во Скопје ќе бидат презентирани двата документи за јавни политики „Мигрантски движења и сузбивање на организираниот криминал во Југоисточна Европа: Зајакнување на идното вклучување на ЕУ-ЗБ” и „Емиграција и демографска промена во Југоисточна Европа”.
Настанот е дел од проектот „Регионална соработка во Западен Балкан: Споредба на Берлинскиот процес и Вишеградската група“ финансиски поддржан од Меѓународниот Вишеградски Фонд.
Целта на SEE Think Net е да креира значајни предлози за политики на темите кои произлегуваат од Берлинскиот процес и областите кој тој ги опфаќа. Мрежата е воспоставена во половината на март лани како прва регионална мрежа сочинета од граѓански организации чија цел е да ги анализираат темите поврзани со Берлинскиот Процес.
Извор: МИА