• Latest

Што мисли Груевски за тоа дека Ставрески сакал да му ја тресне слушалката од глава и други тревожни прашања

December 16, 2019
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Што мисли Груевски за тоа дека Ставрески сакал да му ја тресне слушалката од глава и други тревожни прашања

December 16, 2019 18:47
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ

СКОПЈЕ 2014 ЧИНЕШЕ ДЕСЕТ ПАТИ ПОВЕЌЕ, ЗОШТО СЕГА НЕ СЕ ФАЛАТ СО ТОА ГРУЕВСКИ И ДУИ?

Груевски некогаш пред пратениците кажа дека „Скопје 2014“ ќе чини осум години по десет милиони евра. Зошто сега од Будимпешта не се фали дека, со поддршка и на ДУИ,  за овој проект потрошиле скоро десет пати повеќе, додека реконструкцијата на албанскиот театар, започната пред многу години, сѐ уште е во тек?

МЕТЛАТА КАКО ШТАФЕТА

Метлата на Заев од рака на рака се шета како штафета. Исто како Заев, никој никако да ја употреби.

Граѓаните легализацијата скапо ја плаќаат, само што нивните пари не стигаат во буџетот.

Во Тетово дивоградбите ги толерира Теута со знаење на Сугарески. Зошто, лесно може да се претпостави.

Држава која легализира толку многу дивоградби, самата е дивоградба.

Легализацијата е поле за корупција на државата.

Бујар Османи

МОРА ЛИ ГЛАВЕН ЗА ЕУ ДА НИ БИДЕ ОСОМНИЧЕН ОД СЈО?

Мора ли, г. Заев, и натаму „главен политички преговарач“ и „шеф на Делегацијата за преговори со ЕУ“ на Македонија, да остане личност која Вие лично јавно сте го спомнале за корупција и Обвинителството за истиот отворило постапка?

Мирослав Крлежа

ЗОШТО ГО ЗАТВОРИЛЕ КРЛЕЖА?

И натаму ли ќе му верувате дека он со „нова реформска агенда“ ќе го „коригира неуспехот на Унијата“, ќе најде решение за забелешките на Венецијанската Комисија за Законот за јазиците и дека ќе ја изгради не само првата делница на автопатот во должина од два километри, туку и на целата делница до границата со Косово. Г. Заев, ова е премногу дури и за еден хирург.

Сум прочитал негде дека, како доброволец во првата Балканска Војна, Крлежа српските офицери во Скопје го затвориле како шпион, зашто им рекол дека овие луѓе не ве разбираат кога им зборувате.

Ставрески – Груевски

ШТО МИСЛИ ГРУЕВСКИ ЗА ТОА ДЕКА СТАВРЕСКИ САКАЛ ДА МУ ЈА ТРЕСНЕ СЛУШАЛКАТА ОД ГЛАВА?

Груевски од Будимпешта редовно ги коментира минатите и актуелните настани во земјата. Мене како некогашен министер за финансии, многу ме интересира од него да слушам што мисли за изјавата на Ставревски дека понекогаш му идело со слушалката на телефонот да го удри по глава и дали Гоца за тоа го информирала, бидејќи тој во разговор со неа се жали.

Рајнхард Прибе

РАЈНХАРД ПРИБЕ И ДУИ

Најадекватната листа со успесите на Македонија, кои, според Б. Османи, го носат печатот на ДУИ, ја подготви во својот извештај германскиот експерт Рајнхард Прибе, заедно со групата ангажирана од страна на Комисијата на ЕУ.

Груевски – Ахмети

ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ЗАЕДНИЧКАТА ВЛАСТ НА ВМРО И ДУИ

Од длабоката кризна состојба во која ја доведоа Македонија во текот на заедничката власт ВМРО и ДУИ, со директна интервенција, ја извлекоа ЕУ и САД. Последиците од оваа криза, за жал, сѐ уште се присутни и денес.

Ел Чека

КИЧЕВСКИОТ СУД, ЕЛ ЧЕКА И МАКРОН

Со објавувањето на пресудата на Кичевскиот суд, со која се очекува наскоро да  биде осуден во отсуство Ел Чека, најверојатно и Претседателот Макрон ќе го повлече својот предлог на новата методологија за процесот на преговори за зачленување во ЕУ, ќе се заокружат сите реформи во земјата, Македонија конечно ќе ја добие од Заменикот на Премиерот одамна најавената кристално чистата препорака за започнување на преговорите и ќе се спасат од натамошно гонење за криминал и корупција, откриен со објавените од УДБА тајно снимени разговори, сите тие што тие дела ги направиле.

Со тоа во иднина никој повеќе, ни внатре ни надвор, ќе нема право да рече дека во Македонија не владее правото.

Не само правниците, туку дури и хирурзите и партиските “лидери”, биле со или без оформено образование, треба да знаат дека спроведувањето на законот не може да се одложи додека не се создаваат капацитети во судството и администрацијата.

Џес Бејли

ЗОШТО БЕЈЛИ ГИ ОБЕЛОДЕНИ БОНУСИТЕ ВО ДИК?

Парите што Владата се фали дека на некои им ги дава, од некои други ги зема.

Амбасадорот на САД, г. Бејли, кога го обелодени скандалот со бонусите на членовите на ДИК, го повика Заев да постапи исто со корумпирани функционери во Владата.

ПРЕДАВАЊА ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ОД ЗАЕВ И БРНС

Од Заев и од амбасадорката Брнс, слушаме предавања за успешната борба против корупцијата во Македонија.

ВАЖНОСТ НА ПРАВНАТА ДРЖАВА И ЈАЗИКОТ, СПОРЕД БУЈАР

Според Бујар Османи, потребно е „сите забелешки на Венецијанската Комисија да ги имплементираме во акциските планови и во создавањето капацитети и во судството и во администрацијата“. Тоа е ставот кој денеска го споделува и дека тоа е најдоброто решение и додава: „колку што ни е важен јазикот, толку ни е важна и правната држава“.

Ниту некој знае, ниту тој кажува, кога забелешките ќе бидат имплементирани во акциски планови и ќе се создаваат капацитети во судството и администрацијата, за да почне службената употреба на албанскиот јазик. А, колку им е важна правната држава, сведочи состојбата во која денес се наоѓа судството и судбината на неговиот и предметите на многу други осомничени и обвинети за долгогодишниот криминал и корупција, откриен со прислушуваните разговори.

НЕМА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ ВО КОИ УЧЕСТВУВААТ ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА

Во право е Претседателот Макрон, никогаш повеќе ќе нема преговори со ЕУ, додека во нив учествуваат лица кои се осомничени за криминал и корупција, како што е случајот со Македонија.

ДОЛЖНОСТ ДА СЕ РАБОТИ УСПЕШНО

Зошто премиерот, министрите и другите функционери секој ден се фалат со тоа што го направиле, кога се знае дека тоа, исто како на сите други граѓани, должност им е да го прават за да ја примаат платата.

КАКО 3.000 ПРАВНИ АКТИ СЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕУ?

Сѐ што се случува во правосудството и пошироко во Македонија е во согласност со тие 3.000 правни акти што заменикот  на Премиерот за евроинтеграции ги пренел од законодавството на ЕУ.

НЕ НЕГИРААТ, САМО ИГНОРИРААТ

ВМРО и ДУИ, без да го негираат, со „бомбите“  откриениот долгогодишен криминал, корупција и неморал, се обидуваат да го игнорираат.

КОЈ СЀ ЌЕ БИДЕ АМНЕСТИРАН, ОСВЕН ЕЛ ЧЕКА?

По сѐ изгледа, освен Ел Чека, наскоро ќе бидат амнестирани сите оние кои за време на заедничкото владеење ја доведоа Македонија до оваа состојба.

Се претпоставува дека слично мислење ДУИ ќе добие и од странските експерти.

ЗА ДУИ НЕ Е ПОТРЕБЕН ВЕТИНГ

Бидејќи по повикот на „лидерот“ на ДУИ, ниеден надлежен орган не истражи ниеден член на ДУИ, за нив нема потреба ниту ветинг, ниту испитување на потеклото на нивниот имот.

Сличен повик, како што повеќе пати со право истакнуваат во оваа  партија, не најде храброст да упати ниеден друг “лидер” на партија.

 


Сите права се задржани. Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ