• Latest
Давидова ѕвезда на ѕидови на џамија

Кога вревата ќе стивне

January 14, 2020
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кога вревата ќе стивне

Бошњаците, како и Евреите, често пати низ историјата биле на работ на истребувањето. И во таквите тешки моменти, каде што коегзистирале, меѓусебно си помагале, броејќи спасени  човечки животи од двете страни. Дури и по закана за својот живот, ја спасуваат еврејската света книга Хагада. Еднаш во време на Втората Светска војна, а вториот пат за време на агресијата врз Босна и Херцеговина во 1992 година.

January 14, 2020 16:07
in СЛОБОДНА ЗОНА
Давидова ѕвезда на ѕидови на џамија

Давидова ѕвезда на ѕидови на џамија

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МЕРСИХА СМАИЛОВИЌ

Последните денови, тоа што се случува низ светот, со закани и обвинувања, сфаќаме дека тие систематски шаблони за омраза со кои се соочуваме, освен што се глобален тренд, не се врзани за нашите зборови и дела, туку за нашиот етнички и религиски идентитет, кој им пречи на одредени групи во општествата, како што се заканите по живот на новата австриска министерка за правда, Алма Задиќ, која е со бошњачко потекло.

Непоимливо е да се помисли, а апсурдно е да се пишува и пропагира, дека една припадничка на помалку бројна етничка заедница, во овој случај јас, во нашата држава би излегла со говор на омраза против друга етничка заедница.

Но, се работи за „валкана политика“, а истата отиде толку ниско што дури ги злоупотреби ранливите историски моменти низ кои поминале нашите сограѓани Евреи, и импутираше состојби на омраза кои воопшто не се случија на социјалните мрежи, се со цел ширење на раздор и етикетирање.

Бошњаците, како и Евреите, често пати низ историјата биле на работ на истребувањето. И во таквите тешки моменти, каде што коегзистирале, меѓусебно си помагале, броејќи спасени  човечки животи од двете страни. Дури и по закана за својот живот, ја спасуваат еврејската света книга Хагада. Еднаш во време на Втората Светска војна, а вториот пат за време на агресијата врз Босна и Херцеговина во 1992 година. Уникатна по својот дизајн, донесена при преселбата на Евреите од Андалузија, денешна Шпанија, ден денес во историскиот музеј на БиХ опстојува и пркоси на секоја омраза. Преживувањето и солидарноста при опстанокот се генетски врежани во двата народи.

За волја на вистината, токму за тоа и говорев во видеото за денот на Холокаустот, на покана на Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје каде што меѓу другото кажав: “Холокаустот е непрежалена трагедија како резулат од злото на широката поддршка на фашистичката идеологија. Денес, 80 години подоцна, истите неофашистички духови надвиснуваат над Европа, збогатени со ксенофобија и исламофобија. Како Бошњачка која го осведочила геноцидот врз својот народ, многу добро знам како е да си на мета на истребување од страна на една фашистичка идеологија и политика. Говорот на омраза секогаш резултира со злосторство од омраза, а во пошироки рамки тоа се токму холокаустот и геноцидот….“

Убаво би било кога би го споделиле истото видео, да сите заедно научиме и да се бориме против антисемитизмот, но, и да научиме нешто повеќе за нашите сограѓани Евреи. За нивната култура, традиција, религија, обележја, јазик… Што за нив претставува Давидовата ѕвезда, колку е таа денес, но и векови наназад, била составен дел од нивниот идентитет, но за жал била злоупотребена одреден период во Втората Светска војна.

Знаете ли во колку стари џамии може да се најде Давидовата ѕвезда како орнамент? На безброј. Тоа е така затоа што нашите религии се семитски, потекнуваат од Блискиот Исток, а се нарекуваат и Абрахамски религии.

Оттука, мојот коментар на социјалната мрежа, беше многу краток и јасен, а се однесуваше: ние не треба да се срамиме или да стравуваме од употребувањето на нашите етнички симболи, затоа што законот тоа го дозволува и нè штити. Зошто потребата нашата работна просторија да има партиски обележја кога можеме да ставиме обележје од заедницата на која припаѓаме. Мојот коментар за користењето на симболите на заедницата е коментар на солидарност и поддршка на разноликоста, а никако не е повика за осуда или обележување. Тоа е коментар за вклучувањето на сите заедници во државниот апарат, да останат и бидат горди на својата разноликост и уникатност и да се охрабрат да ја покажат.

Навистина жалам што во својата валкана политичка кампања тој коментар е искористен во сосема поинаква смисла за создавање на невистинита вест, а со самото тоа клевета и навреда врз мене и моето семејство.

Никогаш не би поверувала дека постои некој во Македонија, кој посакува некому да му се повтори  холокаустот, и да, и верувам дека народот во Македонија не е антисемитски.

На крајот од денот, најбитно ми е знаењето дека јас не сум антисемитка и дека не мразам никого и се борам и ќе се борам да никому и никаде не му се повторат страдањата од Втората светска војна.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ