• Latest

Кој умира нека умре – јас орото не го прекинувам!

January 15, 2020

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 2, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Балон

August 2, 2026
РУСКИ ТЕРОР | Кијив, 1 август 2026 година (фото извор: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Најмалку девет загинати во нов крвав напад врз Кијив, зад Украина е недела на интензивни удари со ракети и дронови

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026
Илустрација: ChatGPT / OpenAI, по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА.

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и вклучи глобален аларм

July 31, 2026

Пратениците прашуваа во Собранието, денес прашуваат граѓаните: Која е вашата порака до политичарите?

July 31, 2026

Ванчо Орданоски за инцидентот со Anthropic: Прашањето веќе не е дали ВИ може да хакира, туку кој ја контролира – државите одамна ја користат за сајбер-операции

July 31, 2026
Фото: Wikimedia commons

Подгорица ја усогласи визната политика со ЕУ, Русија предупредува на последици

July 31, 2026
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Нова иницијатива за Газа: Трамп најавува договор, но Израел и Хамас со спротивставени позиции

July 31, 2026
ЌЕ ЈА БИДЕ ЛИ? Ни треба реална проценка, а не „видовити“ политички прогнози

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

July 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кој умира нека умре – јас орото не го прекинувам!

По немилиот настан во Шутка, каде што во пожар загинаа две мали дечиња, сфатив дека хуманоста одамна ја нема. Од една страна солзи и тага за загубените чеда, од друга страна Ромски (партиски) европски, светски... и не знам уште какви балови со музика, пиење, песни и ора...

January 15, 2020 12:03
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ДЕХРАН МУРАТОВ

За некоја неправда, односно за не водење грижа за другите, мајка ми често велеше: „Koj merela neka merel – me mo kolo na chinavava“, (Кој умира нека умре – јас орото не го прекинувам).

До пред некој ден мислев дека е само израз, но по немилиот настан во Шутка, каде што во пожар загинаа две мали дечиња, сфатив дека хуманоста одамна ја нема. Од една страна солзи и тага за загубените чеда, од друга страна Ромски (партиски) европски, светски… и не знам уште какви балови со музика, пиење, песни и ора…

Дечињата што загинаа живееја во маалото познато како „Брсњачка буна“. За оние што не знаат, во тоа маало има десетина импровизирани куќички без никакви услови за живот. Во цело маало има само две рачни пумпи за вода, нема канализација, најголемиот дел се без соодветен приклучок за струја…

Прашање на време беше само кога ќе се случи ваква трагедија!

Дел од децата воопшто не посетуваат настава. При една моја посета од пред некоја година, една мајка ми вели: „Како да ги пуштам децата во училиште кога немам вода да ги избањам, немаат чиста облека и обувки, со овие раце цел ден собирам старо железо и картони, а откако ќе се вратам дома со истите валкани раце треба да зготвам јадење за децата…“.

А еден друг жител од „Брсњачка буна“ додаде: „Кога врне овде сè е кал, децата заглавуваат во калта мора ние возрасните да ги извлечеме од калта“.

Зошто? Бидејќи тие луѓе исто живееја и во времето на ВМРО-ДПМНЕ и сега, затоа политиката нека не меша прсти, барем не во овој случај.

Додека тие сироти луѓе самите се вадат од „калта“ и преживуваат од ден за ден, во еден друг паралелен свет, нивните сограѓан(к)и газат по црвени теписи и рози, фрлаат илјадници евра и долари на музика…

Дали требаше да се откажат ромските балови (прослави), по смртта на малите дечиња? (Лично јас и да имав карта немаше да одам), меѓутоа, секако дека не требаше да се откажат баловите, бидејќи за тоа се потрошија многу пари, време, резервирани авионски билети, карти, соби… Ама, барем дел од парите да се донираа(т) за опожарените куќи, вистина е дека со парите нема да се намали болката за изгубените деца, но тие родители имаат и други деца на кои им треба топол дом и покрив над глава.

Секоја чест за тие што донираа(т), државата ќе одвои средства, активистот Геге Демировски донирал цигли, градоначалникот Курто Дудуш ја донирал целата плата, советниците и вработените во Општината ќе одвојат дел од својата плата, исто така и иницијативата „АВАЈА“ донирале, и уште многу други хумани граѓан(к)и да не ги набројувам, и верувам дека во најбрз рок повторно ќе се изгради опожарената куќа.

Но, проблемот во „Брсњачка буна“ и по изградба на опожарената куќа повторно ќе остане. Во тоа мало треба системско решение. Добро е тоа што првите луѓе од власта, партиски и непартиски активисти го посетија тоа маало, и ги слушнале проблемите на граѓанките.

П.С. За некој месец ќе има избори, се испосликавте што се испосликавте, но, заборавете на случајов во вашите изборни кампањи доколку немате конкретно и системско решение за овие луѓе!


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ