• Latest

Царовска: Преку социјален дијалог продолжуваме со соработката во интерес на економскиот раст и развој

January 15, 2020
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025

Сериозни повреди на демократските принципи пред локалните избори 2025 – Движењето Слободни и независни бара итна реакција од институциите

October 10, 2025

По 8 месеци криза, конституирано е косовското собрание

October 10, 2025

Играта со меѓуетничките односи: Стратегија или опасен политички потег?

October 10, 2025

Зекирија Шаини: Сакаат да ме дискредитираат, мојата сопруга нема врска со пукањето – институциите нека го најдат вистинскиот сторител!

October 10, 2025

Фон дер Лајен следната недела на турнеја низ Западниот Балкан, в среда ќе престојува во Скопје

October 10, 2025
РЕК Битола

Уапсен Борче Марковски од „Марковски компани“: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

October 10, 2025

Нобеловата награда за мир 2025 оди кај Марија Корина Мачадо – симболот на отпорот против диктатурата во Венецуела

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Преку социјален дијалог продолжуваме со соработката во интерес на економскиот раст и развој

January 15, 2020 15:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Соработката помеѓу Владата, коморите, синдикатите и организациите на работодавачи е клучна во креирање на ефективни и ефикасни економски политики, програми, проекти и мерки, за побрз и одржлив економски развој, истакала вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска на денешната средба со претседателите на четирите најголеми стопански комори, претставници на синдикатите и претставници на организациите на работодавачи.

Царовска, како што соопшти владината прес-служба, посочила дека досегашната соработка е на многу високо ниво, како и дека очекува во иднина уште потесна соработка за креирање на решенија со кои ќе се постигнат повисоки стапки на бруто домашниот производ и ќе се влијае на подигнување на животниот стандард на македонските граѓани.

„Во изминатите две и пол години, како никогаш претходно, Владата успешно соработува со коморите, синдикатите и организациите на работодавачи и како резултат на таа блиска соработка донесени се решенија со кои се задоволуваат интересите на сите засегнати страни: работниците, компаниите и државата. Како пример го имаме Законот за минимална плата, која со заеднички консензус определвме сега да изнесува 14.500 денари, што е за 60 отсто повеќе во односн на 9.050 денари, колку што изнесуваше минималната плата на почетокот на мандатот. Мора да се истакне и Законот за финансиска поддршка на инвестициите, преку кој во 2018 година, за првпат се овозможи поддршка на домашните компании, преку транспарентни и јасни критериуми кои важат за сите компании подеднакво, а со кој веќе се поддржани околу 200 компании“, истакна Царовска.

 

Вицепремиерката посочила дека во изминатите две и пол години, активно се работеше и на креирање на програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот преку Оперативниот план кој го спроведува Агенцијата за вработување, кои пред се ги задоволуваат потребите на компаниите и реалните потреби на пазарот на трудот.

„Оперативните планови за 2018 и 2019 година се креирани исклучиво за реалните потреби на пазарот на трудот, а пред нивното донесување претходеа широки консултации со сите засегнати страни за да се направат мерки кои навистина ќе бидат за потребите на стопанството и невработените лица. Во 2019 година од буџетот издвоивме рекорден износ од 1,3 милијарди евра за Оперативниот план што е за 33 отсто повисок износ од 2018 година или за 83 отсто повисок износ од 2016 година. Преку Оперативниот план за 2019 година, поддржани се 1.300 микро бизниси, овозможени се обуки и преквалификации за околу 1.670 лица, додека со мерката пракиканство се опфатени 1.700 лица, што претставува вистинска поддршка и за самите компании и за невработените. Со новиот оперативен план за програми и мерки за вработување продолжуваме да спроведуваме активности кои ќе влијаат на намалувањето на невработеноста во државата, со поддршка на самовработувањето, но и преку обуки и преквалификации со кои ќе се задоволат понудата и побарувачката на работна сила на пазарот на трудот“, истакнал вицепремиерката Царовска.

Таа посочила дека во периодот кој следи Владата ќе биде посветена на унапредувањето на програмите во образовниот процес, со особен фокус на средните технички училишта и техничките факултети, за да се следи процесот на индустријализација на земјата и да од образовниот процес излегуваа квалитетни, добро обучени кадри, за повисока продуктивност и ефикасност на компаниите, а со тоа и повисока конкурентност на домашниот и меѓународните пазари.

Во своето обраќање пред присутните Царовска додала дека во изминатите две и пол години се направени исклучително големи чекори во енергетскиот сектор, при што го посочи донесувањето на Законот за енергетика, целосно усогласен со третиот енергетски пакет на Европската Унија, како и Законот за енергетска ефикасност, кој е во собраниска процедура, а со чие усвојување земјата ќе направи дополнителен исчекор.

Претставниците на коморите, синдикатите и организациите на работодавачи изнеле свои видувања за идната соработка со Владата, а заедно со вицепремиерката се согласиле дека сите законски решенија, политики, програми и мерки, треба да се носат преку заедничка координација и широки консултации, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ