• Latest

Тигањ: Секогаш можете да сметате на силна политичка поддршка од Хрватска на вашиот пат кон ЕУ

January 16, 2020

Неделковски ја брани власта со навреди и сексизам: „СДСКомуњарска, победете на избори па сменете ги Панче и Христијан – дотогаш, попуши ми изнад колена“

September 18, 2025

Проф. д-р Оливер Андонов за „хибридните напади“ на власта и наративите во пресрет на локалните избори (1 дел)

September 18, 2025

Две години затвор за Лидија Димова, ќе треба да врати 22,7 милиони денари на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

September 18, 2025

24 ЧАСА: ДИК, ДКСК и ДЗР со Меморандум за изборите; Ексклузивно со проф. д-р Оливер Андонов за „хибридните напади“; Пратеничките против насилство врз жени; Србија и Русија преговараат за нуклеарка

September 18, 2025

Рекорден број реакции на прашањето на ЦИВИЛ за воениот рок

September 18, 2025

Мицкоски: Нашиот пат кон ЕУ е повеќе од хармонизација на закони – тоа е создавање институции кои работат по европски стандарди

September 18, 2025
Фото: МИА Архива

Жените – пратенички од Клубот на пратенички во Собранието упатија реакција за навремена и ефикасна реакција на институциите во случаите на насилство врз жените

September 18, 2025
Israel arrests people in West bank
Source: Al Jazeera

Масовни апсења на Израел во окупираниот Западен Брег

September 18, 2025
Protests in Paris, France- September 18
Source: Times Now screenshot

Во тек е најголемиот штрајк во Франција во последните години е во тек поради политичката криза

September 18, 2025
Фото: ДИК

ДИК, ДКСК и ДЗР потпишаа Меморандум за соработка за Локалните избори

September 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тигањ: Секогаш можете да сметате на силна политичка поддршка од Хрватска на вашиот пат кон ЕУ

January 16, 2020 14:14
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со изведба на химните на Хрватска од страна на далматинската клапа „Грделини“ и на Северна Македонија од страна на пејачката Елена Ристеска, синоќа во Европската куќа во Скопје беше одбележано меѓународното претставување на хрватското претседавање со Советот на ЕУ.

Амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ, која го претстави хрватското претседавање со ЕУ во наредните шест месеци, рече дека Хрватска, седум години по влезот во клубот на ЕУ, првпат го презема претседавањето и како најмлада членка има шанса да ја обликува европската политичка агенда.

 

– Како најмлада членка, со свежа меморија за пакетот за проширување, Хрватска е свесна за сите предизвици и можности што стојат на Вашиот пат. Можеби се чини дека постигнувањето на вашата цел за членство е прекриена со предизвици и пречки, но како дра пријател на македонската нација Хрватска ќе биде тука да ја понуди својата поддршка и секогаш да Ве потсетува дека сето тоа вреди, истакна амбасадорката.

Амбасадорката посочи дека за време на хрватското претседателство, но и во годините што доаѓаат, Хрватска ќе продолжи да ја нагласува потребата од забрзување на процесот на пристапување со Северна Македонија. Бидејќи, како што кажа, македонскиот народ отсекогаш се смета за пријател на нашата земја, и јасно докажа дека припаѓа во европското семејство.

– Секогаш можете да сметате на Хрватска, споделувајќи го нејзиното искуство за спроведување на реформите, и силна политичка поддршка на вашиот европски пат. Убедена сум дека вечерашниот прием е само почеток на нашата заедничка работа. Хрватска и Македонија, кога ќе ги здружат силите, секогаш резулатот е позитивен, подвлече амбасадорката Тигањ.

 

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој исто така имаше кусо обраќање на приемот, рече дека 2019 година беше турбулентна за регионот, имаше добри работи но и нешта на кои сакаме да заборавиме.

– Сметам дека 2020 ќе почне со свеж состав на Европска Комисија, новиот еврокомесар за проширување денеска е во градот, и има средби со новата Владата на Северна Македонија, тоа е ветувачки почеток. За време на средбите тој укажа на претпазлив оптимизам дека оваа година ќе биде подобра отколку претходната, рече Жбогар.

Изрази задоволство што Хрватска е сега претседавач со ЕУ. – Тоа е одлично за целиот регион. Таа е земја што одлично го познава регионот, земја која го разбира регионот и која се грижи за регионот во момент кога важни одлуки ќе бидат носени за регионот, вклучително и на Самитот во Загреб во мај, истакна Жбогар.

 

Премиерот Оливер Спасовски, кој присуствуваше на приемот, рече дека претседателството на Хрватска со ЕУ започнува во важен момент за Северна Македонија и во момент кога и ние очекуваме да ги започнеме преговоите со ЕУ и тоа и било заеднички успех.

– Факт е дека Република Хрватска е голем поддржувач на нашата земја, на патот и кон НАТО и кон ЕУ. Северна Македонија направи се што требаше да биде направено во однос на исполнување на критериумите и јас очекувам дека Европскиот совет ќе ја исправи одлуката од октомври и ќе донесе вистинска одлука со надеж и силна порака не само за нашите граѓани, туку и за граѓаните на целиот регион, истакна Спасовски.

 

Шефот на дипломатијата Никола Димитров рече дека вчера беше убав ден за македонските европски амбиции, прво со посетата на комесарот за проширување Оливер Вархеји, кој испрати убави пораки за нашата земја.

– Тој самиот кажа дека сме ние прва земја што ја посетува што е вон Европската Унија, тоа е на некој начин еден убав сигнал. Кажа многу убави пораки – 50 милиони евра награда за реформски достигнувања, вчера тоа го најави на прес-конференција, кажа дека работи на новата методологија, и кажа дека работи на одлука конечно да почнеме со пристапните преговори, пред самитот во Загреб. Тоа му беа неговите три клучни пораки, рече Димитров.

На приемот свој настап имаше и гитаристот Влатко Стефановски кој ја изведе „Јовано Јованке“.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    241 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    223 shares
    Share 89 Tweet 56
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ