Од продукцијата на лажните вести, денеска ја издвојуваме објавата од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев. Тој на Фејсбук објави фотографија стара година и половина како да се работи за актуелна состојба.
Осомничените во предметот “Империја”, скоро секогаш успевале да дознаат што СЈО презема против нив. Надлежната обвинителка за овој предмет Лиле Стефанова, која сведочеше за предметот „Рекет“, рече дека истражителите ѝ објасниле дека при претресите извршени кај осомничениот Јордан Камчев, тие подготвени ги пречекале.
Стефанова изјави дека Јанева никогаш не се мешала во нејзината работа, сѐ до декември 2018 година, кога побарала да се даде позитивно мислење за одредување поблаги мерки за осомничените во предметот „Империја“.
На прашања од одбраната на обвинетата Катица Јанева, обвинителката Стефанова рече дека Јанева многу малку знаела за предметот „Империја”. Таа одговараше и на прашање во однос тоа кој знаел дека ќе се врши претрес кај Јордан Камчев.
– Информацијата дека ќе се врши претрес кај Јордан Камчев, не излезе од СЈО, туку однадвор. При претресот се најдоа нови телефони, штотуку ставени во употреба, рече Стефанова.
Законот за јавно обвинителство неделава влегува во собраниска процедура, а по неуспешната средба на партиските работни групи во петокот, нов обид за приближување на ставовите ќе биде јавната расправа што во вторник ќе ја организира парламентарната Комисија за политички систем. Премиерот Оливер Спасовски вчера најави дека законот за јавно обвинителство ќе биде доставен во Собранието многу скоро, и ги повика политичките партии да го поддржат.
А. Петровска