• Latest

Не е до тронот, до личноста е

January 31, 2020

Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА од Белград: Сериозни изборни нерегуларности, долги редици и сведоштво за генерацијата што бара правда (ВИДЕО)

October 25, 2026

Пет дизајнери што го променија лицето на урбаната мода

October 25, 2026

Србија гласа: До 11 часот излезноста достигна 27,3 отсто – речиси двојно повеќе од изборите во 2023 година. Што може да значи тоа?

October 25, 2026

Хоџиќ и Андонов: Изборите во Србија може да ја променат политичката слика на Западен Балкан

October 25, 2026

Референдумска атмосфера во Србија, речиси 20 отсто излезност до 10 часот, долги редици и во Њујорк (ВИДЕО)

October 25, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Убаини

October 25, 2026
Долги редици пред гласачките места во Блок 45 во Нов Белград - гласачите трпеливо чекаат да го сотварат своето право на глас, веќе од 4 часот наутро (фото: Марко Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА)

Доцнења на избирачките места во Белград, гласачите чекаат во редици со кафе, кифлички и книги

October 25, 2026
Блок 45, Нов Белград, редица за гласање веќе од 4 часот наутро (фото: Марко Маневски)

Србија гласа: Во Блок 45 во Нов Белград граѓани чекаат во редици уште од 4 часот наутро

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Не е до тронот, до личноста е

И Брисел и Вашингтон пак, сега предизборно, го кажаа своето. Овој пат за Законот за обвинителство. И нивното настојување пак не е во прилог на притиснатиот Мицкоски. И тој повеќе нема простор за маневри. Дотуркан е до ѕидот.

January 31, 2020 09:58
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

од корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Пустиот тој Мицкоски. Што  му требаше да се нафати за претседател. Од старт се виде дека не е дораснат да води една толку голема, една судбинска партија за Македонија каква што, заедно со СДСМ, е ВМРО-ДПМНЕ. Човекот фино ќе си пливаше во некои академски, води и евентуално можеби некогаш ќе си се докопаше и до некое министерско столче. Вака, по априлските избори, утешно ќе му му остане само собраниското. Кај и да е, од моќниот партиски престол на кој го насади Груевски, ќе мора да абдицира.

Неговиот проблем е што тој, Христијан Мицкоски, очигледно пресметал, секако погрешно, дека аналогно на моќта на партијата, како нејзин, макар административно, прв човек, моќен ќе биде и тој. Се разбира, во политичка смисла. Но, илузијата му ја разбија и го заробија партиските пратеници, оние ликови од бомбите. И доколку воопшто ги имал, му ги исцедија и идеите и силата да ја обнови, да ја реформира и да ја постави партијата на друг колосек. Да ја насочи кон Европа. Наместо тоа, тој продолжи да јава врз рецидивите на политиката на Груевски. А таа сега има само една цел – да ги анулира сите обвиненија покренати од сега веќе мртвото специјално обвинителство.

Тој самиот не успеа да се ослободи од мантрата на својот претходник. Од долгот спрема него. Уште повеќе од аманетот да го штити од неговото криминално минато. Фатен во сопствената стапица, со истите уцени и за иста цел, се соочи и со темните ликови од партиската пратеничка група. Меѓу нив, актери кои една деценија беа активни, мошне активни и плодни креатори на сега веќе поразената изолаторска режимската партиска политика.

Но, еве, таа работа не ја бива. И Брисел и Вашингтон пак, сега предизборно, го кажаа своето. Овој пат за Законот за обвинителство. И нивното настојување пак не е во прилог на притиснатиот Мицкоски. И тој повеќе нема простор за маневри. Дотуркан е до ѕидот. Му останува или да ги натера своите собраниски актери да го гласаат законот или политички пат натаму за него нема. Посебно не како водач на поразена партија на претстојните избори.

За ова, како шанса, на Мицкоски му стои уште малку време. Најмногу што во него може да издејствува, е компромис. Решение со кое, како што бара власта, обвиненијата од СЈО ќе останат во живот и со кое, како што барат неговите, обвинителите на СЈО не ќе бидат дел од обвинителската институција. Прашањето е само дали на оваа линија ќе успее да се извлче од груевистичкките стеги и дали ќе се издигне во личност која конечно ќе умее да промовира свој сопствен политички компас.

До сега, тој со ништо не покажа дека е личност достојна за моќната партиска позиција. И не успеа да се ослободи од криминогените сопартијци и да промовира нова и потенцијално чиста пратеничка екипа. Плашливиот Мицкоски не успеа да разбере дека функцијата сама по себе не рефлектира моќ.

И дека не е до тронот, до личноста е.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ