• Latest

Ивановска: Граѓаните да обезбедат материјални докази при пријавување на поткуп на гласови

February 3, 2020
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ивановска: Граѓаните да обезбедат материјални докази при пријавување на поткуп на гласови

February 3, 2020 12:22
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси има надлежност да ги следи изборните кампањи и финансирањето на политичките партии. Колку се капацитетите на ДКСК веќе сите знаат, меѓутоа ние сакаме со помош на нашите алатки да ја надминеме оваа слабост. Веб-порталот во кој беше евидентиран Регистарот на службени возила ќе го обновиме, ќе испратиме нов барања до институциите. Веб –порталот каде граѓаните можеа да пријавуваат неправилности ќе биде активен со тоа што тука ќе ставиме акцент на поткуп на гласачи затоа што имаме сознание дека тоа може да биде голем ризик од корупција“, изјави Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК за ЦИВИЛ Медиа.

Во контекст на предвремените парламентарни избори, Ивановска посочи дека многу ќе биде значајна соработката со невладините организации, како што е и ЦИВИЛ, што имаат свои набљудувачи на изборниот процес од аспект на насочување на главните цели на ДКСК што треба да се следат во текот на изборната кампања. Ивановска, истакна дека ваквата соработка е битна во помошта што можат тие да ја пружат во посочување на сè она што е присутно како рекламен материјал, каде се одржуваат кампањите, кој јавен простор се користи…

„До сега не сме добиле таков случај, уште, официјално, не е почната изборната кампања. Би ги замолила граѓанките и граѓаните да обезбедат соодветни докази за корупција, да не биде само како набедување поради некако лично чувство, туку едноставно сè да си биде добро аргументирано. Секој граѓанин треба да знае дека на избори треба да се излезе слободно и да си гласа според своето убедување, право и волја. Значи, не треба да гласа под нечие влијание. Сè она што ќе го препознае како влијание треба да го отфрли, а доколку постојат и материјални докази за тоа веќе и да алармира“, истакна Ивановска.

Препорака на ДКСК е граѓаните секогаш да гласаат по сопствено лично убедување, а не по некое ветување за идно вработување и слично.

Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ