• Latest

Несоодветно третиран медицински отпад завршувал на „Дрисла“

February 4, 2020
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Каја Калас: Предложените концесии на земјиште од Украина се стапица на Путин, најсилната безбедносна гаранција е силна украинска армија

August 22, 2025
Фото: Министерство за правда

Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Израелскиот  министер за одбрана: Градот Газа ќе биде срамнет со земја ако Хамас не се согласи со нашите услови

August 22, 2025

Гардијан: Податоците на ИДФ покажуваат 83% стапка на смртност на цивили во Газа

August 22, 2025
Фото: Скриншот

Над 20 земји го осудија планот на Израел за населување на окупираниот Западен Брег

August 22, 2025
Фото: Центар за управување со кризи

ЦУК: Осум активни пожари низ државата

August 22, 2025
Фото: Тулси Габард / Х

Шефицата на разузнавањето на Трамп наредила прекин на споделувањето разузнавачки информации за мировните преговори меѓу Русија и Украина со сојузниците 

August 22, 2025

Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици

August 22, 2025

Од коментари до промени: Време е да ги поставиме прашањата што навистина значат нешто

August 22, 2025

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Несоодветно третиран медицински отпад завршувал на „Дрисла“

February 4, 2020 15:50
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Необработен медицински отпад без почитување на пропишаниот протокол се третирал на депонијата Дрисла. Случајот во декември го открил главниот инспектор на Град Скопје, Мирослав Богдановски кој реагирал професионално и одговорно затоа што имал многу дојави од граѓани дека во кругот на фирмата подолго време се случува нешто сомнително, се шири непријатен мирис и дека отпадот не се третира соодветно. Градскиот инспекторат го известил Јавното обвинителство.

Ова го соопшти на прес-конференција градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, кој побара од Јавното обвинителство да го испита случајот, а Министерството за животна средина и просторно планирање да ја испита работата на компаниите кои имаат лиценца.

– Ова е за жал начинот на кој бил третиран медицинскиот отпад во Скопје за кое ние немаме податоци за тоа колку долго и колку често се третирал на ваков начин. Наместо термичка обработка и стерилизација се случувало медицинскиот отпад да завршува во „Дрисла“ како обичен отпад, наведе Шилегов.

Отпадот, како што рече Шилегов, бил носен од Прилеп и Битола.

– Станува збор за субјект регистриран во Битола, кој поседува лиценца за работа, ова што можевте да го видите се остатоци од медицински отпад од медицинските центри во Битола и Прилеп донесени во Скопје, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање.

Градот пред 50-на дена го доставил видео доказот во Јавното обвинителство, но како што вели Шилегов, досега немаат каква било информација за преземени дејствија и дали воопшто официјално е
започната истрагата.

– По наши сознанија во пракса се случува дека сторителот на ова се покрива со документација од друга државна надлежна институција, рече Шилегов.

Одговарајќи на прашање дали и како се третирал овој медицински отпад во минатотото, тој посочи дека немаат сознанија, но смета дека ова е доволен доказ имајќи предвид, како што рече, дека несоодветното третирање на опасниот отпад може сериозно да го загрози здравјето на луѓето и да предизвика епидемија.

Шилегов информира дека инсинераторот во Дрисла работи, а стерилизаторот е во фаза на набавка, и очекува на почетокот на април дека ќе го инсталираат. Тој утре заедно со министерот за животна средина
и просторно планирање Насер Нуредини ќе ја посетат Дрисла.

Во однос на контролата на транспортирање и на собирање на отпадот, на прес-конференцијата беше појаснето дека таа е поделена на Државниот иснпекторат за животна средина и Државниот санитарен инспекторат. Санитарниот инспекторат го контролира собирањето внатре во болницата, во институцијата, додека Државниот инспекторат го контролира транспорот од болницата до крајната точка.

Шилегов информира и дека за тоа кои и какви количини, што е депонирано, што е папиролошки завршено или не е, е предмет што ќе го утврди ревизијата на Град Скопје што очекува за 2-3 месеца да биде завршена.

На прес-конференцијата, инспекторот Богдановски детално ги образложи фотографиите и видеоматеријалот.

– Машината за преработка на медицинскиот отпад за време на контролата не беше во функција и отпадот не беше соодветно третиран, со што отвораше можност за ширење опасни зарази по животот на луѓето и животните. Медицинскиот отпад се обработуваше во машина за сечење која што само го дроби отпадот, но не ги уништува бактериите. Таквиот непреработен медицински отпад го префрлаа во камион што не е
соодветен за транспорт на ваков тип инфективен и опасен отпад за потоа да биде транспортиран во „Дрисла“ како обичен отпад, објасни Богдановски.

Фирмата што го транспортира отпадот во Скопје, како што потврдија од Министерството за животна средина и од болниците, е „Еко клуб“ од Битола.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ