• Latest

Деркоски: ДИК не е надлежен да ги прекројува границите на изборните единици

February 5, 2020

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Деркоски: ДИК не е надлежен да ги прекројува границите на изборните единици

February 5, 2020 13:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија по добивањето на последното законско ажурирање на Избирачкиот список од 1 декември 2019 година до министерката за правда Рената Дескоска и до претседателот на Собранието Талат Џафери испратила известувања во кои ги информира дека избирачите во втората и во шестата Изборна единица го надминуваат дозволениот лимит од пет  проценти, а дека бројот на гласачите во третата и четвртата Изборна единица е под законски дозволениот лимит. Членовите на ДИК се децидни дека тие се должни да ги известат законодавците, но не и да вршат прекројување на изборните единици.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски вели дека Изборниот законик во членот 175 ги утврдува границите на изборните единици и опфатот на местата и општините и според тоа се знае во каква постапка и кој е овластен во државата да предлага измени на закони.

-Тоа е Владата како овластен предлагач, пратеници или пратенички групи во Собранието. ДИК во оваа ситуација нема никаква надлежност. Комисијата по добивање на состојбата секој месец има обврска да ги известува надлежните за состојбата во Избирачкиот список, односно за она што е плус/минус 5 проценти надминување или ненадминување и тоа ДИК го прави. Друго не може ништо да направи, рече Деркоски.

Последната состојба од декември лани укажува на тоа дека треба да се направат промени во четири изборни единици освен во првата и петтата. Според последното известување на ДИК, надминувањето во шестата Изборна единица е 8,60 проценти, а во двојката 5,74 проценти. Додека помал број избирачи има во четвртата Изборна единица и тоа 6,36 проценти и во третата Изборна единица за 7,64 проценти.

Претседателот на ДИК вели дека и досега се одржувале избори без да се интервенира во овој дел и смета дека нема никаква пречка и сега со вакви изборни единици да се одржат предвремените парламентарни избори, но сепак укажува на тоа дека дали ќе може или не да се одржат изборите со вакви изборни единици зависи од овластените предлагачи.

Во ДИК немаат информација кога и дали измените на Изборниот законик за што беше формирана работната група во Министерството за правда ќе бидат испратени до Собранието за тие да бидат донесени пред неговото распуштање следната недела и да важат за предвремените парламентарни избори.
Уште едни измени на Изборниот законик кои се однесуваат на промена на изборниот модел и за 50 отсто жени во листите за пратеници се заглавени во Собранието со многубројни амандмани. Неизвесно е дали воопшто до распуштањето на Парламентот ќе бидат донесени измени на Изборниот законик најважен акт за спроведување на избори.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ