• Latest

Нашата колективна амнезија за нивната колективна амнестија

February 11, 2020

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нашата колективна амнезија за нивната колективна амнестија

Со нужните компромисите за Преспанскиот и за новиот устав, Македонија ги крена интеграциските блокади но и го доурниса и онака урнисаниот правен поредок. Компромис се бара и сега. На прагот на изборите и на прагот на почетокот на преговорите со Европската Унија. Овојпат за Законот за Јавното обвинителство. Компромис поради уцени за овдешни политички, партиски, себични, криминални побуди.

February 11, 2020 13:39
in ВЕСТИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Од корнер: Зоран Иванов

Па добро, ете така требало. Неправдата да биде цената за нашите перспективи. Онаа највисоката со која, во својата тридецениска кризна транзиција, државата и општеството со несмален интензитет продолжува скапо, многу скапо да ја плаќа неправдата.

Со нужните компромисите за Преспанскиот и за новиот устав, Македонија ги крена интеграциските блокади но и го доурниса и онака урнисаниот правен поредок. Компромис се бара и сега. На прагот на изборите и на прагот на почетокот на преговорите со Европската Унија. Овојпат за Законот за Јавното обвинителство. Компромис поради уцени за овдешни политички, партиски, себични, криминални побуди.

Земјата уште долго ќе ја плаќа цената на деценискиот режим. Ќе го плаќа изгубеното децениско време за решавање на споровите што ни ги наметнуваат соседите, за блокораните евроинтеграции, за антиквизацијата, за сваровски судството, за доминантната корупција и клиентелизмот, за изборните уцени и кражби. За сите негативни рефлексии од тоталитарната десетгодишна партиска окупација.

Па, ако така требало да биде, ако цената е амнестијата, ајде да си го платиме и овој цех. Да си ги амнестираме обвинетите и потенцијалните криминалци согласно новите предлози во Предлог законот за обвинителство. Да затвориме уште една темна македонска политичка транзициска страница. И ајде политиката да им се извини на граѓаните. На шарените, на осудените кои не ги закачи ова најнова тивка политичка амнестија. И на чесните затоа што беа чесни. Затоа штоа не се огрешија на ниту еден закон и на кои политиката ним не им пружи никаква шанса да бидат амнестирани.

Сега по се`, по договорниот или премолчниот компромис меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тука е и ДУИ, секако и меѓу клучните осумтемина и со уште со по некој непринципиелен глас во собранието, следува уште малку и политички театар. И, ајде и ова нека мине. И конечно нека се договорат. И нека направат компромис да ги убедат европските бирократи што побрзо да стасаат во земјава. Македонија на пролет да го добие посакуваниот европски датумот за преговори. Не за толку за друго, колку барем да се разводнат овдешните тесно партиски политики. Со нивна помош и под нивен надзор, оваа ваква сегашна правно и безбедносно никаква Македонија, конечно да мрдне. Повторно, по којзне кој пат веќе, да почне од нула да ја ѕида својата правна европска иднина.

Наспроти волјата на граѓаните, Закон за Јавното обвинителство ќе ги стивне бомбите, ќе го заборави СЈО, ќе ѝ ги врзе рацете на правдата, ќе ги ослободи огрешените. Па, ако е тоа некаков нов компромис за некаков нов почеток, ако патот за натаму е преку ваквиот изнуден, неправен и неправеден Закон за јавното обвинителство, ако тоа морало да биде така, нека им биде.

Од нас, еве им ја нашата колективна амнезија за нивната колективна амнестија.


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ