• Latest

Обединетите нации го започнаа најголемото испитување на јавното мислење во светот за климатските промени

February 13, 2020

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Обединетите нации го започнаа најголемото испитување на јавното мислење во светот за климатските промени

February 13, 2020 16:10
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Познати личности и младински активисти денеска имаа средба со претставници на Обединетите нации, претставници на влади и на невладиниот сектор, со што почна кампањата Мисија 1.5 чија цел е да ги приближи ставовите на граѓаните и владите во однос на сеопфатните активности против климатските промени.

Мисија 1.5 има за цел да им даде можност на 20 милиони луѓе од целиот свет да го кажат своето мислење, да дадат предлози за начините за намалување на климатските промени кои сакаат да бидат усвоени од владите во нивните земји. Со кампањата, водена од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП),  треба да се надминат разликите меѓу граѓаните и владите, прашање кое се повеќе е во фокусот на јавното мислење на граѓаните низ целиот свет, често проследено со училишни штрајкови и масовни протести.

Во основата на кампањата е видео игра на интернет која може да се инсталира на мобилен телефон,  и е направена од УНДП со помош на експерти за игри, експерти за климатски промени и за анкети за испитување на јавното мислење. Во играта, учесниците имаат улога на креатори на политики за климатски прашања кои донесуваат одлуки со кои глобалното затоплување ќе се контролира под границата од 1,5 степени целзиусови.

Откако ќе ја изиграат играта, од учесниците ќе биде побарано да гласаат за клучни активности поврзани со климатската акција кои тие би сакале да бидат усвоени. Резултатите ќе бидат анализирани и предадени на владите, кои често немаат пристап до соодветни информации за тоа што мисли јавноста за климатската акција.

Во претходното најголемо меѓународно истражување на јавното мислење за климатските промени  учествуваа 10.000 луѓе од 76 земји и беше спроведено пред разговорите за климатските промени предвидени со агендата Париз 2015.

Играта Мисија 1.5 е достапна на https://mission1point5.org/ и може да ја играат луѓето од која било земја во светот.

Во врска со глобалната кампања која почнува денеска, администраторот на УНДП, Аким Штајнер изјави: “Заедно со нашите партнери од приватниот и јавниот сектор, имаме можност преку оваа кампања да поврземе милиони луѓе со нивните влади и да ги вклучиме во иновативна, двонасочна дискусија околу решенијата за климатските промени и да ги подигнеме очекувањата од разговорите за климатските промени COP26 кои ќе се одржат во Глазгов оваа година“.

Мисија 1.5 е развиена од УНДП и партнерите како онлајн платформа која ги подучува луѓето околу климатската акција и ги поврзува со нивните влади и креатори на политики. Кампањата се вика Mission 1.5 бидејќи мора да се одржи лимитот на глобалната температура под  1.5 степени целзиусови.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ