• Latest

Димитров: На политиката на проширување или комплетирање на ЕУ и’ треба добар мотор – како тие што ги произведува организаторот на овој панел – компанијата BMW

February 14, 2020
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: На политиката на проширување или комплетирање на ЕУ и’ треба добар мотор – како тие што ги произведува организаторот на овој панел – компанијата BMW

February 14, 2020 15:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Минхен го започна своето учество на Минхенската безбедносна конференција со обраќање на панел дискусијата „Градење општествена издржливост во европското соседство”.

Заедно со останатите панелисти – Маргаритис Схинас, потпретседател на ЕК задолжен за портфолиото Промоција на европскиот начин на живот, премиерот на Косово Албин Курти и Александра Томаниќ, Извршната директорка на Европскиот фонд за Балкан, дискутираа за најзначајните аспекти од европските политики и нивното (не)присуство во земјите од Западниот Балкан.

Министерот Димитров во своето излагање се осврна на потребата од инклузивност на „европската политика на издржливост” во регионот кој е несомнено дел од Европа и кој за своето европеизирање во сите сегменти, со акцент на владеење на правото, борбата против корупцијата економската конвергенција, оправдано очекува поголема инволвираност на ЕУ политиките. Заслужената позитивна одлука за почеток на пристапни преговори ќе биде валидација за досегашните напори на Северна Македонија, но и истовремено потврда за кредибилноста на Унијата.

МНР Димитров: „Не постои друг начин Европа да ја задржи својата лидерска улога во регионот и да биде партнер на кого му се верува, освен преку интегрирањето на земјите кои не само што се веќе географски и културолошки дел од неа, туку и курсот на своето политичко дејствување го усмеруваат кон европскиот модел.”

Министерот Димитров се осврна и на новиот документ од Европската комисија и некои од предностите кои таа методологија ги носи за земјите на патот кон своето евроинтегрирање, истовремено потенцирајќи ја политичката волја на земјите-членки како еден од клучните елементи за заедничка успешна европска приказна.

„Механизмот за реверзибилност на процесот не треба да ги плаши граѓаните, напротив, тие треба да се чувствуваат посигурно во однос на својата европска иднина знаејќи дека политичките предводници на процесот немаат повеќе простор за грешки. Гласно ќе бидат прозвани оние кои го уназадуваат општеството, но и ќе се даде признание на оние кои вложиле во европското реформирање на земјата”.

МНР Димитров ќе биде дел и од тркалезната маса насловена „Координирање, соработка, консолидирање? Придвижување на З. Балкан напред“ која се одржува денес попладне, а на маргините на Конференцијата ќе оствари билатерални средби со Јоханес Хан, еврокомесар за буџет и администрација, со грчкиот МНР Никос Дендиас, како и со МНР на Малта, Бартоло Еварист.

Првиот ден од учеството на Минхенската безбедносна конференција се заокружува со работна вечера организирана од претседателот на Светскиот економски форум – Борге Бренде, каде почесен гостин ќе биде американскиот државен секретар Мајк Помпео.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ