• Latest

Обраќање на Вице Заев до јавноста: Ниту јас ниту било кој член од моето семејство нема поврзаност со „Рекет“

February 19, 2020

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
Трамп и Путин во Алјаска. Фото: Скриншот

Вртење во круг: Трамп постави нов рок за мир во Украина, Сенаторот Греам бара Русија да се прогласи држава спонзор на тероризам ако не ги врати киднапираните украински деца

August 22, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК го донесе упатството за бројот на советници

August 22, 2025
Илустрација ВИ

Сè што треба да знаете за изборниот материјал, што е што во изборен контекст

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Палестинските фракции почнаа да го предаваат оружјето во бегалскиот камп во Бејрут

August 22, 2025

Локални избори 2025: Кој и како ги поднесува кандидатските листи?

August 22, 2025

Еднострано раскинати три концесии за експлоатација на минерални суровини, објави Министерството за енергетика

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Обраќање на Вице Заев до јавноста: Ниту јас ниту било кој член од моето семејство нема поврзаност со „Рекет“

Се интензивираа нападите со лажни вести и конструкции насечени кон мене лично и кон моето семејство преку дел од медиумите и преку опозициската ВМРО-ДПМНЕ, контролирани од Груевски. Сите овие измислици и конструкции ги демантирам јавно. Ниту јас, Вице Заев, ниту било кој член од моето семејство нема поврзаност со случајот познат во јавноста како „Рекет“ ниту пак со лагите кои на прес конференции ги изнесува ВМРО-ДПМНЕ

February 19, 2020 15:05
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Вице Заев, братот на поранешниот премиер на СРМ, Зоран Заев, денеска се обрати до јавноста. Обраќањето го пренесуваме интегрално:
„Почитувани,
После многубројните лажни вести за мене и моето семејство, а кои се објавуваат секој ден од страна на ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања со цел лична дискредитација на мојот  брат и нашето семејство, принуден сум да се обратам на јавноста.

Како и најголемиот број од нашите граѓани, јас и моето семејство цели 11 години, за време на режимот, бевме под притисок, под закани и уцени, а исто како и голем број други слободни граѓани, бевме изложени под смислена, црна пропаганда, преку медиумите кои ги контролираше Никола Груевски.

Деновиве се потсетувме на дел од овие методи на режимот, ги видовме остатоците на заробената држава повторно како реализираат црни кампањи. Се интензивираа нападите со лажни вести и конструкции насечени кон мене лично и кон моето семејство преку дел од медиумите и преку опозициската ВМРО-ДПМНЕ, контролирани од Груевски.

Сите овие измислици и конструкции ги демантирам јавно. Ниту јас, Вице Заев, ниту било кој член од моето семејство нема поврзаност со случајот познат во јавноста како „Рекет“ ниту пак со лагите кои на прес конференции ги изнесува ВМРО-ДПМНЕ.

Изнесените невистини дека сум се среќавал со лицата осомничени за овој случај, дека сум седел, дека ме имало на некои снимки ги демантирам, тоа не е точно. Обидите за мое инволвирање на било каков начин во валканата политичка кампања сметам дека е намерно, лажно и тенденциозно со единствена цел, да му се наштети на Зоран Заев и политиките кои ги спроведува.

Ги повикувам сите надлежни институции да ги проверат сите изнесени наводи, да ги објават сите снимки, видеа, аудио материјали, се што има барам да се објави, за јавноста да се увери во вистината.

Самиот факт што законски била спроведена постапката за прибирање докази и видео материјали потврдува дека никој нема контрола над постапките што се водат во МВР, во обвинителството и судството, освен надлежните институции.

Ако некој имал контрола на овие институции, како што беше за време на режимот, тоа никогаш немало да се случи.

Народот гледа што се случува и се му е јасно. Со невистини и лажни вести мета е семејството на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, затоа што тој е најголема закана за вистинските криминалци.

За овие луѓе нема ништо свето, ниту семејството, уште помалку граѓаните или државата.

Семејството Заеви, односно Зоран Заев е трн во окото за сите што се под контрола на Никола Груевски, избеганиот криминалец и кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните.

Ја уништуваа 11 години нашата татковина и избегаа за да се соочат со одговорност.

Затоа се шират лажни вести преку медиумите под нивна контрола, се шират измислици, секојдневно се пласираат тешки лаги, клевети, но и на прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ, не се бираат начини ниту средства да му се наштети на Зоран Заев и неговото семејство.

Им пречи затоа што беше најуспешен градоначалник на Струмица. Им пречи затоа што го сруши нивниот режим со пенкало. Им пречи затоа што ја донесе слободата и демократијата. Им пречи затоа што застана храбро против неправдите. Им пречи затоа ја придвижи економијата, ја врати социјалната сигурност, им помага на ранливите, не дели туку обединува. Им пречи затоа што успеа својата татковина да ја извади од калта и да ја внесе во НАТО, на чекор до ЕУ.

Но најмногу им пречи, затоа што се избори да се донесе Законот за јавно обвинителство со кој конечно доаѓа правда, се обезбедува правна држава и секој што се огрешил пред законот ќе одговара. Нема спас за криминалците. Ги чека затвор.

Јас не сум политичар и немам намера да се занимавам со политика. Со ова мое обраќање до јавноста сакам да соопштам дека нема повеќе да комуницирам ниту да реплицирам на нивните лаги, измислици, конструкции.

Нема да дозволам да ме вовлечат во нивната кал.

Не сум згрешил ништо, не сум прекришил ниту еден закон, работам одговорно и чесно.

11 години моето семејство, бизнисот со којшто се занимава, беше мета на бројни контроли, секојдневни инспекции од партизираните институции, па дури и тој режим не најде ништо незаконско, затоа што незаконско нема. Вистината е секогаш посилна од лагата.

Јас продолжувам да се занимавам со бизнисот со којшто сум уште од 1990 година навака. Семејството Заеви е успешно семејство не заради политиката туку заради луѓето и начинот на којшто го води бизнисот, одговорно и чесно, овде во нашата родна земја.

Обезбедуваме околу 800 работни места и придонесуваме во економијата со годишен данок по сите основи од околу 1 милион евра. Тоа се факти кои говорат за посветеност, за желба за напредок и ние така ќе продолжиме.

На тие што 11 години извршија грабеж на државата и ја држеа во изолација ценам дека им е кристално јасно дека нема да успеат да се спасат од одговорност ниту пак да го застанат напредокот на државата.

Јас, како и целото мое семејство, му даваме на Зоран Заев целосна поддршка да го заврши она што заедно со мнозинството граѓани во оваа земја го започна, да нема режим, криминал и корупција, да владее независна правна држава во која секој е еднаков пред законите. Да не се вратиме во мракот. Никогаш повеќе да не се повтори режим!

Ние ќе ги трпиме сите навреди, лаги, притисоци заради граѓаните на нашата заедничка татковина, Република Северна Македонија, нивните семејства и нивните деца, за нејзината иднина, за нејзината слобода.“

Вице Заев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ