• Latest

Форум: Проширување на идејата на Банката за храна

February 27, 2020

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Форум: Проширување на идејата на Банката за храна

February 27, 2020 19:09
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Како дел од проектот „Помалку храна на депонија, а повеќе по домовите“ денеска во Велес се одржа Форумот за проширување на идејата на Банката за храна. Целта е во земјава да се создаде систем кој постојано, 365 дена во годината ќе обезбеди барем малку достојна храна за оние на кои им е најпотребна, на гладните и сиромашните потенцира, Душко Христов основач и раководител на Банката на храна.

Според него во земјава 455 илјади граѓани немаат еден достоинствен оброк, а со храната што се фрла можат да се нахранат околу 15-тина илјади семејства со во просек по три членови, или тоа би значело дека од 45 до 50 илјади луѓе секојдневно би имале достоинствен оброк што би им се овозможил преку системот Банка за храна.

– Жалосно е што секојдневно на депониите во земјава завршуваат стотици тони храна која може да се искористи како храна за сиромашните, рече Христов. 

Во Банката за храна имаат донации од некои од поголемите маркети и фирми, но тоа не дооволно.Тие прават напори на сиромашните семејства да им овозможат тие сами да произведуваат храна, како на пример производство на јајца од  кокошки, а потоа и чување кози и друга живина, а тоа што од произведената храна ќе им остане и да го продаваат.

Како што појаснува за МИА, Душко Христов нивното мото е да не ги хранат депониите, бидејќи храната произведена од луѓе треба да биде изедена од луѓе.

Тој појаснува дека освен социјално загрозените семејства за кои се грижат Центрите за социјална работа, нивниот акцент како Банка за храна е ставен на семејствата со ниски примања или самохрани родители, кои работат, а не можат да си дозволат доволно храна.

Христов информира дека Банкарстото за храна засега има подршка од локалните власти, во Општината Центар во Скопје. Потоа имаат одлична соработка со градоначалникот на Општина Кавадарци, каде што имаат и простор и возило и доволно средства за функионирање на Банката за храна. Тие имаат и поддршка од Општините Охрид, Свети Николе, Чаир ,а се прават напори да заживее и во Велес и други градови.

Тој најави дека во таа насока со заменик градоначалникот на Општина Велес и претседателот на Советот  Ненад Коциќ се прават напори за обезбедување на магацински простори и возило за Банката за храна и со тоа Велес наскоро да биде вклучен во Банката за храна.

Христов за МИА, појасни дека освен обезбедување на храна за сиромашните, тие работат и на измени и дополнувања на одредени законски одредби во државата. Тој како  пример наведе  дека се уште во земјава нема термин „вишок на храна“  и дека тие минатата година издејствувале кај надлежните тој закон да се вика Закон за донирање на вишок на храна.

-Тој закон ќе  ги дава насоките и условите за донирање на тој вишок на храна. Така во една категорија ги ставаме операторите со храна, а тоа се производители, дистрибутери и продавачи. Тие ќе треба да бидат малку повеќе будни ако се донесе тој закон, а ние се надеваме дека ќе се донесе, појасни Христов.

Имено, денешниот Форум во Велес беше  дел од Проектот „Помалку храна на депонија,а повеќе по домовите“ кој се реализира  во рамки на ИПА Програмата 2016-2017,поддржан од ЕУ, а во Велес го реализира Здружението „Бирлик Јекипе“.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ