• Latest

Мала дневна изборна хронологија

February 28, 2020
Фото: Б. Тахири

Дерала: Медиумите се слуги на партиските и олигархиските центри на моќ

October 9, 2025
Фото: Б. Тахири

Спасов: Измените на Изборниот законик се направени со Пржинскиот договор – тие норми се направени за тогаш, а не да траат до денес

October 9, 2025

Небиу: Изборите не се фер, пристапот кон парите, ресурсите, гласачите не е ист за сите

October 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американците не ја сакаат Трамповата федерална репресија со Националната гарда, тој сепак притиска напред

October 9, 2025
Вујкото на заложникот што го држи Хамас зборува за Си-Ен-Ен поради надежите за прекин на огнот. Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел проценува дека Хамас нема да може да ги врати останките на сите преостанати починати заложници

October 9, 2025

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност: Предизвици и решенија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Селими: Добро е за демократијата тоа што се уште „не умре“ граѓанскиот сектор

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Хоџиќ: Пукнаа полулистичките балони кога актуалната власт почна да ја користи придавката Северна, кога не го укинаа договорот со Бугарија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Незири: Има слобода на гласање, но има екстремна партизација – разликата од минатото е што порано имавме една партија, сега имаме повеќе партии

October 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Мала дневна изборна хронологија

February 28, 2020 19:12
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со оглед дека и денешниот ден го одбележа корона вирусот, некако неминовно беше да произлезе и како прашање и на една редовна и вообичаена седница на Државната изборна комисија во предизборниот период. Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски изјави дека очекува партиите да се придржуваат до препораките во врска со јавните собири во контекст на превентивата од корона вирусот, за што денеска на седница одлучуваше Владата. Но, во изборен контекст меѓу многуте одлуки што ги донесе ДИК оваа недела, ги одвојуваме Кодексот на набљудување и  Регистарот на радиодифузери, печатени и електронски медиуми.

Од вкупно 345 одoбрени, 45 телевизии, 53 радио станици, 12 печатени медиуми и 235 електорнски медиуми ќе бидат на располагање на учесниците на изборите за платено политичко рекламирање. Учесникот во изборната камања не може да нарача платено полиитчко рекламирање од оние радиодифузери, печатени и електронски медиуми што не се во регистарот и да ги исплатат од трансакциска сметка за изборна кампања. Радиодифузери, печатени и електронски медиуми имаат обврска да го објават ценовникот. Кодексот, пак, ги утврдува процедурите за набљудување и процедурата за вршење на набљудувачката мисија на акредитираните набљудувачи. Кодексот ги обврзува акредитираните набљудувачи да имаат познавање од Изборниот заканик, да се придружуваат кон одредбите на Кодексот и да се непристрасни кон извршување на своите должности.

Денеска претседателот на СДСМ ја промовираше и програмата на партијата за овие избори барем она што се однесува до економијата. „Сто илјади нови работни места во нов цел четиригодишен мандат“. вети Заев.

Заев најавува поддршка од 600 милиони евра за бизнисот, односно 300 милиони евра поддршка од државата за домашни и странски инвестици  и уште 300 милиони европски средства за развој на домашната економија. Со ова, како што рече, невработеноста која сега изнесува 17,1  ќе ја намалат под осум проценти, односно под 20 проценти кај младите, која во моментот е 35 проценти. Тој истакна дека во новиот мандат ќе продолжи растот на платите, односно просечната плата ќе порасне на 36 илјади денари, а  минималната на 18 илјади денари. Заев на новинарско прашање за објавените аудио записи од страна на пратеникот Антонио Милошоски за средбата со осумте пратеници од Независната партеничка група на ВМРо-ДПМНЕ и еден од обвинетите во случајот „Рекет“ рече дека ВМРО-ДПМНЕ си направи удар сама врз себе со објавување на снимените разговори.

„Со ваквото објавување пост фестум на донесениот Законот за ЈО, само потврди зошто беше вредно да се гласа, да се усвои, за да се гарантира правната држава во иднина, покрај тоа што е многу важен за одлуките на Европскиот совет на нашата држава“, истакна Заев.

Тој го повика Милошоски да ги објави комплетно сите разговори и потсети дека кога од СДСМ пуштале дел од „бомбите“, на новинарите им ги давале целите разговори за да го знаат контекстот и за да знаат што е целата суштина.

Од ДУИ денеска коалицијата меѓу СДСМ и БЕСА ја оценија како свесна дефакторизација на албанскиот глас од овие партии. Според Изет Меџити од ДУИ потегот на овие партии е во спротивност со албанските интереси и претставува очајнички напор за спас на политичката сцена, додавајќи дека претопувањето во таканаречениот сојуз на Беса во СДСМ е нивен партиски интерес и одлука на раководството на овие партии.

ДУИ сега има сериозни два конкуренти – БЕСА преку коалицијата со СДСМ и самата СДСМ, која исто, така ужива сериозна поддршка кај албанскиот електорат е оценката на политичкиот аналитичар Насер Зибери. Како што вели тој, кога станува збор за албанскиот блок, Алијанса на Албанците пропуштила една добра шанса да формира еден блок на опозициони политички партии наспроти ДУИ, со нејзиното влегување во коалиција со Алтернатива.

За очекувањата од овој изборен процес амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих, кој се надева дека изборната кампања ќе има содржини, а не само меѓусебни партиски обвинувања.

„Секоја страна ја посочува другата како криминална, се зборува за „бомби“, но кога тие ќе експлодираат, не се толку силни за да мора да постои страв од нив. Би било важно за гласачите да знаат каква програма имаат партиите, во која насока сакаат да ја водат земјата во иднина, во интерес на граѓаните, на земјата. Кога тоа би се случило, мислам дека многу повеќе гласачи би излегле на изборите“, вели Герберих, кој додава дека  подобро ќе беше изборите да беа регуларни, наместо предвремени, бидејќи тоа е одреден фактор на стабилност.

Сепак, Џабир Дерала од ЦИВИл смета дека довербата на граѓаните во изборните процеси се враќа, но треба да се најде и успешно решение на проблемите на нашата земја.

„Дополнително врз сите овие настани влијае и работата на ДИК, за која можам да констатирам дека сосема солидно си ја работи работата, иако е предводена од луѓе претставници на опозицијата. Тоа ни кажува дека првите луѓе на ДИК си ја знаат работата, а гласачите веднаш знаат да го препознаат тоа“, изјави Дерала

И за крај, уште не е доцна да се проследи „дуелот на деценијата“ меѓу Зоран Заев од СДСМ и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ