Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 изнесе сериозни обвинувања за криминал на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во време кога бил директор на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Заев откри дека Мицкоски купувал струја за 200 евра по мегават во период кога цената била 43 евра. За ваквото тврдење Заев во студио покажа документи за да го поткрепи криминалот. „Вие, Мицкоски крадевте пари како директор на ЕЛЕМ. Потпишувате договор за една иста работа. Истот договор еднаш е 1,6 милиони, другпат го потпишувате на 8 милиони и 850 илјади денари, со Панче Тошковски, кој ви е другар и така го кршите законот, злоупотребувајќи ги јавните пари. Вие купувавте струја по 200 евра мегават а цената е 43 евра“, посочи Заев. Освен за криминалот во ЕЛЕМ, Заев го потсети Мицкоски дека во време на режимот на ВМРО ДПМНЕ цената на струјата се покачила за 100 отсто. „Во ваше време цената на струјата ја покачивте за 100 отсто, а денес таа е намалена за 5 отсто. Во ваше време ЕЛЕМ увезуваше струја, а денес продава. Во ваше време цените за ископ на јаглен беа 154 денари за кубик а денеска се од 89 до 92 денари, е тоа е криминал, направете ги разликите. Затоа денес има пари, а во ваше време немаше пари“- заклучи Заев.