• Latest

8 Март е борбен ден, непомирлив, жеден за рамноправност, критички настроен, строг!

March 8, 2020
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

8 Март е борбен ден, непомирлив, жеден за рамноправност, критички настроен, строг!

Овој ден е совршен за да нè потсети (или да нè научи) дека редовно треба да ги споредуваме законската рамноправност и фактичката различност, да го вкрстиме глобалниот напредок со локализираната регресија на конкретни теми.

March 8, 2020 12:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ТАЊА КАРМЗОВА КОСТИГЛИОЛА

Осмиот ден од март не може да биде среќен. Тој е борбен, непомирлив, жеден за рамноправност, критички настроен, строг. Осмиот ден од март не е еден од ретките, ако не и единствен датум на кој смееме да одиме сами во кафана или на патување. Тој е потсетник на заслужена слобода, онаму каде што револтот и битката ù направиле место за да се вгнезди и да биде предводник на вкоренувањето на светско ниво.

Денот е совршен за да нè потсети (или да нè научи) дека редовно треба да ги споредуваме законската рамноправност и фактичката различност, да го вкрстиме глобалниот напредок со локализираната регресија на конкретни теми.

ЕКСЦИЗИЈА (ИЛИ ОТСЕКУВАЊЕ НА КЛИТОРИСОТ И ДЕЛ ОД ВУЛВАТА)

Да, во ХХI век, во одредени земји, сè уште е актуелно верувањето дека пристапот до телесно задоволство и оргазам е ексклузивно резервиран за мажите. Овој вид на осакатување се применува во Етиопија, Египет, Индонезија, Џибути, но и во Канада и Белгија на барање на семејства чие потекло е од државите каде оваа пракса е традиција. Во 2016 година, вкупниот број на ексцизирани жени во светот е 200 милиони, од кои 44 милиони се под 15 годишна возраст.

ПРИСИЛНИ БРАКОВИ

Годишно, околу 12 милиони малолетници со јасна женска предоминантност стапуваат во брак под присила на семејството и често со финансиски надомест. Овој феномен се среќава во одредени држави на афричкиот континент, на Блискиот Исток и неколку азиски земји. Еден од светски познатите примери е случајот на Нура Хусеин од Судан во 2017 година.

РЕСТРИКЦИЈА НА ЖЕНСКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ

Глобално, начин на облекување, ограничување на слобода на движење, следење на комуникациите и интеракциите со другите членови на општеството и нивна забрана, негирање на правото на вршење одредена функција, право на глас, на поседување имот, па дури и возачка дозвола. Верувам, под оваа точка, ќе препознаете повеќе од една ваква жена во вашето најблиско опкружување, и поради тоа неизмерно жалам и се срамам. Екстра податок: во Саудиска Арабија за време на судско рочиште сведочењето на жените вреди половина помалку од она на мажите.

НАСИЛСТВО, САЈБЕР-НАСИЛСТВО И ФЕМИНИЦИДИ

Удари врз жена зашто е жена. Зашто е стрејт, геј или би. Сексуални агресии оти носи краток фустан, широки панталони или џелаба. Сексуална уцена затоа што, иако е способна и со извонредни квалификации, има амбиции да напредува. Модерна инквизиција и современи клади наречени онлајн линч, затоа што е жена. Мртва, затоа што е жена. Во Франција, 2019 година заврши со 150 феминициди, жени кои паднаа покосени од раката на нивниот (поранешен) партнер, на светско ниво бројките од јули зборуваа за 50.000 жртви кои им подлегнале на нанесените повреди.

АБОРТУС

Незаконските абортуси секоја година носат во неповрат вртоглава бројка на жени, дотолку што до солидна статистика е тешко да се дојде. САД прави чекор назад со лимитирање, да не речам отежнување на пристапот на пациентките. Во Полска и во Аргентина редовно се протестира за да се зачува правото на жената да располага со своето тело, право кое е загрозено во бројни земји под влијание на религиските заедници и конзервативните политички движења. Во Азија, пак, распространет е абортусот како полова евгеника, кадешто женските фетуси често не стигнуваат до фазата “новороденчиња”. Овде ќе ја цитирам Симон Веј: „Сакам да споделам со вас едно женско убедување, и се извинувам што морам тоа да го сторам пред Собрание речиси целосно составено од мажи. Ниту една жена не абортира од задоволство. Абортусот е драма, и ќе остане драма“.

НЕЕДНАКВОСТ ВО ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ШАНСИ И ПЛАТНИОТ НАДОМЕСТ

Парите кај носителите на јавните функции? Заборавете. Парите кај високите претставници на приватни фирми? Заборавете. Разликата, по принципот на “за еднаква работа – еднаков надомест” е близу 20 проценти во полза на мажите, а на (евентуална) штета на жените.

*

Листата, за жал, не е конечна. На осмиот ден од март јас немам ништо за славење. Имам купишта прекори кон жителите на еден свет кој има очајна потреба од хармонија, а не си дава шанса да ја достигне.

Сите рози, каранфили, хризантеми, ако ви е јасно значењето на денот, положете ги некаде во спомен на Роза Луксембург, Клара Цеткин, во спомен на Симон Веј, Симон де Бовоар, во спомен на сите жени чиј живот згаснал или згаснува во моментов на еден или на друг начин од едноставна причина што за овој свет рамноправноста е мисловна именка и тенок фил хипокризија, и зависи од дневната политичка агенда на оние кои заборавиле дека паднале од нечии матки.

Tags: 8 мартжениправарамноправностродчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ