• Latest

Седуммина заболени од коронавирус, заштитните мерки да се почитуваат, во спротивно ќе се сноси одговорност

March 10, 2020

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Седуммина заболени од коронавирус, заштитните мерки да се почитуваат, во спротивно ќе се сноси одговорност

March 10, 2020 08:46
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Седум случаи на заболени од коронавирус се регистрирани во земјава, откако вчера присуството на Ковид-19 беше регистрирано кај директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Билјановска, а подоцна Министерството за здравство информира дека од осумте тестирани пациенти вчера попладне, тројцата членови на семејството на сопружниците од дебарско се позитивни.

Директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Билјановска, која пред една недела се вратила од Италија, не се пријавила во здравствените служби, изминатите денови одела на работа, а викендот дури одржала и стручно предавање за дерматовенеролози на кое присуствувале 103 лица од кои дел биле вработени на Клиниката.

– Во домашна изолација се 64 здравствени работници од Клиниката за кожни болести и 24 пациенти од кои 11 биле хоспитализирани на Клиниката, а 13 се лекувале во Дневната болница. Клиниката ќе биде затворена 14 дена, а директорката ќе биде суспендирана, бидејќи не се пријавила кај службите дека се вратила од Италија. Се чекаат резултати од тестирање на коронавирусот за осум лица, кои немаат поврзаност со заболената директорка, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека одговорност ќе има апсолутно за секој кој нема да се придржува до пропишаните мерки.

-Во таа смисла повторно апелирам до сите на кои им е препишана мерката домашна изолација доколку патувале во ризичните региони да внимаваат на мерките и да се придржуваат до сите мерки што веќе неколку недели по ред, неколкупати на ден ги повторуваме, а загрозувањето на јавното здравје е многу сериозен прекршок. Никој нема да биде поштеден од одговорност. Сакам да повикам на разумност, сакам да повикам на максимално почитување на апсолутно сите препораки, рече министерот Филипче.

Директорката, како и останатите заболени од коронавирус, е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести, а за нејзиниот случај Филипче изрази огромно разочарување во контекст на непочитување на препораките и апелите за задолжителната автоизолација после секое патување во ризичните региони.

– Нејзината здравствена состојба е иста, како и здравствената состојба на двајцата сопружници со коронавирус кои се претходно хоспитализирани, и е стабилна, има лесна клиничка слика, додека првозаболената е во практично целосно стабилизирана состојба. Ќе се направи контролниот тест по што ќе се одлучи дали ќе биде отпуштена од болница, рече Филипче.

Тој најави дека најверојатно ќе биде затворено и Одделението за кожни болести во Штип, затоа што сите лекари присуствувале на симпозиумот во Скопје. Со оглед дека е најавено и затворање на Клиниката за кожни болести во Скопје, потенцира министерот за здравство. Пациентите кои треба да бидат прегледани ќе бидат преупатувани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Тројцата членови на семејството на сопружниците од Дебарско, кај кои исто така е констатирано присуство на Ковид-19 од 7 март биле во домашна изолација со решение на ДСЗИ, а од синоќа се хоспитализирани и лекувани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

На коронавирус се негативни: лицето кое на 26-ти минатиот месец престојувало во Бугарија, неговата сопруга, патникот од Сингапур, наш државјанин кој пред три дена се вратил во земјава, едно лице од Гевгелија и едно од Дебар.

Во меѓувреме, најважно е тоа што граѓаните треба да ги почитуваат препораките, не треба да патуваат во Италија каде има најголем број заболени во Европа, треба да одржуваат лична хигиена и сериозно да ги сфатат секојдневните апели за самоизолација по доаѓање од ризичните региони каде има заболени од коронавирус. При влез на граничните премини граѓаните треба да кажуваат точни податоци, а ако имаат симптоми треба да ги информираат епидемиолошките служби.

Филипче вчера потенцира дека доколку се утврди непочитувањето на сите препораки кои ги усвои Владата, апелите за неодржување масовни собири на кои се очекуваат гости од странство, автоизолација после доаѓањето од ризичните региони, како и доброто спроведување на веќе препорачаната мерка со здравствен надзор и самоизолација, ќе бидат преземени најостри мерки на санкционирање.

– Секој кој доаѓа од ризичен регион доколку на граница нема симптоми, тоа е тој најризичен стадиум на болеста, на инкубација кога нема симптоми, а веќе имало контакт со заболен, мора да остане во автоизолација 14 дена. На тој начин го штитиме сопственото здравје, здравјето на нашите најблиски, на сите граѓани. Мора да имаме одговорност кон колективното здравје, рече Филипче и додаде дека не можат да ги затворат границите, ниту една земја во Европа тоа го нема направено и тоа е невозможно.

Во мешувреме, поради брзото ширење на коронавирусот од вчера цела Италија е таканаречено „заштитено подрачје” и движењето на луѓето е строго ограничено. Во Италија моментално има 7.985 заразени лица, а 462 лица починаа поради коронавирусот. Само вчера се потврдени 1.592 новозаболени од Ковид-19.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ