• Latest

Денеска ќе биде разрешена директорката на Клиниката за кожни болести

March 10, 2020

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Денеска ќе биде разрешена директорката на Клиниката за кожни болести

Директорката, која беше позитивна на тестирање за корона вирус по патување во Италија, поради непочитувањето на препораките на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје доведе во опасност најмалку 200 лица. Истовремено, поради контакт со неа, во изолација е целокупниот персонал на скопската клиника за кожни болести, како и персоналот од Одделението за кожни болести од штипската болница.

March 10, 2020 15:23
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе денеска ќе биде разрешена директорката на Клиниката за кожни болести најави министерот за здравство Венко Филипче на вонредна пресконференција. Директорката, која беше позитивна на тестирање за корона вирус по патување во Италија, поради непочитувањето на препораките на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје доведе во опасност најмалку 200 лица. Истовремено, поради контакт со неа, во изолација е целокупниот персонал на скопската клиника за кожни болести, како и персоналот од Одделението за кожни болести од штипската болница. Филипче соопшти дека Министерството за здравство прави список на дерматолози кај кои во оваа ситуација ќе може да се обратат пациентите.

Директорката може да биде разрешена од функцијата, иако е предизборен период, бидејќи ги прекршила етичките правила на однесување, утврдила Антикорупциската комисија.

– Денеска разговарав со претседателката на Државната комисија за спречување корупција, која ме извести дека кога има ваква итност, може тоа да се направи, и ние тоа веќе денес ќе го направиме. Истовремено ќе назначиме в.д. директор бидејќи, иако во клиниката нема работен процес, некој треба да ги извршува тековните административни работи, појасни Филипче.

Заразената директорка може да добие само јавна опомена од Лекарската комора, соопшти денеска професионалното здружение на лекарите, но не и одземање на лиценцата.

Оттаму велат дека во Законот за здравствена заштита не е предвидена мерка за загрозување на јавното здравје, туку дека тие мерки се предвидени во Кривичниот закон, па согласно тоа Комората може да постапи само по одлука на Судот.

Во исто време, Основното јавно обвинителство за медиумите изјави дека се уште е рано за кривично-правна интервенција за директорката која заразена со корона вирусот пет дена одела на работа, затоа што не се знае дали заразила некого или не.

Ова дело се однесува на членот 205 од Кривичниот законик – „Тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“.

Од обвинителството додаваат дека директорката не може да се гони по членот 206 каде е предвидено дека „тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“, затоа што во земјата не е прогласена епидемија.

Покрај овие два члена од Кривичниот законик, однесувањето на директорката може да се опфати и со следните членови:

  • ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ОПШТА ОПАСНОСТ, Член 288 – Тој што со пожар, поплава, експлозија, отров или отровен гас, јонизирачко зрачење, моторна сила, електрична или друга енергија или со друго општоопасно дејствие или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
  • ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ, Член 353 – Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.
  • НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА, Член 353-в – Службено лице или одговорно лице во јавно претпријатие или јавна установа кое со повреда на законските прописи за судир на интересите или за совесно постапување при вршењето на дискреционо овластување, со пропуштање на должен надзор или на друг начин очигледно несовесно постапува во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
  • ИЗЛАГАЊЕ НА ОПАСНОСТ, Член 134 – Тој што друг ќе остави без помош во состојба на опасност за животот, која самиот ја предизвикал, ќе се казни со затвор од три месеци до три години. Ако лицето изложено на опасност поради тоа го загуби животот или е тешко телесно повредено или здравјето му е тешко нарушено, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.

Кривичниот законик предвидува и дека ако поради делото од членот 205 некое лице е тешко телесно повредено или здравјето му е тешко нарушено, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.

Исто така, во членот 38-б, е предвидено дека судот може на сторителот на кој му изрекол казна затвор или условна осуда со која е утврдена казна затвор да му забрани вршење на определена професија или дејност, на должности или работи сврзани со стекнување, располагање, користење, управување и ракување со имот или за чување на тој имот, ако ја злоупотребил својата професија, дејност или должност заради извршување на кривично дело и ако врз основа на природата на извршеното дело и околностите под кои е сторено може да се очекува дека таквата дејност ќе ја злоупотреби за повторно вршење кривично дело.

Во став 3 од овој член е предвидено дека кога на сторителот му е изречена казна затвор во траење од најмалку шест месеци се пропишува задолжително изрекување на забраната заедно со казната затвор.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ