„Првата пациентка со корона вирус денеска заминува на домашно лекување“, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2338153646491655
На 26 февруари беше регистриран првиот случај на КОВИД – 19 во земјава. По лекувањето на Клиниката на инфективни болести во Скопје, пациентката беше по втор пат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација.
„Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина. Петте пациенти кои се лекуваат во дебарската болница се во добра здравствена состојба. Во текот на ноќта нема нови лица тестирани на корона вирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар“, соопшти Филипче.












