Штипјани преку транспарент поставен на мостот во центарот на градот, им се заблагодарија на текстилните работнички за нивната посветеност и хуманост за тоа што за еден ден успеале да сошијат 1.000 заштитни маски, како мерка за спречување на ширењето на корона вирусот.
„Со овој мал гест сакаме да се заблагодариме на сите текстилни работнички во градот за нивната одговорна работа и одржувањето на економијата.
Благодарност и до пожарникарите, комуналните и кожарските работници.
Даваме сè од себе за да ги направиме јавните простори безбедни за сите“, објави на Фејсбук градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.