• Latest

Светски ден за борба против туберкулоза, имаме континуиран пад на бројот на заболени

March 24, 2020
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Светски ден за борба против туберкулоза, имаме континуиран пад на бројот на заболени

March 24, 2020 09:34
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во 2019 година во нашата земја биле регистрирани 199 случаи на туберкулоза со што Република Северна Македонија за прв пат се вбројува во земјите со ниска стапка на инциденца на туберкулоза, информираат од Институт за белодробни заболувања и туберкулоза по повод 24 Март – Светскиот ден за борба против туберкулоза.

Стапката на смртност од туберкулоза во 2019 година е 0,2/100 000 и е најниска стапка на смртност забележена досега.

Светскиот ден на туберкулозата се одбележува на 24 март секоја година и има за цел подигнување на свесноста за оптеретеноста со туберкулоза во целиот свет,  да се потенцираат можностите за превенцијата и за контрола на болеста која се уште претставува проблем од огромни размери во поголем дел од светот.

Светската здравствена организација годинава го одбележува овој ден под мотото „Време е за акција за крај на туберкулозата“ и се оддава посебно признание на улогата и на медицинските сестри и акушерките во дијагностицирањето, лекувањето и превенирањето на туберкулоза и затоа тие се во центарот на вниманието на кампањата

– Во Република Северна Македонија се применуваат најновите стандардни за дијагностицирање, лекување и превенирање на туберкулоза, кои се инкорпорирани во националната стратегија за контрола на туберкулоза 2018-2022 година базирана на Целите за одржлив развој и глобалната стратегија на Светската здравствена организација насловена како „Крај на туберкулоза до 2030  година”. Благодарение на усогласените активности и мерки за контрола на туберкулоза во нашата земја, од 2002 година до денес бележиме континуирано и постепено намалување на  бројот на заболени од туберкулоза, се наведува во соопштението од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.

Од туберкулоза, стои во соопштението од Институтот, се уште почесто заболува машката популација околу 65 проценти  и младите на возраст од 25-45 години, додека од вкупниот број на регистрирани околу шест проценти се деца на возраст од 0-14 години.

– Во 2019 година 90,5 проценти од болните се новозаболени, а 9,5 отсто се лица кои повторно се лекуваат од туберкулоза. Најчеста локализација на болеста е белодробната. Појавата на резистентни и мултирезистентни форми на туберкулоза во РСМ е под контрола иако повремено се регистрираат варирања во бројот на откриените соеви на резистентни бактерии: сепак во 2019 години регистриран е само еден случај со МДР ТБ и еден случај со Рифампицин резистентана туберкулоза што покажува тенденција кон намалување во споредба со претходните години, се вели во соопштението од Институтот.

Од 2007 до 2018 година регистрирани се вкупно седум болни со туберкулоза меѓу ХИВ позитивните лица, а во 2019 година регистриран е само еден случај на ТБ/ХИВ.

Туберкулозата е болест поврзана со социјални детерминанти, лоши услови на живеење и затоа особено внимание се посветува на контрола на болеста меѓу ризичните, вулнерабилни групи, како што е популацијата во казнено поправните установи, психитриските болници, ромската популација.

Бројот на болни од туберкулоза во казнено-поправните установи во 2019 година е намален во однос на претходните години и  изнесува  два случаи. Во психитриските болници во 2019 година откриени се три слуачи со туберкулоза. Меѓу ромската популација бројот на новооткриени случаи со туберкулоза не се зголемува и е идентичен со 2018 година -16 лица.

Превентивната програма за контрола на туберкулозата кај населението во нашата земја за 2019 година е финансирана од Министерството за здравство и предвидува реализирање на поголем број на активности за дијагностика, лекување и превенирање на туберкулоза.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ