• Latest

Речиси две милијарди луѓе во изолација, СЗО – пандемијата се забрзува

March 24, 2020

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025

Предвремените претседателски избори во Република Српска ќе бидат распишани најдоцна следната седмица

August 25, 2025

Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

August 25, 2025
Фотгорафија: Touch Of Light/Wikimedia

Пентагон: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје

August 25, 2025
Ерол Ризаов

Како да ги препознаете лагите

August 25, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Четири новинари меѓу 15-те загинати во израелскиот напад врз болница, велат официјални лица од Газа

August 25, 2025

Њујок Тајмс: Дали Украина ќе се откаже од Донбас?

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Речиси две милијарди луѓе во изолација, СЗО – пандемијата се забрзува

March 24, 2020 11:43
in ВЕСТИ, КОВИД-19, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Со повеќе од 1,8 милијарди луѓе во изолација, над 16.500 смртни случаи и здравствени системи на неколку земји што се на раб на колапс, пандемијата Ковид-19“ продолжува да се забрзува и сее паника низ целиот свет.

Пандемијата се „забрзува“, но нејзиниот тек може да се измени, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи ги државите да „напаѓаат“ со тестирање на сите случаи и со карантин за сите оние кои биле во близок контакт со нив .

Вкупно 10.000 смртни случаи се во Европа во почетокот на неделава, повеќето од нив во Италија (околу 6.000) од вкупно скоро 185.000 заразени, а оваа бројка е несомнено под реалната бројка.

После неколку недели отпор, британскиот премиер Борис Џонсон конечно вчеравечер објави дека населението мора да остане во своите домови најмалку три недели во Велика Британија.

Во Русија, затворањето на сите образовни институции стапи на сила оваа недела. Московјаните постари од 65 години се принудени да останат во своите домови. Здравствените системи, вклучително и оние во најразвиените земји, се на раб на експлозија.

Симболична фотографија за состојбата е лизгалиштето во Мадрид, претворено во мртовечница: властите беа принудени да го земат просторот за да стават тела во ден со скоро 500 мртви за 24 часа. Шпанија е втора најпогодена земја во Европа со вкупно 2.182 смртни случаи и повеќе од 33.000 заразени.

Европската унија донесе одлука без преседан: го суспендираше Пактот за стабилност и раст, што значи дека ги олабави строгите правила за буџетска дисциплина.

Дури и Германија, која е секогаш на браникот на буџетското штедење, одлучи да ги укине уставните ограничувања на јавниот дефицит за да ги забрза стотиците милијарди евра потребни за да се одржи економијата. Со тоа што владата смета на „рецесија од најмалку 5 проценти“ за 2020 година.

САД ќе ги „отворат“ своите деловни пазари „многу скоро“, рече претседателот Доналд Трамп. „Америка наскоро ќе се отвори за бизнис. Многу наскоро. Многу порано од три или четири месеци, како што некои посочија. Многу порано. Не можеме да дозволиме лекот да биде погубно од проблемот“, рече американскиот претседател на брифингот во Белата куќа .

И покрај фактот дека Федералните резерви (ФЕД) најавија голема помош за компаниите, светските пазари останаа немилосрдни: Индексот Дау Џонс падна на најниско ниво од ноември 2016 година, а „потонаа“ и европските берзи.

Но, денеска утрото берзата во Хонг Конг забележа раст од повеќе од 3 проценти.

Властите на Њујорк, градот во кој се наоѓа Волстрит, симбол на американскиот пазар на пари, ги повикаа сите жители да останат во своите домови, откако градот стана центар на епидемија во САД со 12.000 заразени (речиси третина од сите случаи во САД) .

И неколку африкански држави од синоќа почнаа со спроведување на мерка изолација во домовите, како што е Јужна Африка, земја која е најтешко погодена од Ковид-19 на континентот, а властите дури испратија трупи на улиците на главниот град Јоханесбург.

Вонредна состојба и полициски час има во Сенегал и Брегот на Слоновата Коска. Мерки за делумно изолирање беа воведени во Алжир, главниот град на истоимената држава и регионот на Блида, што е најтешко погодено. Мерките за изолација се прогласени во главниот град на ДР Конго, и двата најголеми града на Мадагаскар, Антананариво и Тоамасина.

„Сите жители на Абуџа и Лагос мора да останат во своите домови“, напиша нигериското претседателство до жителите на главниот град, односно најнаселениот град во таа земја.

Ваквите мерки се исклучително сложени во Африка и малку се почитуваат бидејќи многу жители на тој континент треба да одат на работа за да преживеат.

Нови 78 нови случаи на инфекција со коронавирусот има во Кина, претежно увезени случаи од странство, а Кина стравува од нов бран на инфекција.

Здравствената комисија во покраината Хубеи денеска објави дека ќе ги укине сите ограничувања на патувањата, пристигнувањата и поаѓањата кон покраината почнувајќи од среда, 25 март, со исклучок на главниот град на провинцијата, Вухан, кој беше извор на пандемијата на коронавирусот.
Жителите на Вухан, градот од каде се појави вирусот во декември 2019 година, добија дозвола да се вратат во полно работно време, а знак на закрепнување е дека јавниот превоз ќе го продолжи сообраќајот по два месеци суспензија.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ