Вкупно 69 граѓани на Северна Македонија се враќат од Словенија и Турција со организиран превоз од Министерството за надворешни работи, а истите ќе бидат сместени во задолжителен карантин. Превозот ќе биде спроведен со автомобили, а операцијата е реализирана во соработка и подршка од земјите во кои транситирале.
„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека во соработка со МНР на Република Словенија, словенечкиот Кризен штаб и словенечката полиција, утрово организираше враќање на 42 македонски граѓани во својата земја, со 16 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата“, известија од МНР.
Исто така денеска со автобуски превоз е организиран враќање на 27 македонски граѓани од Истанбул. Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон словенечките, хрватските, српските, турските и бугарските власти за непречениот транзит и солидарноста.
А. З.