• Latest

Ковид-19, реверзија на нација-држава или глобалната (не)солидарност?!

March 27, 2020

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025
Меѓународна конференција Одбрана на демократијата - Воведен панел „Борбата на Украина – Иднината на Европа, нашата заедничка реалност: Лекции и следни чекори“(Фото ЦИИВЛ)

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ковид-19, реверзија на нација-држава или глобалната (не)солидарност?!

March 27, 2020 12:40
in ВЕСТИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува ФРОСИНА РЕМЕНСКИ

Книгата на јапонскиот професор Кеничи Охмеи „Безграничен свет“, на почетокот на 90-тите години на минатиот век, веднаш по падот на Берлинскиот ѕид беше класика во теоријата на глобализацијата. Овој врвен јапонски професор книгата за „светот без граници“ ја напишал во период кога: Јапонија беше докажана суперсила во три важни области – технолошката, индустриската и финансиската; кога Кина е докажана демографска суперсила и на прагот да стане воено-технолошка и космичка суперсила; кога Русија е докажана втора ракетно-нуклеарна и космичка суперсила; кога Ватикан и Саудиска Арабија се двете верски суперсили (Саудиска Арабија е единствена пертолејска суперсила); кога САД е докажана, комплетна воена, воено-технолошка, финансиска, информатичка, ракетно-нуклеарна и космичка суперсила; кога ЕУ е докажана стопанска, економска и финансиска суперсила.

Но, триесет години по оваа категоризација на државите во светот според клучните елементи на моќ на државите, во време на светската пандемија од вирусот Ковид-19 и економските прогнози и категоризации по пандемијата, Кеничи и другите геополитички стратези и аналитичари би нацртале нова карта на светот, според елементите на моќ.

Пандемијата од Ковид-19 полека но, сигурно ќе ги стави на тест теориите на глобализацијата и ќе ги тестира теориите за нациите-држави, за кои многумина сметаат дека се одлика на почетокот на минатиот век и дека, „не фаќаат корен“ на глобалната почва на овој век и трендовите на се поголемо пристапување на државите во економски, финансиски, воени и политички сојузи.

По Ковид-19 како одмазда ги врати границите, државите членки на големите сојузи (ЕУ) и сите останати длабоко ги исцртаа своите граници, дури и помеѓу своите најдобри соседи; воведоа невидени рестрикции за влез-излез на своите граѓани и странци, забранија извоз на свои национални производи, зајакнаа контроли на границите – со еден збор, во оваа вонредна состојба националните влади се свртеа кон своите национални организациски и финансиски сили и емоционални врски кои за време на оваа криза покажаа дека се посилни од глобалните.

Пандемијата ја разобличи кршливоста на глобалните ланци на снабдување со медицински и други материјали. По пандемијата, верувам дека, ниту една држава која носи епитет на некаква суперсила, нема да прифати ситуација во која ќе увезува поголем дел од виталните медицински материјали и ќе предложат и поттикнат развој и производство со ограничен извоз. Размислите за овој „нов концепт“, во еден дел ќе биде одговор на (не)солидарноста во борбата против пандемијата и напуштањето на „заедничкиот одговор“ на пандемијата. Ова е се поверојатно, ако се има во предвид дека, од страна на Германија, Русија и Турција се воведоа ограничувања за продажба во странство на заштитна опрема, вклучувајќи маски и респиратори. Индија исто така има ограничен извоз на одредени лекови и фармацевтски состојки. Други земји, како Франција, се префрлија на заштитната опрема од залихи, но не наметнаа ограничувања за извоз. Питер Наваро најжестокиот протекционист во Белата куќа, тврди дека вирусот демонстрира дека, „во глобална итна здравствена состојба, САД се сами“, потенцирајќи дека, 97% од сите антибиотици во САД се увезуваат од Кина.

Заживувањето на нацијата-држава ќе се лизне во неконтролиран национализам, што ќе доведе до падови во глобалната трговија и приближно напуштање на меѓународната соработка во форма пред почетокот на пандемијата на Ковид-19. Во најлошите сценарија спаѓаат колапсот на ЕУ и пропаѓањето на односите меѓу САД и Кина што може да кулминира во војна која одамна „вербално се води“ (реториката на Трамп за „кинескиот вирус“ и заразата што ја донеле „американските војници“ во Вухан).

Но, ајде да се вратиме на европско тло и да видиме како Стариот континент се справува со тестирање на концептот „Европа без граници“, наспроти концептот на нација-држава. Ако се набљудува исходот од четврточната видео-конференцијата на водачите на ЕУ забележливо е тоа што, не успеаја да се согласат да го споделат долгот за кој сите се борат против „Ковид-19“. Германската канцеларка Ангела Меркел која е во самоизолација отворено призна дека постои „дисхармонија околу финансиските инструменти“ и се согласија сите, министрите за финансии на земјите членки „за две недели да ја истражат оваа тема“.

За обичните луѓе, исплашени за своето здравје, безбедноста на своите најблиски, грижејќи се за нивната закупнина и за хранење на семејството откако ќе се затвори бизнисот, идејата дека, лидерите на Европа поминаа шест часа во четвртокот навечер, расправајќи за формулацијата на заклучоците од самитот со кој се одложува клучната одлука за фондовите на Ковид-19, веќе е прилично неразбирлива. Шпанија и Италија – опустошени од ефектите од вирусот врз нивното население и нивните ограничени јавни финансии – беа длабоко разочарани. Италија и до сега важеше за една од најпознатите евроскептични земји-членки на ЕУ пред пандемијата на Ковид-19. Италијанскиот Твитер беше преполн со написи во четвртокот – и тоа беа само натписите од политичарите. Во европските кругови се зборува дека, претседателот на Франција Емануел Макрон, предупредил дека, пандемијата кој ќе предизвика длабока економска криза може да го навести крајот на ЕУ. Како што се засилува кризата – и финансиските и медицинските ресурси стануваат сè поретки – притисоците врз европската солидарност ќе растат.

Пандемијата на Ковид-19 уште еднаш, многу понагласено ги истакна воочените тешкотии на ЕУ во справувањето со кризите (рецесијата во 2009 и мигрантската криза 2015/2016). Воочлива е „тензијата“ помеѓу централизираната моќ во Брисел, наспроти зачувување на правото на носење одлуки во националните влади / парламенти. Јавното здравство, на пример, е национална надлежност, затоа видовме различни земји од ЕУ кои преземаат различни национални мерки за да ги ублажат ефектите на Ковид-19, секако со следење на глобалната рамка со препораки на СЗО. Кога станува збор за економија, кога побогатите земји како Холандија и Германија ги слушаат зборовите „делење на долгови“ или „солидарност“, тоа нивните гласачи го разберат како – „побогатите земји на ЕУ во северна Европа, треба да ја платат сметката за посиромашните на југот“.

Пандемијата на Ковид-19 ги потенцира и ги влошува сериозните тешкотии на сегашната структура на ЕУ. Разбирливо, земјите членки на ЕУ се свртуваат навнатре, фокусирајќи се на самите себе и на своите граѓани наместо да работат преку ЕУ за да го контролираат појава на епидемија. Не може да биде појасно дека, на Брисел му недостасуваат алатки и политичка волја за ефикасно да им се помогне на земјите-членки на кои им е потребна помош или делуваат како движечка сила во координирањето на глобалниот одговор. Ковид-19 ја фрли на колена Италија. Пандемијата ги надмина капацитетите на нејзиниот здравствен систем, предизвикува илјадници смртни случаи и ја прекина економската активност. Шпанија е на истиот пат, со дополнителни, специфични политички состојби. Но, ова не е само лошо за Италија. Италија е четврта по големина економија во Европа и членка на еврозоната. Колапсот на БДП на Италија би се заканувал на опстанокот на еврото, бидејќи трошоците за финансиска помош би биле астрономски, ако се има во предвид грчката должничка криза во 2008 година и ако се знае дека БДП на Италија е за 10 пати поголем од грчкиот. Ваквиот колапс би бил погубни за целата ЕУ и глобалната економија.

Економските аналитичари сметаат дека, додека Европа создаваше заедничка монетарна политика, таа никогаш не создаде заедничка фискална политика, што се покажа како клучен приоритет на кој требаше да се работи по економската криза од 2008 година.

Но, сепак за време на пандемијата се ЕУ се согласи да направат заедничка нарачка на вентилатори, да ги затворат границите на Шенген (ги затворија и националните граници); заедно со остатокот од групата богати земји Г-20, ЕУ се согласи да инвестира во потрагата по вакцина против Ковид-19 која ќе биде достапна низ целиот свет; Од економска страна, водачите на ЕУ се согласија да им дозволат на владите слобода да нудат бизниси во неволја заради корона вирусот – фрлајќи ги од прозорецот нормално строги правила за државна помош на ЕУ. Европската комисија, исто така, привремено ги суспендира правилата на еврозоната за владиниот долг, дозволувајќи им на земјите-членки да го потрошат она што им е потребно за да го преживеат појава на епидемијата што е можно подобро. Европската централна банка објави пакет за спасување од 750 милијарди евра, изјавувајќи дека „нема ограничувања“ за нејзината заложба за зачувување на еврото. Велат дека постои „широк договор“ меѓу земјите на ЕУ да се користи Европскиот механизам за стабилност, воспоставен во 2012 година, по финансиската криза, како фонд за итни случаи на криза со Ковид-19, иако нема јасни услови за добивање на средствата.

Европската комисија и да и ги дадеме фискалните средства потребни за соодветно реагирање. ЕУ треба да може да обезбеди насочена помош, да стекне резерви и да ги координира напорите за помош. Во моментов, тоа не го прави ова, а државите како Кина ја пополнуваат празнината. Овој главен удар на јавната дипломатија при испраќање помош во Италија е целосно забележан од италијанската јавност. ЕУ треба да го исполни хуманитарниот простор. Треба европските граѓани да веруваат дека да се биде дел од унијата им помага – не ги спречува – во оваа криза.

ЕУ треба да биде во првите редови на координирање на глобалниот одговор во борбата против Ковид-19. Корона вирусот е глобална пандемија и ЕУ треба да игра водечка улога, дури и надвор од нејзините граници. Глобалниот одговор на финансиската криза во 2008 година во голема мерка беше управуван и координиран преку Г-20, со тогашниот британски премиер Гордон Браун и американскиот претседател Барак Обама како движечки сили. Соединетите држави и ЕУ би можеле да го следат овој пример, соработувајќи како дел од поширокиот економски и хуманитарен одговор што ги штити споделените либерални вредности. За жал, одговорот на владата на САД на пандемијата е бавен, а Соединетите држави најверојатно нема да ја играат водечката улога што светот традиционално гледаше да ја игра. Како нов епицентар на ширењето на вирусот, Европа би можела да игра многу значајна улога во помагање на другите земји и региони да научат лекции за тоа што работело и што не, координирајќи ја дистрибуцијата на материјали и третмани и да се обезбеди правилен баланс помеѓу заштитата и слободата. Европа треба колективно да биде светски лидер. Ковид-19 е глобална криза на која ЕУ е добро сместена, за да помогне во координирање на одговорот. Глобалниот одговор на пандемијата не носи багаж на традиционално тешки безбедносни проблеми или не допира до државниот суверенитет на чувствителен начин со кои често се мери таквата глобална акција од Брисел.

Ковид-19 е тест за ЕУ и за сите нејзини членки. Доколку не успее да ги надмине тешкотиите воочени во минатите кризи, реакционерните сили ќе се обидат да ја искористат политичката предност и да ја искористат оваа криза за демонизација на ЕУ и можеби ќе повикаат на нејзино напуштање. По финансиската криза во 2008 година, Брексит и подемот на екстремната десница, многумина предвидоа паѓање на ЕУ. Сите треба очајно да сакаме ЕУ да преживее.

Кога ќе помине пандемијата, ќе бидат укинати најекстремните бариери за патување и движење на луѓето. Но, малку е веројатно дека ќе има целосна реставрација на глобализираниот свет, како што постоеше пред Ковид-19. Државата нација прави кам-бек, поттикната од оваа вонредна криза. Ќе расте скептицизмот околу отвореноста на пазарот на труд за работна сила од странство, заради економските последици и губењето на работните места за време на пандемијата. Тоа значително ќе ја намали миграцијата, а во одредени земји со силно изразена ксенофобија, може да значи и безбедносна криза, доколку мигрантскиот/бегалскиот бран од завојуваниот исток продолжи кон Европа. Националните држави во услови на економска криза, иако повикани на задолжувањата кои ќе наметнат остри мерки на штедење и пад на животниот стандард, ќе бидат приморани да поттикнуваат заборавени производствени гранки за да стимулира регенерација на економијата и да поттикне суфицит во производство на храна, за да може и да извезува.

Пост-пандемската рецесија во наезда на критиките за глобалната (не)солидарност на сојузите ќе поттикнат движења и „пријателства“ кои беа незамисливи пред пандемијата на Ковид-19. Пукнатините на тие глобални системи од кои зависи опстанокот на истите, ќе го пополнуваат државите (суперсили) кои во времето на глобализација беа во „изолација“, а денес се гледа колку се тие всушност важна алка во тој ланец на функционална глобализација. Прераспределбата и репрограмирањето на капиталот и производството на мултинационалните компании ќе донесе рекатегоризација на државите според елементите на моќ во малку поинаков редослед за тоа кој е комплетна суперсила, делумна суперсила, голема сила и останатите.

Нашата држава во екот на оваа светска пандемија на Ковид-19, го дочека заокружувањето на своите стратешки цели – членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ. На големиот екран ја гледаме големата слика, од која заклучуваме дека, ние сме „мала плочка“ во овие големи тектонски движења кои ќе не поместуваат, толку колку што полесно ќе ја прифатиме сериозноста на овој „процес на тест“.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ