„Во соработка со UNICEF MK и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија отворени се дополнителни линии за психолошка поддршка наменети за родители и самите деца на училишна возраст“, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Отворени се три дополнителни линии за тинејџери и нивните родители, за родители на деца со попреченост – отворени од 9 часот до 16 часот секој работен ден и за деца на училишна возраст и родители на деца на предучилишна и училишна возраст – отворени од 9 часот до 19 часот секој работен ден.
А. П.