• Latest

Гошев: Ако не зема кредити, власта веднаш би колабирала!

February 16, 2016

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Гошев: Ако не зема кредити, власта веднаш би колабирала!

February 16, 2016 16:29
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Ексгувернерот на Народната банка на Македонија, Петар Гошев, кој беше еден од учесниците на денешната дебата за граѓанско општество и социјална правда, одговори на прашањата на ЦИВИЛ Медиа – до кога актуелната власт ќе може да ја задолжува државата со милиони евра секоја недела, според денешниот пример и новите 13, 3 милиони евра долг на домашниот пазар, и колкав е всушност, јавниот долг на Република Македонија?

[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=e4uz4DrCldE[/youtube]

ЦИВИЛ Медиа: До кога власта може да продолжи со седмичното задолжување на Македонија, секој вторник, и кое е вашето мислење, дали промената на методологијата за пресметување на јавниот долг, конечно ќе даде појасна слика колку е Македонија задолжена?

ГОШЕВ: Јас подолго време зборувам на оваа тема, оваа власт не може да функционира ако не се задолжува континуирано. Така го формира своето однесување и на тој начин ги добива изборите досега, заедно со фалсификатите коишто се констатирани. Така што, во моментот кога тие би престанале да земаат кредити, тие веднаш би колабирале! Би колебирала целата државна економска структура!

Затоа тие ќе продолжат да се задолжуваат, односно, да не задолжуваат нас граѓаните, сé до оној момент, додека не ги победиме, додека не си заминат од власта. И, се надевам дека тоа нема да биде многу доцна, дека тоа ќе биде брзо, за да не произведат од Македонија – нова Грција, во поглед на јавниот долг.

Она што власта го соопштува како јавен долг, јас зборувам повеќе пати, не е целокупниот јавен долг. Тие, какви што констатиравме дека се – лажговци и манипуланти, ако ги прашате и колку е часот, ќе ве излажат! Секој ден лажат во врска со вистинскиот износ на јавниот долг, затоа ја променија дефиницијата за да изгледа помал долгот, затоа јавното претпријатие за патишта од агенција го трансформираа во јавно претпријатие, за да изгледа помалку државниот долг.

Петар Гошев

Она што го покажуваат на веб-страницата на Министерството за финансии во овој момент – околу 48 отсто од бруто домашниот производ, тоа не е целиот јавен долг. Тоа е долгот на централната Влада и на општините, и оној долг од јавните претпријатија за кои што тие издале гаранција. Но, има и долгови за кои не издале гаранција.

Но, работата е што ни таа бројка, како стеснета дефиниција не е точна, затоа што долгот на централната Влада треба да ги вклучи и сите неизмирени обврски на Владата кон приватниот сектор, што ги должат, а го надминале денот до кој што морале да ги платат. Потоа, долговите на општините не се ни со пет проценти прикажани во вистинскиот износ, така што и таа бројка не е точна. И кога зборуваат за 48 отсто долг, а многу новинари таа бројка ја дисеминираат во јавноста, што со тоа се прави: се прифаќа лагата и со тоа, исто така, се дезинформира јавноста! Затоа што, во овој момент, јавниот долг на Република Македонија не е помалку од 50, 55 проценти сигурно, ако се соберат сите компоненти според дефиницијата на Меѓународниот монетарен фонд и на Светската банка

Tags: интервјујавен долгнародна банкаПеро ГошевЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ