• Latest

ФИТР: 203 стартапи продолжуваат во следна фаза на јавниот повик Стартапувај 2 – ќе се направи и проценка на ризик врз бизнисот од Ковид- 19

April 10, 2020

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025

Инспектор од Струмица пукнал во полициска станица откако добил отказ!

October 27, 2025

Пет дена до изборниот финиш! Мицкоски со критики до Рамадани, Филипче најави „чистка“ во СДСМ

October 27, 2025
Скриншот од видео на WION

Украински дронови ја нападнаа Москва во текот на ноќта, пријавени експлозии во повеќе делови од градот и околниот регион

October 27, 2025
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025
Фото: Полициска управа на Црна Гора

Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција откако синоќа беше претепан и избоден жител на Подгорица

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

ФИТР: 203 стартапи продолжуваат во следна фаза на јавниот повик Стартапувај 2 – ќе се направи и проценка на ризик врз бизнисот од Ковид- 19

April 10, 2020 13:06
in ВЕСТИ, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 203 од 235 стартап компании кои аплицираа на вториот јавен повик „Стартапувај 2“ на Фондот за иновации и технолошки развој и Светската банка ја поминаа фазата на административната проверка и преминуваат во претселекција. Фокус на овој инструмент се младите, а целта е поттикнување на истражувачките и развојните процеси за нови бизниси, со потенцијал за повисока додадена вредност.

Овие компании, како што информираат од Фондот за иновации и технолошки развој, планираат инвестиции во вкупен износ од 7,3 милиони евра, од кои над 1,6 милиони се сопствени средства, а останатите се побаруваат од Фондот и Светската банка. Побаруваниот износ е околу 4 пати повисок од предвидениот обем на средства за јавниот повик.

Од овие апликанти, 165 се нови, односно првпат поднесуваат предлог – проекти до Фондот, 33 аплицираат по втор или повеќе пати, додека само 5 се постојни корисници на средства на Фондот.

„Според анализите, овие компаниите планираат 563 нови вработувања за реализација на предложените проекти. Најголем дел од нив се микро (179) и мали (24). Доминантен е ИТ секторот, но апликации има и од 14 други области, меѓу кои маркетинг, трговија и продажба, медицина и здравство, како и угостителство, земјоделство и образование“, се вели во соопштението од ФИТР.

Во него се додава дека апликантите кои продолжиле во следната фаза се со регистрирани седишта во 23 града. Во најголем дел се од Скопје, но меѓу другите има и од Штип, Битола, Кавадарци, Струга, Тетово, Охрид, Неготино, Дебар, Кичево, Кратово, Крива Паланка, Свети Николе.

Фондот, како што информираат оттаму, во соработка со Светска банка, изготви и формулар за проценка на ризиците од актуелната криза со Ковид-19 и последиците врз бизнисите. Оваа мерка ќе помогне во прецизна проценка на потребите, а ќе овозможи и поддршка и брзо прилагодување кон изменетите пазарни услови за овие компании. Проценката на ризик и предложените мерки за прилагодување од самите компании ќе бидат и составен дел од натамошниот процес на евалуација и одлуката за доделување на ко-финансирање.

Процесот на претселекција, како следна фаза, ќе се реализира во целост согласно препораките за превенција и заштита од Ковид-19, а на истиот ќе бидат ангажирани дел од над 200 домашни стручни лица, организирани во 23 области. Конечната одлука за кофинансирање ќе ја донесе Комитетот за одобрување на инвестиции, составен од пет странски експерти, а согласно утврдените критериуми за оценка: степен на иновативност, квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим, пазарен потенцијал и влијание.

Мерката за проценка на ризикот врз бизнисот, со дефинирање на прецизни мерки за брзо прилагодување во новонастанатите услови на пазарот се проширува и врз апликантите од финалната фаза од Јавниот повик за технолошки развој – редовна постапка. Фондот, во соработка со Светската Банка и други домашни и меѓународни партнери работи и на натамошни мерки што треба да овозможат итна поддршка и брзо прилагодување на бизнисот, што ќе се презентираат во следниот период.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ